Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
МАКЕДОНИЈА ФУНКЦИОНАЛНА ФЕДЕРАЦИЈА. ДА, ПА ШТО.
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1





Quote:ОФАМАНАМАН: Факинг петинг митинг


БРАНКО ТИЧКОВСКИ

Предизвикот со кој денеска се соочува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е на нивото на оној пред кој биле исправени македонските комунисти кога во 1941 година решавале да ја вклучат земјата во антифашистичката епопеја на континентот и на светот. Јас, се разбира, не сакам да кажам дека таа партија, или некој друг, треба да го крене македонскиот народ на оружено востание, но знам, сосема добро знам, дека оној кој на историчноста на ситуацијата парира со лефтерни, бесмислени, сапунести, балончиња (" ќе ги гасифицираме општините и ќе им го олесниме животот на граѓаните..." ) со лигави фразетини смислени за време на депресивното отворање на денот, нема реална претстава за што тука станува збор или, пак, работата ја промашува на теренот на методите и на инструментите на борбата. Настојувањето на партискиот врв да добие непосреден увид во развојот на годинашнава реколта на зелената салата низ пластеничките тунели на струмичките земјоделци е параден гест чија смисла најдобро може да се види во трауматичниот пораз на Борис Тадиќ кој за време на предизборната кампања посети толку пластеници, фарми, градини и вински подруми колку што Црвенковски нема да може да посети во сите сто и дваесет изборни циклуси во колку (дознаваме од сигурни извори) планира да ја спасува Македонија како безалтернативен лидер на опозицијата. Јас, се разбира, не сакам да кажам дека походот по дворовите на луѓето кои добиваат силни болки меѓу нозете кога на хоризонтот ќе им се појави некој политичар, треба да се замени со февруарски или, можеби, со јулски поход, но знам дека струмичкиот терен моментално е изложен на едно интензивно и многу смрдливо просерување.

Опозицијата се однесува како бавно развивачки субјект кој со светот комуницира само врз основа на строго ограничени значења од бинарен карактер: ако е критикувана за неподносливата тишина што ја шири околу себе, таа мисли дека треба да организира галамџиски митинзи, ако и се каже дека не го чувствува ритамот на времето- таа мисли дека треба да прави повеќе прес конференции, ако и се каже дека нема врска со реалните интереси на народот- таа мисли дека треба да се симне на теренот и да му ги говори на обичниот човек истите работи кои тој одамна ги има протолкувано како лаги, ама пуста пристојност, им клима со главата и ја нуди новата тура на лажови со ракија, со локум или со младо сирење, кога ќе им кажеш дека не се доволно амбициозни- тие мислат дека е време да повикаат на уште едни избори што ќе ги загубат. Просто кажано: шампита врз која само лудакот може да реши да ја гради својата куќа.

Опозицијата не произведува нови емоции, а новите емоции кои се јавуваат по сосема други поводи, не е во состојба да ги артикулира. Не произведува нова вредност. Тоа значи дека нивото на општественото расположение е совршено индиферентно во однос на опозициските активности. На Македонија и е сеедно што прави Црвенковски. Опозицијата мора да ја осознае бесмислата на сегашниот формат. Тоа е клучниот момент. Мора да сфати дека единствениот фактор кој емитира енергија, нешто ситно гради (тротоари и жардињери и споменици) за да може да урива темели ( Македонија) е вемерето. И дека на тоа не може да се парира со бесмислени митинзи и со вознемирување на земјоделците ( Макрадули му се бапнал на некој непознат човек и спиел кај него) туку со идеја, со мисла, со став, со решеност, со ризик, со начитаност, со спремност за учење, со жртва... Значи, со се што го нема во нашата жална опозиција. Наместо елементарни информации за будењето на рудиментарните нивоа на свест за тоа тие емитираат информација дека Црвенковски и Жерновски разговарале за обединување, активност која врз општите процеси во Македонија може да влијае помалку отколку гаќите на Прометеј врз нивото на сексуалноморалната вознемираност на македонската жена.

Битката помеѓу помалото зло и поголемото зло во Србија заврши со победа на поголемото зло. Не затоа што поголемото зло беше посилно туку затоа што помалото зло си беше умислило дека релативната разлика со големото зло е императивен момент кој ќе ја истура народната воља врз ливчињата на неговата победа на сите избори до крајот на светот. Демократската партија и Борис Тадиќ сметаа дека тоа што се помало зло е сосема доволна компензација на фактот дека не се добри. Дури беа заклучиле дека не е добро да бидат добри. Битката меѓу доброто и злото во идејниот свет на практичните злотвори е библиска и фолклорна, таму се мисли дека за просечниот граѓанин на Србија доброто што нема нешто зло во себе е сомнителна работа и дека доброто и злото како апсолутни категории можат да се соочат само во надворешните аспекти на националната реализација при што надворешниот модернитет е тоа зло по дефиниција, а српската соборност, докмаќинлак и заостанатост се апсолутното добро. Освен тоа статусот на помало зло дава една речиси референдумска согласност да се краде и да се развиваат своите бизниси, својот клиентелизам, затоа што народот сака (не мора) да ги поднесува тие марифетлуци на власта во името на националните интереси и во името на самата иманентност на власта на која тој и се потчинува и вели дека не би и се потчинил ако не е таква. Така е тоа наталожено во културниот модел. Тоа не значи дека луѓето се нерациоанлни. Тие се однесуваат сосема рационално во царството на идиотите.

Клучниот момент се случи кога општото распаѓање и еден круг на интелектуалци успеаја да формираат мала, но сепак доволно влијателна маса луѓе, емоции и разум која почна да верува дека е сеедно дали Србија и луѓето во Србија ќе загинат од петте куршуми на големото зло или од двата куршума на помалото зло, односно дека идејата мора да биде злото како такво да се демистифицира и да се тргне дури и под услов во еден момент Србија да ја јавне големото зло. Да се разбие, значи, тој културен модел во кој се репродуцира една, не политичка елита, туку политичка класа ( Весна Пешиќ, Срѓа Поповиќ) за која приказната за големото зло и за малото зло е смисла и начин на постоењето, клинички центар за репродукција на меѓусебно поврзани злотвори за кои власта е тоа што поштенскиот воз од Глазгов до Лондон беше за Роланд Бигз.

Дури, би рекол, дека идејата не беше да се деструира постојната политичка понуда како криминална, туку да се испровоцираат драматични реконфигурации во идејата за политиката и за политиката како таква, за јавноста, за медиумите, за правото, за демократијата, за процедурата, за нормалноста. Тадиќ мислеше дека близината до националистичките визии ќе ги обесили неговите националистички напријатели, но се покажа дека таа определба им помогна на неговите националистички непријатели да го елиминираат него.

За добар дел од јавноста Црвенковски и СДСМ се помалото зло. Кое прави се, уште еднаш, по којзнае кој пат, да биде поразено од големото зло. Големото зло е продукт на малото зло. Малото зло му помогна на големото зло да се развие (деталите во некој нареден текст), малото зло го легитимира големото зло во игрите што му одговараат на големото зло. Малото зло не ја радикализира општествената перцепција и битка против големото зло туку ја анестезира, цело време ја анестезира, тоа не ја нагласува разликата со големото зло туку ја релативизира, од што почнуваат да се јавуваат сомнежите дека македонската политичка класа е завршен кастинг за филмот во кој драматичниот врв се случува во моментот кога станува јасно дека Бранко работи за Станко и дека, всушност, станува збор за иста особа.

Смислив за оваа прилика една програма. Ја продавам со сертификат во кој јасно стои дека без тие петнаесетина точки во овој своевиден манифест изборите немаат никаква смисла за народот и за опозицијата, а со тие точки изборите немаат никаква смисла за власта. Така дојдов до револуционерната платформа и разврска кои не се мој избор туку се неизбежна реакција на отсуството на каков и да е друг избор. Се што е под нивото на овој контекст е покриено од власта. Вемерето го има зафатено вецето на историјата и сере. Оваа ниво на перцепција може да е по една или друга линија проблематично. Не е само според една: под неговото ниво нема промена на власта.

1.

Политичката опција која претендира да биде власт мора да декларира и да гарантира дека ќе ги стави на дневен ред идејните, културните, политичките и сите други основи на Преродбата како нјаголема срамота низ која поминала Македонија со специјални акценти на сите аспекти на таа калварија сврзани со македонскиот народ, колку и да е деликатна дефиницијата на тој феномен.

2.

Новата власт како прв приоритет ќе ги отвори процесите на радикална и сеопфатна критика на македонското постоење и на македонското саморазбирање, на цела една културна револуција, колку и да се незгодни некои асоцијации сврзани со оваа синтагма.

3.

На трето место мора да дојде прашањето на идејната, политичката, партиската и персоналната одговорност за тоа што се случуваше во последните шест-седум години. Одговорност во најширокиот можен дијапазон, од морална и политичка до кривична и во најширок можен опфат на конкретни лица кои на помалку или повеќе сериозен начин се сврзани со идејата, со концептот и со реализацијата на Преродбата.

4.

Во рамките на оваа прашање задолжително ќе се разгледа одговорноста на вмродпмне со јасна интенција за трајна забрана на партијата, а во рамките на претходната точка посебно ќе биде нужно да се отвори дебата која ќе води во радикална културноисториска ревизија на митот за вмро. Имаме доволно историски факти и цел куп драматични и свежи искуства за да пристапиме кон темелна демонтажа на тој трагичен мит и на таа грандиозна лага.

5.

Новата власт ќе си земе за задача да ги испита сите правни аспекти на можното третирање на Преродбата како Злосторнички потфат на група бандити и на централната организација во ликот на вмродпмне како Злосторничко здружување.

6.

Новата власт мора да гарантира дека неодложно ќе пристапи кон санација на теренот односно кон елиминација на комплетната урбаноархитектонска и друга симболика од јавниот пејзаж, без пардон и без вишок на деликатност, преку физичко отстранување или пренамена и естетска и функционална адаптација на објектите за што ќе се обезбедат сите услови работата да ја добие најреномираната странска компанија што ќе се јави на меѓународен тендер, а може да се оди и на непосреден договор со врвни автори како што се Лебескинд (Сеул) или Заха Хадид (Кина).

7.

Програма за санација на економскосоцијалните последици од преродбеничкото цунами и темелна програма за економски развој, повторно со најблиски можни контакти со истакнати светски стручњаци, во што мора да доминира интенцијата да се смени односот кон одговорноста на поединецот за сопствената егзистенција.

8.

Демистификација на темата за името и ослободување на оваа тема од вишокот на значење. Македонија во најкраток можен рок (месец-два) се обврзува да понуди решение за името со додавање на географска одредница потпирајќи се притоа на ставот на САД и на Европа дека името на државата е проблем што треба да се реши. Можеме да се викаме Северна Македонија, а државата ќе декларира дека ако на светот тоа му одговара односно ако сака самиот себе да се заебава може да не вика како сака. Ако плати.

9.

Итна иницијатива на македонската етничка компонента за целосна рамноправност на албанскиот народ и за неограничени достапи до сите политички, културни, економски и институционални ресурси на државата. Некои ќе речат дека тоа ќе ја бутне Македонија на теренот на функционалната федерација. Да, па што.

10.

Иницијатива за решавање на спорните прашања со соседите при што прашањето на афтокефалноста на црквата може да се игнорира како бесмислено прашање, а спорните моменти со Бугарија ќе ги решаваме не врз база на некаква неразумна беневолентност или пораз туку врз основа на ревизијата на некои историски согледби кои на Бугарите ќе им дадат повеќе право отколку што ние сме спремни денеска ди им го признаеме.

11.

Откочување на евроатлантските интеграции. Конференција на која Македонија ќе ги прифати сите можни компромиси и ќе ги добие сите потребни гаранции.

12.

Нова дефиниција на таканаречените македонски национални интереси и на македонизмот како феномен. Со сите сили мораме да ја растуриме претставата која нас и нашите деца не товари со неподносливи хендикепи, фрустрации и со најниски можни шанси во животот, тука и, особено, во светот. Никакви мечкини камења и други гранитни одбрани, ниту Гоце ниту Јане ниту другите јунаци, не смеат ниту еден ден повеќе да го хендикепираат македонскиот човек оти ако го хендикепираат не се никакви јунаци туку се инструменти на ропството на еден народ.

13.

Не фаворизирање и глорификација на македонството туку неговата релативизација како клучен момент на опстанокот кој има смисла не како опстанок туку како квалитет на животот.

14.

Комплетна лустрација на сите што по политичкопратиска линија имале допир со општите работи во Македонија и според објективната и субјективната одговорност се виновни за невидената катастрофа.

15.

Политичка и институционална, идејна и културна, реконфигурација на Македонија врз критериумите на рационалноста и животот односно напуштање на митот како основа на политичката реализација.

Има ли кандидат за оваа програма или треба да го создадеме?



06-06-2012, 01:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Dame Chkatroski

eve jas se prijavuvam za 15 tocki
19 hours ago · Like



Quote:Dame Chkatroski

ne za lider ama ete da se vrtam nesto
19 hours ago · Like

Quote:Dame Chkatroski

9 tocka ne nosi do federalizacija,gresno e postavena
19 hours ago · Like


Quote:Stavre Temelkovski

A sto e problemot so Federalizacijata???Demek ke se pripoi kon Golema Albanija?E kaj ke odi tamu?Ako site parcinja od Balkanov odat za edno vo EU,ic oko ne mi trepka,dostajteb so tie stereotipi,golema vakva ,golema takva drzava,EU i NATO me interesira ,a FORMATKA kakva ke bide oko ne mi trepka....do k... veke so tie prikaski produkt na VODENIOT SUDIR NA SAVA I DUNAV aman ,pameten covek si barem ti Dame Chkatroski
13 hours ago · Like

Quote:Jordan Petrovski

Во членот 9 е најголемиот проблем и заблуда. Додека не се отргнеме од глупоста за права по етничка или верска основа, односно права на колективитети во Македонија ке нема демократија. Демократскиот свет познава само ИНДИВИДУАЛНИ ЧОВЕКОВИ ПРАВА И СЛОБОДИ. Само со почитување на идивидуалните права се гради правна, демократска и стабилна држава.
6 hours ago · Like



Quote:Dame Chkatroski

Stavre Temelkovski,vidi Tricko kako opisal i ne e tocno deka ke federalizirama ako dademe maksimalni prava.Na toa mislev
6 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski За да се демистифицира "митот" за ВМРО, ке мора да се одговори на основното прашање, на чии раце има повеке МАКЕДОНСКА КРВ. Дали на рацете на ВМРО од основањето до денеска или пак на рацете на левицата од јануарското советување 1904 година во Софија па до денеска.
Една битна напомена од 1992 година ДПМНЕ го узурпира името на ВМРО, од таа година договорот помеѓу двата субјекта, за 'здружување", постигнат во април 1990 година е неважечки.
6 hours ago · Like
06-06-2012, 01:18 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

(06-06-2012, 01:10 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:ОФАМАНАМАН: Факинг петинг митинг


БРАНКО ТИЧКОВСКИ

Предизвикот со кој денеска се соочува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е на нивото на оној пред кој биле исправени македонските комунисти кога во 1941 година решавале да ја вклучат земјата во антифашистичката епопеја на континентот и на светот. Јас, се разбира, не сакам да кажам дека таа партија, или некој друг, треба да го крене македонскиот народ на оружено востание, но знам, сосема добро знам, дека оној кој на историчноста на ситуацијата парира со лефтерни, бесмислени, сапунести, балончиња (" ќе ги гасифицираме општините и ќе им го олесниме животот на граѓаните..." ) со лигави фразетини смислени за време на депресивното отворање на денот, нема реална претстава за што тука станува збор или, пак, работата ја промашува на теренот на методите и на инструментите на борбата. Настојувањето на партискиот врв да добие непосреден увид во развојот на годинашнава реколта на зелената салата низ пластеничките тунели на струмичките земјоделци е параден гест чија смисла најдобро може да се види во трауматичниот пораз на Борис Тадиќ кој за време на предизборната кампања посети толку пластеници, фарми, градини и вински подруми колку што Црвенковски нема да може да посети во сите сто и дваесет изборни циклуси во колку (дознаваме од сигурни извори) планира да ја спасува Македонија како безалтернативен лидер на опозицијата. Јас, се разбира, не сакам да кажам дека походот по дворовите на луѓето кои добиваат силни болки меѓу нозете кога на хоризонтот ќе им се појави некој политичар, треба да се замени со февруарски или, можеби, со јулски поход, но знам дека струмичкиот терен моментално е изложен на едно интензивно и многу смрдливо просерување.

Опозицијата се однесува како бавно развивачки субјект кој со светот комуницира само врз основа на строго ограничени значења од бинарен карактер: ако е критикувана за неподносливата тишина што ја шири околу себе, таа мисли дека треба да организира галамџиски митинзи, ако и се каже дека не го чувствува ритамот на времето- таа мисли дека треба да прави повеќе прес конференции, ако и се каже дека нема врска со реалните интереси на народот- таа мисли дека треба да се симне на теренот и да му ги говори на обичниот човек истите работи кои тој одамна ги има протолкувано како лаги, ама пуста пристојност, им клима со главата и ја нуди новата тура на лажови со ракија, со локум или со младо сирење, кога ќе им кажеш дека не се доволно амбициозни- тие мислат дека е време да повикаат на уште едни избори што ќе ги загубат. Просто кажано: шампита врз која само лудакот може да реши да ја гради својата куќа.

Опозицијата не произведува нови емоции, а новите емоции кои се јавуваат по сосема други поводи, не е во состојба да ги артикулира. Не произведува нова вредност. Тоа значи дека нивото на општественото расположение е совршено индиферентно во однос на опозициските активности. На Македонија и е сеедно што прави Црвенковски. Опозицијата мора да ја осознае бесмислата на сегашниот формат. Тоа е клучниот момент. Мора да сфати дека единствениот фактор кој емитира енергија, нешто ситно гради (тротоари и жардињери и споменици) за да може да урива темели ( Македонија) е вемерето. И дека на тоа не може да се парира со бесмислени митинзи и со вознемирување на земјоделците ( Макрадули му се бапнал на некој непознат човек и спиел кај него) туку со идеја, со мисла, со став, со решеност, со ризик, со начитаност, со спремност за учење, со жртва... Значи, со се што го нема во нашата жална опозиција. Наместо елементарни информации за будењето на рудиментарните нивоа на свест за тоа тие емитираат информација дека Црвенковски и Жерновски разговарале за обединување, активност која врз општите процеси во Македонија може да влијае помалку отколку гаќите на Прометеј врз нивото на сексуалноморалната вознемираност на македонската жена.

Битката помеѓу помалото зло и поголемото зло во Србија заврши со победа на поголемото зло. Не затоа што поголемото зло беше посилно туку затоа што помалото зло си беше умислило дека релативната разлика со големото зло е императивен момент кој ќе ја истура народната воља врз ливчињата на неговата победа на сите избори до крајот на светот. Демократската партија и Борис Тадиќ сметаа дека тоа што се помало зло е сосема доволна компензација на фактот дека не се добри. Дури беа заклучиле дека не е добро да бидат добри. Битката меѓу доброто и злото во идејниот свет на практичните злотвори е библиска и фолклорна, таму се мисли дека за просечниот граѓанин на Србија доброто што нема нешто зло во себе е сомнителна работа и дека доброто и злото како апсолутни категории можат да се соочат само во надворешните аспекти на националната реализација при што надворешниот модернитет е тоа зло по дефиниција, а српската соборност, докмаќинлак и заостанатост се апсолутното добро. Освен тоа статусот на помало зло дава една речиси референдумска согласност да се краде и да се развиваат своите бизниси, својот клиентелизам, затоа што народот сака (не мора) да ги поднесува тие марифетлуци на власта во името на националните интереси и во името на самата иманентност на власта на која тој и се потчинува и вели дека не би и се потчинил ако не е таква. Така е тоа наталожено во културниот модел. Тоа не значи дека луѓето се нерациоанлни. Тие се однесуваат сосема рационално во царството на идиотите.

Клучниот момент се случи кога општото распаѓање и еден круг на интелектуалци успеаја да формираат мала, но сепак доволно влијателна маса луѓе, емоции и разум која почна да верува дека е сеедно дали Србија и луѓето во Србија ќе загинат од петте куршуми на големото зло или од двата куршума на помалото зло, односно дека идејата мора да биде злото како такво да се демистифицира и да се тргне дури и под услов во еден момент Србија да ја јавне големото зло. Да се разбие, значи, тој културен модел во кој се репродуцира една, не политичка елита, туку политичка класа ( Весна Пешиќ, Срѓа Поповиќ) за која приказната за големото зло и за малото зло е смисла и начин на постоењето, клинички центар за репродукција на меѓусебно поврзани злотвори за кои власта е тоа што поштенскиот воз од Глазгов до Лондон беше за Роланд Бигз.

Дури, би рекол, дека идејата не беше да се деструира постојната политичка понуда како криминална, туку да се испровоцираат драматични реконфигурации во идејата за политиката и за политиката како таква, за јавноста, за медиумите, за правото, за демократијата, за процедурата, за нормалноста. Тадиќ мислеше дека близината до националистичките визии ќе ги обесили неговите националистички напријатели, но се покажа дека таа определба им помогна на неговите националистички непријатели да го елиминираат него.

За добар дел од јавноста Црвенковски и СДСМ се помалото зло. Кое прави се, уште еднаш, по којзнае кој пат, да биде поразено од големото зло. Големото зло е продукт на малото зло. Малото зло му помогна на големото зло да се развие (деталите во некој нареден текст), малото зло го легитимира големото зло во игрите што му одговараат на големото зло. Малото зло не ја радикализира општествената перцепција и битка против големото зло туку ја анестезира, цело време ја анестезира, тоа не ја нагласува разликата со големото зло туку ја релативизира, од што почнуваат да се јавуваат сомнежите дека македонската политичка класа е завршен кастинг за филмот во кој драматичниот врв се случува во моментот кога станува јасно дека Бранко работи за Станко и дека, всушност, станува збор за иста особа.

Смислив за оваа прилика една програма. Ја продавам со сертификат во кој јасно стои дека без тие петнаесетина точки во овој своевиден манифест изборите немаат никаква смисла за народот и за опозицијата, а со тие точки изборите немаат никаква смисла за власта. Така дојдов до револуционерната платформа и разврска кои не се мој избор туку се неизбежна реакција на отсуството на каков и да е друг избор. Се што е под нивото на овој контекст е покриено од власта. Вемерето го има зафатено вецето на историјата и сере. Оваа ниво на перцепција може да е по една или друга линија проблематично. Не е само според една: под неговото ниво нема промена на власта.

1.

Политичката опција која претендира да биде власт мора да декларира и да гарантира дека ќе ги стави на дневен ред идејните, културните, политичките и сите други основи на Преродбата како нјаголема срамота низ која поминала Македонија со специјални акценти на сите аспекти на таа калварија сврзани со македонскиот народ, колку и да е деликатна дефиницијата на тој феномен.

2.

Новата власт како прв приоритет ќе ги отвори процесите на радикална и сеопфатна критика на македонското постоење и на македонското саморазбирање, на цела една културна револуција, колку и да се незгодни некои асоцијации сврзани со оваа синтагма.

3.

На трето место мора да дојде прашањето на идејната, политичката, партиската и персоналната одговорност за тоа што се случуваше во последните шест-седум години. Одговорност во најширокиот можен дијапазон, од морална и политичка до кривична и во најширок можен опфат на конкретни лица кои на помалку или повеќе сериозен начин се сврзани со идејата, со концептот и со реализацијата на Преродбата.

4.

Во рамките на оваа прашање задолжително ќе се разгледа одговорноста на вмродпмне со јасна интенција за трајна забрана на партијата, а во рамките на претходната точка посебно ќе биде нужно да се отвори дебата која ќе води во радикална културноисториска ревизија на митот за вмро. Имаме доволно историски факти и цел куп драматични и свежи искуства за да пристапиме кон темелна демонтажа на тој трагичен мит и на таа грандиозна лага.

5.

Новата власт ќе си земе за задача да ги испита сите правни аспекти на можното третирање на Преродбата како Злосторнички потфат на група бандити и на централната организација во ликот на вмродпмне како Злосторничко здружување.

6.

Новата власт мора да гарантира дека неодложно ќе пристапи кон санација на теренот односно кон елиминација на комплетната урбаноархитектонска и друга симболика од јавниот пејзаж, без пардон и без вишок на деликатност, преку физичко отстранување или пренамена и естетска и функционална адаптација на објектите за што ќе се обезбедат сите услови работата да ја добие најреномираната странска компанија што ќе се јави на меѓународен тендер, а може да се оди и на непосреден договор со врвни автори како што се Лебескинд (Сеул) или Заха Хадид (Кина).

7.

Програма за санација на економскосоцијалните последици од преродбеничкото цунами и темелна програма за економски развој, повторно со најблиски можни контакти со истакнати светски стручњаци, во што мора да доминира интенцијата да се смени односот кон одговорноста на поединецот за сопствената егзистенција.

8.

Демистификација на темата за името и ослободување на оваа тема од вишокот на значење. Македонија во најкраток можен рок (месец-два) се обврзува да понуди решение за името со додавање на географска одредница потпирајќи се притоа на ставот на САД и на Европа дека името на државата е проблем што треба да се реши. Можеме да се викаме Северна Македонија, а државата ќе декларира дека ако на светот тоа му одговара односно ако сака самиот себе да се заебава може да не вика како сака. Ако плати.

9.

Итна иницијатива на македонската етничка компонента за целосна рамноправност на албанскиот народ и за неограничени достапи до сите политички, културни, економски и институционални ресурси на државата. Некои ќе речат дека тоа ќе ја бутне Македонија на теренот на функционалната федерација. Да, па што.

10.

Иницијатива за решавање на спорните прашања со соседите при што прашањето на афтокефалноста на црквата може да се игнорира како бесмислено прашање, а спорните моменти со Бугарија ќе ги решаваме не врз база на некаква неразумна беневолентност или пораз туку врз основа на ревизијата на некои историски согледби кои на Бугарите ќе им дадат повеќе право отколку што ние сме спремни денеска ди им го признаеме.

11.

Откочување на евроатлантските интеграции. Конференција на која Македонија ќе ги прифати сите можни компромиси и ќе ги добие сите потребни гаранции.

12.

Нова дефиниција на таканаречените македонски национални интереси и на македонизмот како феномен. Со сите сили мораме да ја растуриме претставата која нас и нашите деца не товари со неподносливи хендикепи, фрустрации и со најниски можни шанси во животот, тука и, особено, во светот. Никакви мечкини камења и други гранитни одбрани, ниту Гоце ниту Јане ниту другите јунаци, не смеат ниту еден ден повеќе да го хендикепираат македонскиот човек оти ако го хендикепираат не се никакви јунаци туку се инструменти на ропството на еден народ.

13.

Не фаворизирање и глорификација на македонството туку неговата релативизација како клучен момент на опстанокот кој има смисла не како опстанок туку како квалитет на животот.

14.

Комплетна лустрација на сите што по политичкопратиска линија имале допир со општите работи во Македонија и според објективната и субјективната одговорност се виновни за невидената катастрофа.

15.

Политичка и институционална, идејна и културна, реконфигурација на Македонија врз критериумите на рационалноста и животот односно напуштање на митот како основа на политичката реализација.

Има ли кандидат за оваа програма или треба да го создадеме?

Ете, и тоа се случи...Христо во нешто да се сложи со Тричковски. Нема кандидат од понудените на политичкиот пазар. Треба да го создадеме.

06-06-2012, 11:52 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(06-06-2012, 11:52 AM)hristo Wrote: Ете, и тоа се случи...Христо во нешто да се сложи со Тричковски. Нема кандидат од понудените на политичкиот пазар. Треба да го создадеме.


Христо кандидат како што бара Тричковски има со лопата да ги ринеш, почнувајки од Глигоров завршувајки со Груевски или појасно кажано сите премиери и преседатели на Македонија од "осамостојувањето" до денеска. Во овие дваесетина години на дело се покажа дека тој план не може да успее.
06-06-2012, 12:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:Stavre Temelkovski

Se razbravme Dame ,mene pontata mi bese FEDERALIZACIJATA kako princip i tehnologija na eventualno idno ureduvanje na odredena geografija TOLKU !!! Ne navleguvam vo nitu eden drug aspekt!!! Ne zaboravete UZURPACIJA NA VMRO po 1990 god ima i vo Sofija !!!
Yesterday at 08:53 · Like


Quote:Ivan Zorko

Kandidat ima ,no problemot e pogolem otkolku mislis deka Ti go opserviras ! Zaprasaj se zosto im e bitna Makedonija so site atributi ( posebno Onie koi gi smetame za mitovi) na razno razni BUGARI,SRBI,GRCI,SHIPTARI ( t.s nivnite vladeacki eliti koi se kripto-latini ili vlasi ) , sto sakat Tie preku nasa negacija , zosto ne ni priznavat posebnost pa makar i na vnatresen plan, za kakvo delo ima zaslugi Aleksandar,Filip, Konstantin,Vasilij,Dusan,Dragash,Karposh, ....Goce,Jane,Todor,Kuzman..KARPOS, stoe toa tolku vredno , sto kur gi boli site za nas,a drugo 20 e revizija koj uspat krade na "vozobnovuvanje na imperijalniot koncept" ! Jasno li e !
Yesterday at 09:58 · Like


Quote:Stavre Temelkovski

Kumanovac imas edna dupka od edno 300 god vo beggraundot koj go navede,Asenovci i vtoroto Blgarsko carstvo pred doagjanjeto na Otomanite na Balkanot,znaes li sto se slucuvalo vo toj period??? Ili niz Beogradska vizura namerno e izostavena ??? Jasno li e !!!
23 hours ago · Like


Quote:Stavre Temelkovski

A pak od istata vizura i licnosti propustas,namerno ili edukativna falinka ???
23 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Се слагам со тебе Зорко, во делот каде што велиш дека кандидати има и тоа има со лопата да ги ринеш. Уште полошо тие биле и се на власт, почнувајки од Глигоров завршувајки со Груевски или појасно кажано сите премиери и преседатели на Македонија од "осамостојувањето" до денеска. Во овие дваесетина години на дело се покажа дека тој план не може да успее.
Причината за неуспехот лежи во ВМРО. Бидејки ВМРО е самоцел, од себе, за себе, со себе, за Македонија! Тоа е единство. Нешто како Светото Тројство! Сето друго е манипулација. ВМРО нема да згасне се до моментот додека не ја исполни својата цел: Слободна, Самостојна , Демократска и Обединета Македонија, во денешни услови Обединета како членка на ЕУ.
Затоа во Македонија битката се води исклучиво против ВМРО. Затоа и Георгиевски и Груевски прават се да го девалвират името на ВМРО.
Ке ви понудам еден текст кој би требало да го прочитате:
УДБАШКОТО ДПМНЕ ЈА ПРОКОЦКА ШАНСАТА ШТО МУ ЈА ДАДЕ ВМРО ПРАВДА!!!
4 hours ago · Like ·



Quote:Metodija Dimovski

Како што гледаш Тричко, на самиот почеток, само четвроица коментатори, у пет дискусии успеаа да го сјебат она што си го пишувал веројатно цел ден. Тоа е нашиот проблем, сите се (правиме) многу паметни! Јас по читањето на колумната во Глобус, веднаш се логирав на ФБ со една мисла - да ти кажам дека после оваа колумна можеш слободно да се пензионираш. Зошто? Затоа што после твојата програма од 15 точки не треба веќе ниту да се пишува, ниту да се зборува, туку само да се спроведува (програмата). Затоа и јас ќе запрам и ќе кажам, БРАВО ТРИЧКО!
2 hours ago · Like
06-06-2012, 05:58 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#6

(06-06-2012, 12:51 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(06-06-2012, 11:52 AM)hristo Wrote: Ете, и тоа се случи...Христо во нешто да се сложи со Тричковски. Нема кандидат од понудените на политичкиот пазар. Треба да го создадеме.


Христо кандидат како што бара Тричковски има со лопата да ги ринеш, почнувајки од Глигоров завршувајки со Груевски или појасно кажано сите премиери и преседатели на Македонија од "осамостојувањето" до денеска. Во овие дваесетина години на дело се покажа дека тој план не може да успее.

Јордане, моето лично видување е дека твојот дискурс е поправеден од политичкот дискурс од оној на Б. Тричковски. Но, и тој е ЛИЧЕН, значи субјективен дискурс. Затоа е убавината во различноста. Апсолутна вистина нема никаде, затоа и толку правци и ставови во филозофијата, затоа и толку религии од постоење на човекот-па досега. Или мислиш дека само твојата вистина е точна или само твојот Бог е оној правиот? Велат дека Сократ, читајки стихови на еден поет од негово време, произнесол ( извадил) многу повеќе импресии, идеи и ставови од зборовите ( стиховите) од самиот поет што ги пишувал! Така и со тезите на Тричковски. Тој кажа: “ Има ли кандидат за оваа програма или треба да го создадеме“. Не да го создаде тој, или било кој туку НИЕ. Сите НИЕ, над 2.000.000 кои живеат во Македонија, вклучувајки ве и вас, од дијаспората. Дали ке биде некој како Глигоров, некој сличен на него, или некој нов треба НИЕ да решиме. Го испушти она главното-неговите 15 тези. Дали се сложуваш со нив, дали треба да се нешто избрише, нешто додаде или да се напише нешто друго , врз кое Македонија ке ја гради иднината. Нешто што ке создаде критична маса во РМ за промени. Мене ми се блиски неговите тези. Тоа е блиско до мојот личен концепт како да се развива РМ. Секогаш сум поаѓал од ставот-политика е вештина на можното, значи она што ке е прифатливо и корисно за поголемиот дел од народот.

07-06-2012, 07:31 AM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#7

Тричковски бара премиер или професор по филозофија? Icon_razz Прво треба да расчистиме што треба да работи идната влада, а не кој ќе ги исполни желбите на Тричковски.

Власт каква што бара Тричковски може да биде само тоталитарна. Граѓанинот само ќе треба да голта, за се друго тука е идеалниот политичар и експертите од странство. Тоа околу стучњаците и политиката е една од најголемите заблуди.

Една папазјаниа помеѓу просветен апсолутизам, маовистичка Кина, евроцентризам, модернизам...

07-06-2012, 02:59 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

(07-06-2012, 07:31 AM)hristo Wrote:
(06-06-2012, 12:51 PM)ЈорданПетровски Wrote:
(06-06-2012, 11:52 AM)hristo Wrote: Ете, и тоа се случи...Христо во нешто да се сложи со Тричковски. Нема кандидат од понудените на политичкиот пазар. Треба да го создадеме.


Христо кандидат како што бара Тричковски има со лопата да ги ринеш, почнувајки од Глигоров завршувајки со Груевски или појасно кажано сите премиери и преседатели на Македонија од "осамостојувањето" до денеска. Во овие дваесетина години на дело се покажа дека тој план не може да успее.

Јордане, моето лично видување е дека твојот дискурс е поправеден од политичкот дискурс од оној на Б. Тричковски. Но, и тој е ЛИЧЕН, значи субјективен дискурс. Затоа е убавината во различноста. Апсолутна вистина нема никаде, затоа и толку правци и ставови во филозофијата, затоа и толку религии од постоење на човекот-па досега. Или мислиш дека само твојата вистина е точна или само твојот Бог е оној правиот? Велат дека Сократ, читајки стихови на еден поет од негово време, произнесол ( извадил) многу повеќе импресии, идеи и ставови од зборовите ( стиховите) од самиот поет што ги пишувал! Така и со тезите на Тричковски. Тој кажа: “ Има ли кандидат за оваа програма или треба да го создадеме“. Не да го создаде тој, или било кој туку НИЕ. Сите НИЕ, над 2.000.000 кои живеат во Македонија, вклучувајки ве и вас, од дијаспората. Дали ке биде некој како Глигоров, некој сличен на него, или некој нов треба НИЕ да решиме. Го испушти она главното-неговите 15 тези. Дали се сложуваш со нив, дали треба да се нешто избрише, нешто додаде или да се напише нешто друго , врз кое Македонија ке ја гради иднината. Нешто што ке создаде критична маса во РМ за промени. Мене ми се блиски неговите тези. Тоа е блиско до мојот личен концепт како да се развива РМ. Секогаш сум поаѓал од ставот-политика е вештина на можното, значи она што ке е прифатливо и корисно за поголемиот дел од народот.



Христо јас за текстот на Тричковски се изјаснив. Во неговите 15 точки е содржана политиката која е водена во овие 22 години на македонска "самостојност". А на оние кои се по моја проценка најлошите и му понудив да дискутираме за тоа. Но Тричковски досега "достоинствено" ги одмолча моите забелешки.
Околу твојот став дека политиката е вештина на можното, се слагам дека е така. Прашање е само на проценката што е можно. Јас секогаш тргнувам дека ако човек има желба, желбата ке те научи да го најдеш решението и патот, се е можно.
07-06-2012, 06:06 PM
Reply