Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ГРУЈОВИСТИ, СОРОСОИДИ, "БУГАРОФИЛИ": ВО ЕДЕН ГЛАС, ДА СЕ СМЕНИ ИМЕТО!!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

28-05-2012, 09:06 PM
Reply
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0
#2

Господ нека ни е напомош со вакви луге!
28-05-2012, 10:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

(28-05-2012, 10:47 PM)Kasandar Wrote: Господ нека ни е напомош со вакви луге!

"Збунувачки" е тоа што Мирка и Миленко се од кај патриотот Грујо што не го менува името а имаат исти рзмисли со Најче и Љупчо .....
Денеска се јавил уште еден Грујовист кој се слага со ставовите на "бугарофилот":

Quote:Владо Поповски прво во „Граѓански“, сега и во утрешен дневен „Фокус“: Името „Северна Македонија“ не го засега македонскиот идентитет!
28-05-2012, 11:35 PM
Reply
Kasandar Offline
Member
***

Posts: 118
Joined: Jun 2010
Reputation: 0
#4

Сите зборат кој што прифатил или одбил а никој не кажва оти на крај Грција е таа која ќе ни го одбери името.
29-05-2012, 07:55 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Две верзии на ист документ.

[Image: StoodbiGruevskivo2005-.jpg]

[Image: StoodbiGruevskivo2005-1.jpg]

Quote:МИА: Предлогот од 2005 не гарантира за идентитетот

До МИА беше доставен оригинален документ од предлогот на Метју Нимиц од 7 октомври во 2005 година.

predlog-1500

На документот, со ознака за доверливост, е содржано писмо на медијаторот Метју Нимиц до преговарачите Никола Димитров и Адамантиос Василакис, предлог за решение на името и анекс на предлогот во кој се прецизирани идентитетските прашања. Подоцна Игор Џундев од постојаната мисија на Република Македонија во ОН го испраќа предлогот до тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, тогашниот премиер Владо Бучковски и тогашниот министер за надворешни работи Илинка Митрева.

Во предлогот во точка Ц, јасно стои дека идентитетските прашања ќе бидат содржани во анексот на документот, кој е даден во прилог. Во анексот на документот на кој се повикува предлогот, во делот на националност нема македонски, „macedonian“, туку постои терминот „граѓани на Република Македонија“, како ознака за националноста.

Во делот за јазикот наместо „македонски“-„macedonian“, стои „македк“-„macedc“.

Овој предлог во 2005 година беше прифатен од сите политички партии, освен од ВМРО-ДПМНЕ, чиј лидер Никола Груевски го напушти состанокот. Деновиве, владејачката партија го обвини Црвенковски дека со прифаќањето на овој предлог тој ги внел идентитетските прашања во разговорите со Грција. Црвенковски тврдеше дека тој предлог ги гарантирал идентитетските прашања. Во вчерашно интервју на една национална телевизија тој повторно истакна дека идентитетот е гарантиран.

Анексот на предлогот на Метју Нимиц од октомври 2005 го потврдува спротивното.
Во декември 2009 година, тогашниот министер за надворешни работи на Грција, Димитрис Друцас во дискусија во грчкиот парламент истакна дека идентитетските прашања биле внесени во преговорите со предлогот на Метју Нимиц од октомври 2005 година, предлог кој сегашниот премиер Груевски од улога на опозициски лидер го одби.
29-05-2012, 09:07 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#6

Quote:МЕТЈУ НИМИЦ СО НОВ ПРЕДЛОГ ЗА РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ ЗА ИМЕТО

Уставното име во сите варијанти

Владата на Македонија има забелешки на последниот предлог на посредникот Метју Нимиц за решавање на спорот со Грција околу името, но смета дека е добра основа за конечно разрешување на долгогодишниот спор, што би било во прилог на двете земји, но и на целиот регион, дознаваме неофицијално.

Последниот предлог на Нимиц ја содржи таканаречената тројна формула за името која предвидува употреба на уставното име на Македонија за земјите кои досега не признале под тоа име. "Република Македонија - Скопје" е предвидено за билатерална употреба со Грција. Според неофицијални информации, во меѓународните организации во наредните две години за Македонија би се користеле две имиња - уставното име Republic of Macedoia и Република Македонија напишано на македонски јазик со латинично писмо. Ова би важело до 2008 година, а потоа во употреба би останало само уставното име Republic of Macedoia.

Во Владата, ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација се додека не се изгради заеднички став на сите политички партии. Претседателот Бранко Црвенковски денеска ќе има консултации со поранешните министри за надворешни работи и со надворешно-политички експерти, а потоа и средба со лидерите на политичките партии.

Синоќа Владата одржа вонредна седница за ова прашање на која присуствуваше и шефот на државата.Неофицијално дознаваме дека Владата смета оти предлогот не е идеален за нас, бидејќи ќе значи дека ја напуштаме досегашната позиција околу двојната формула, од која македонскиот државен врв секогаш инсистирал дека нема да отстапи.

Посредникот Нимиц предлогот им го предал на преговарачите Никола Димитров и Јанис Василакис во Њујорк, во саботата вечерта. Грција уште веднаш го отфрлила предлогот како целосно неприфатлив и му упатила инструкции на својот постојан претставник Василакис да го одбие предлогот на Нимиц.

Грчките медиуми, повикувајќи се на извори од Министерството за надворешни работи во Атина, јавуваат дека грчките власти нема да разговараат за новиот предлог на Метју Нимиц и ќе се однесуваат како предлогот воопшто да не бил даден. Тоа се толкува како револт на официјална Атина, бидејќи "новиот предлог бил далеку од претходниот" кој Нимиц го упати до двете страни во март годинава: "Република Македонија - Скопје" напишано на кирилица.

- Грција нема промена во својот став - претходниот предлог на Нимиц да биде основа за преговори и затоа воопшто нема да дискутира по новиот предлог - соопштил претставникот од грчкото МНР.

Предлогот на Нимиц кој бил напишан на неколку страници содржи и одредба според која никој, ни Македонија, ни Грција ниту која било трета држава нема ексклузивно право на користење на терминот Македонија, ниту во географска, ниту во комерцијална, ниту пак во друга смисла.

Засега никој не предвидува што ќе се случува понатаму со процесот на разговарање за разликите околу името, но неофицијално се споменуваат неколку варијанти. Посредникот Нимиц кој веќе 12 години работи на ова прашање можно е да поднесе извештај до генералниот секретар на ОН во кој ќе објасни дека и покрај обидите да се затвори прашањето, двете страни не успеале да постигнат заедничка согласност за досегашните предлози. Втората варијанта би била ОН да одреди друг преговарач на местото на Нимиц што е малку веројатно, и третата е разговорите да прекинат. Меѓутоа, не е исклучено Нимиц сепак да остане на истата функција и во иднина да излезе со друг предлог.

Претседателот Црвенковски во саботата напладне соопшти дека по повод новиот предлог од Нимиц остварил средба со премиерот Владо Бучковски и министерката за надворешни работи Илинка Митрева. На средбата заеднички било оценето дека "за да се изгради и дефинира ставот на Република Македонија во однос на поднесениот предлог, а имајќи го предвид исклучителното значење на ова прашање, ќе биде нужно да се направат сите неопходни консултации во нашата земја во наредните денови".

- Мое лично убедување е дека за ова прашање е добро да се организира и да се свика седница на Собранието на Република Македонија. Меѓутоа за оваа одлука ќе продискутираме и евентуално ќе ја донесеме на средбата со партиите.

Тој упати апел и до медиумите за одговорно и професионално следење на сите активности за тој процес во наредните денови, базирано на факти и проверени информации.
29-05-2012, 11:25 PM
Reply
acko Offline
Moderator
*****

Posts: 1,437
Joined: Jan 2010
Reputation: 21
#7

Што ти е да си интелектуалец во Македонија. Те викаат да коментираш за сите работи кои што ни се случуваат, работиш за секого, па не ти е проблем за иста работа различно да се изјасниш.

Слободан Чашуле, 16 октомври 2006

Quote:Оценувајќи го предлогот на Нимиц како позитивен, Слободан Чашуле рече дека во него првпат е содржано уставното име на Република Македонија, нешто што досега не било случај.
"Овој предлог е можност Македонија да ја покаже својата конструктивност и желба да го елиминира ова прашање. Тој со сите наши забелешки, кои не се од стратегиско значење, на меѓународната заедница треба да Ј го претставиме како последна отстапка која Македонија може да ја направи. Меѓународната заедница треба да ја убеди Грција дека е во нивна корист да еволуира и да прифати натамошно договарање базирано на овој предлог", рече Чашуле.
Според него, доколку Македонија го одбие овој предлог, практично ќе го одбие и својот предлог со двојната формула, бидејќи ова, како што рече, е разработена двојна формула со временски распоред, по кој некаде по 2006 година би требало да се избрише референцата ПЈРМ и ООН да нў признаат под уставното име, но напишано на латинично писмо.
http://217.16.70.245/?pBroj=1901&stID=45045&pR=2

Слободан Чашуле, 29 мај 2012

Quote:Станува збор за стапица

Според Слободан Чашуле, поранешен шеф на македонската дипломатија, станува збор за стапица и одлуката на Груевски да ја одбие е исправна. Чашуле се прашува зошто Црвенковски го прифатил таквиот предлог и зошто не го соопштил тоа порано.

„Прво, таквиот предлог беше одбиен од грчка страна, што е уште еден доказ дека стратегијата на Грција не е да добие компромис туку да одогловлекува се‘ додека Македонија не изгуби здив. Тоа е потврда дека Грците не се подготвени на каков било компромис и оти спорот ќе трае уште долго“.
Чашуле смета дека секоја прифатена иницијатива ја ослабнува македонската позиција и праќа сигнал дека земјата е подготвена да попушта и понатаму. Во врска со транзицискиот период од три години за враќање на уставното име, Чашуле вели:
„Како што за 3 месеци од ФИРОМ станавме Македонија, така ќе беше и со ова решение. Повторувам уште еднаш, станува збор за стапица да прифатиме каква била модификација за да стасаме до денешната ерга омнес позиција на официјална Атина. Под привидот на поволно решение ние влетавме во таа замка. Грција оттогаш само дополнително притиска и стасавме до позиција ерга омнес, односно име за севкупна употреба кое ќе ни го одберат Грците и ништо друго“.

30-05-2012, 03:10 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#8

Quote:На Црвенковски око не му трепнува

„Ич око не ми трепнува. Само напред. Ниту ќе ме уплашите ниту ќе ме замолчите. Само дополнително ме мотивирате“. Вака лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, одговори на обвинувањата дека кривично треба да одговара затоа што го прикажал документот со назнака на доверливост бидејќи оддал државна тајна, за што следи казна затвор.

Црвенковски вели дека не се амнестира од одговорноста, туку дека со задоволство би ја делел ваквата кривична одговорност со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи и тој го направил истото доставувајќи ~ го документот на државната агенција МИА.

- Имајќи предвид дека Вие први јавно почнавте да ја обелоденувате содржината на документот означен со државна тајна, со огромно задоволство би ја споделил кривичната одговорност со вас. Тоа што дополнително вчера ~ го доставивте документот на државната агенција МИА нема да ви го третирам како отежнителна околност. Барем не јас. За Обвинителството не знам - изјави Црвенковски.

Правна држава !!!
31-05-2012, 01:21 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#9

Интересен став на Бошко Станковски објавен вчера во ДНЕВНИК. Инаку, Бошко Станковски е син на Јовица Станковски од Куманово, кој ја откри и промовира античката опсерваторија Кокино :

Quote:ЗА ПРИВРЕМЕНАТА СПОГОДБА

Напуштањето како последна опција

Најпрвин треба да ни е јасно дека ние имаме право доколку анализите покажат дека е потребно да се повлечеме од Привремената спогодба. Повлекувањето би одело со известување на Грција и на ООН за причините поради кои го правиме истото

Честопати во јавноста се отвора темата за напуштање на Привремената спогодба. Ќе се обидам да дадам едно кратко толкување на некои од евентуалните импликации доколку ваквиот чекор биде преземен.

Најпрвин треба да ни е јасно дека ние имаме право доколку анализите покажат дека е потребно да се повлечеме од Привремената спогодба. Повлекувањето би одело со известување на Грција и на ООН за причините поради кои го правиме истото. Со Резолуцијата 817 од 1993 година Советот за безбедност му препорача на Генералното собрание прием на Македонија во ОН под привремената референца, с` до конечното решавање на спорот. Ова е нетипична резолуција за разлика од вообичаените препораки на Советот кои се од техничка природа. Kако таква истата претставува кршење на самата Повелба на ОН и на меѓународното право. За потсетување, Судот во Хаг веќе се има произнесено дека условите за прием на нови членки се таксативно наброени и дека не може да бидат предмет на промена.

Kако и да е, Резолуцијата 817 е донесена според Поглавјето VI на Повелбата на ООН, кое се однесува на мирно решавање спорови. Истата го третира спорот со името како прашање „од интерес на одржување мирни и добрососедски односи во регионот“. Неколку месеци потоа е донесена и Резолуцијата 845, која ги повикува двете страна на преговори. Врз ова основа е воден и процесот во ОН, кој резултира со Привремената спогодба во 1995 година. Но таа спогодба регулира дел од спорните прашања меѓу двете земји, а за клучното - прашањето за името, страните се обврзуваат да продолжат да преговараат. Значи, Спогодбата и преговорите се формално одвоени, но со оглед на тоа дека Спогодбата е донесена со посредство на ОН и истата ја реафирмира нашата обврска да преговараме, тие се ефективно поврзани. Затоа, напуштањето на Привремената спогодба ќе значи и напуштање на самите преговори за името.

Ефективниот прекин на преговорите ќе значи дека резолуциите 817 и 845, иако важечки, ќе бидат доведени во прашање. Процесот (состојбата) ќе се врати на почетокот. Притисокот ќе биде зголемен кон нас од причина што истите н` обврзуваат, а и ние самите (до тој момент) сме се обврзале, да преговараме во насока на изнаоѓање компромисно решение. Но прашање е колку Советот за безбедност е подготвен да донесе нова резолуција со сличен тон (па макар и истата само да се повика на претходните две). Ќе биде тешко во денешно време спорот со името да се протурка како безбедносно прашање, како што ~ успеа на Грција во деведесеттите, во моменти на крајно тензична ситуација во регионот. За потсетување, третирањето на спорот како безбедносно прашање е картата на која игра Грција, што се виде и со вметнување на спорниот дел од заклучокот на Самитот на НАТО во Чикаго. Сепак, процесот на носење одлуки во Советот е поинаков. Но сето ова не значи дека нема дополнително да бидеме ставени под притисок од некои од постојаните членки на Советот.

Поради сето ова, напуштањето на Спогодбата, а со тоа ефективно и на преговорите, ќе треба да дејствуваме во три сегмента.

Прво, ќе биде потребна засилена активност внатре во самите ОН. Тука треба да имаме предвид дека Македонија не може да го промени името во ОН со просто мнозинство во Генералното собрание, како што сугерираа некои од експертите. Но може да поднесе иницијатива Генералното собрание да донесе резолуција, која на Советот за безбедност ќе му понуди поинакво толкување на безбедносните импликации на спорот и ќе му препорача промена на Резолуцијата 817. Чисто за потсетување, старата дихотомија дека само Советот е надлежен за прашања за безбедноста, додека улогата на Генералното собрание е строго лимитирана (и за прашања што Советот исклучително ќе му ги препушти), е напуштена (според Советодавното мислење на Судот за изградбата на т.н. (заштитен) ѕид од страна на Израел). Сепак, Генералното собрание може само да му даде препорака на Советот, но не е и да го обврзе. Дополнително, Македонија може да поднесе барање Генералното собрание да побара советодавно мислење од Судот во Хаг за легалноста на нашиот прием под привремената референца. Ова, од една страна, значи дополнителни година-две додека Судот го донесе мислењето, но од друга, ќе претставува и средство за дополнителен притисок врз Грција.

Понатаму, засилена дипломатска активност ќе биде потребна кај нашите стратешки пријатели и пред с` кај постојаните членки на Советот за безбедност. Доколку не можеме да издејствуваме нова и поповолна резолуција на Советот, тогаш барем поддршката на некоја од постојаните членки ќе значи одложување или оневозможување нова резолуција, која не би ни одела во прилог. Нашето повлекување ќе значи и заобиколување на обврските, кои ни биле наметнати од Советот, па затоа противење на земјите-членки може да се очекува, независно од нивната позиција со спорот. Затоа наша првенствена задача ќе биде со силно дипломатско дејствување да докажеме дека сме и остануваме конструктивна страна и дека на таквиот радикален чекор (напуштање на Спогодбата и на преговорите) сме се решиле поради Грција, која не преговара во добра верба.

Поради ова, напуштањето на Спогодбата не треба да значи и престанок на контактите со Грција. Веднаш по известувањето за повлекувањето меѓународната заедница ќе се обиде итно да н` врати на преговарачка маса со Грција. Во тој случај треба да сме спремни да испорачаме предлог за конечно решение за спорот. Само така ќе излеземе конструктивна страна и ќе го канализираме меѓународниот притисок на кој би биле изложени со тоа што значителен дел од него ќе префрлиме кон Грција.

Треба да се нагласи дека со евентуалното повлекување, пресудата во Хаг ќе престане да важи бидејќи истата се темели на Привремената спогодба, иако би можеле да се повикуваме (иако ова е до одредена мерка дискутабилно) на некои од генералните интерпретации на Судот за опсегот на употребата на нашето име под кое сме примени во ОН, а кои ни одат во прилог.

Значи, напуштањето на спогодбата, а со тоа како што кажав неминовно и на преговорите, е ризичен чекор кој ќе н` стави под силен меѓународен притисок. Поради наведеното, сметам дека тој може да биде преземен само ако е добро координиран и поткрепен со подготвеноста да доставиме предлог за конечно решение на спорот. Тој треба да претставува и своевидна последна опција, која можеме да ја преземеме кога сите други ќе бидат исцрпени и само кога ќе бидеме сигурни дека можностите се на наша страна. Но, се разбира, не е лошо доколку се направи план и стратегија за ваквата можна ситуација.

Бошко СТАНКОВСКИ
(Авторот е докторанд по меѓународно право на Универзитетот „Kембриџ“ во Обединетото Kралство)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...17E42D718C
31-05-2012, 12:55 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(31-05-2012, 12:55 PM)hristo Wrote: Интересен став на Бошко Станковски објавен вчера во ДНЕВНИК. Инаку, Бошко Станковски е син на Јовица Станковски од Куманово, кој ја откри и промовира античката опсерваторија Кокино :

Текстот го лоцира проблемот. Времената Спогодба, но начинот кој го предлага Бошко не е баш најдобар. Нема доволна валидност. Валидност која ке биде прифатена од ОН, САД, ЕУ ... Едниствен начин да се раскине времената спогодба е начинот кој сме го предложиле во нашата иницијатива:

Република Македонија мора првин на внатрешен план да докаже дека Времената спогодба од страна на Република Македонија ја прифатиле марионетски режими кои работеле против интересите на нашата Татковина—односно дека тогашните Власти работеле за интересите на туѓи држави.
31-05-2012, 02:42 PM
Reply
Stefan Offline
Senior Member
****

Posts: 416
Joined: Jun 2010
Reputation: 12
#11

OFF: Йордане, защо си сложил бугарофили во наводници?
***
"Направен е несреќен избор на букви од стара плоча...со старословенски букви, незабележително, пишува „Блгарско"..."
01-06-2012, 09:43 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#12

(01-06-2012, 09:43 PM)Stefan Wrote: OFF: Йордане, защо си сложил бугарофили во наводници?

Затоа што Љубчо Георгиевски за потребите на УДБа глуми бугарофил.
01-06-2012, 10:59 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#13

(01-06-2012, 09:43 PM)Stefan Wrote: OFF: Йордане, защо си сложил бугарофили во наводници?

Стефане, имало и ке има Бугари во Македонија. Но, тоа се обични луѓе. Ниеден од поранешите или денешните политичари во РМ не е вистински на таа позиција. Еве ке ти кажам еден прост факт. Единствена бугарска серија што се прикажува во РМ е синхронизирана на македонски. Ниту една српска серија или српски филм ( а ги има премногу) не е , досега, синхронизирана. Го знаеш одговорот или ако не, јас ке ти го дадам. Поздрав.

02-06-2012, 07:37 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#14

(31-05-2012, 01:21 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:На Црвенковски око не му трепнува

„Ич око не ми трепнува. Само напред. Ниту ќе ме уплашите ниту ќе ме замолчите. Само дополнително ме мотивирате“. Вака лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, одговори на обвинувањата дека кривично треба да одговара затоа што го прикажал документот со назнака на доверливост бидејќи оддал државна тајна, за што следи казна затвор.

Црвенковски вели дека не се амнестира од одговорноста, туку дека со задоволство би ја делел ваквата кривична одговорност со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи и тој го направил истото доставувајќи ~ го документот на државната агенција МИА.

- Имајќи предвид дека Вие први јавно почнавте да ја обелоденувате содржината на документот означен со државна тајна, со огромно задоволство би ја споделил кривичната одговорност со вас. Тоа што дополнително вчера ~ го доставивте документот на државната агенција МИА нема да ви го третирам како отежнителна околност. Барем не јас. За Обвинителството не знам - изјави Црвенковски.

Правна држава !!!

Quote:Строго доверливо

Пишува: Драган П. ЛАТАС

Жртви би бил ние. Без исклучок.
Има неколку случаи на бивши полицајци и полициски функционери кои го прават тоа. На еден бивш полициски директор, вработен кај Минчо Јорданов, тоа му е дури како хоби. А, за чудо, Минчо вработил повеќе полициски функционери и има прилично масовна архива на располагање. Дали е тоа случајно?

Има и еден инспектор од Државна безбедност кој често објавува текстови кај Николче Младенов во Фокус, расфрлајќи се наоколу со полуинформации кои ги стекнал како овластен државен службеник. Со строго доверливи документи, кои никој од нас не може да ги провери, а мора да му веруваме на збор и да ги трпиме последиците од неговото лудило и криминал.

Да го потсетам обвинителот: лустрација е процес на казнување кој се однесува на луѓе кои со продажба на службени информации се стекнале со некаква општествена положба, личен ќар или од обест нанеле штети на други.

Каква тоа лустрација ние сакаме, кога пред наши очи бивши претседатели, полициски функционери и инспектори, за личен ќар, кодошат, тргуваат со службени тајни, нанесуваат општа штета, и шират страв и закана.

Ако уживаш во тоа што на некого му го плеснале со објавување службена тајна, или сличен државен документ... спреми се да читаш белешки кога жена ти или ќерка ти абортирале, а кога син ти е приведен пијан во станица...

Треба ли да објавиме документ за татко на бивш министер за полиција од СДСМ, кој е испитуван за кражба на цемент, додека градел куќа во центарот на Скопје... дали Црвенковски ќе го објави документот за татко на еден друг негов министер, апсен за мито, кога бил десна рака на еден познат доктор... дали ги има документите за уцената од Бошковски врз негов бивш министер, кој морал да кодоши за да не му го апсат синот за наркоманија.

Да ги пуштиме ли, предизборно, на интернет телефонските разговори за бизнис дилови, или семејни кавги и закани со разводи поради љубовни афери... сите строго доверливи сознанија да ги ставиме на пазар, па ко му иде...

Како, на пример, Николче Младенов дошол до плацот и куќата во Козле... кое е потеклото и изворот на богатството со кое располага Бранко Геровски... за причините за развод и здравствени состојби на десетина битни новинари и уште толку бизнисмени и политичари... сето тоа заведено во полициски архиви, и со печат службена тајна. Доверливо. Треба ли ова да биде забава за народ?
04-06-2012, 07:17 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15

(31-05-2012, 01:21 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:На Црвенковски око не му трепнува

„Ич око не ми трепнува. Само напред. Ниту ќе ме уплашите ниту ќе ме замолчите. Само дополнително ме мотивирате“. Вака лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, одговори на обвинувањата дека кривично треба да одговара затоа што го прикажал документот со назнака на доверливост бидејќи оддал државна тајна, за што следи казна затвор.

Црвенковски вели дека не се амнестира од одговорноста, туку дека со задоволство би ја делел ваквата кривична одговорност со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, бидејќи и тој го направил истото доставувајќи ~ го документот на државната агенција МИА.

- Имајќи предвид дека Вие први јавно почнавте да ја обелоденувате содржината на документот означен со државна тајна, со огромно задоволство би ја споделил кривичната одговорност со вас. Тоа што дополнително вчера ~ го доставивте документот на државната агенција МИА нема да ви го третирам како отежнителна околност. Барем не јас. За Обвинителството не знам - изјави Црвенковски.

Правна држава !!!

Имало и зошто око не му трепнувало. Пак го заеба Грујота.

Quote:Документот на Црвенковски не бил „државна тајна“

Документот кој Бранко Црвенковски му го остави на новинарот Роберт Поповски нема никаков печат или класифицирана назнака, објави Алфа.

Листот на кој се напишани некои од предлозите за името на државата е предаден кај надлежните институции, а Поповски за телевизијата потврдил дека дал изјава во Дирекцијата за класифицирани информации.

Поповски најверојатно нема да биде повикан од јавен обвинител со оглед дека листот нема назнака „државна тајна“ и дека обвинителството е можно да се откаже од понатамошна истрага затоа што листот на Црвенковски е објавен и анализиран уште пред 7 години, информира телевизијата.

За разлика од документот на Црвенковски, документот што го објави државната МИА има и печати и класифицирани назнаки. Скопскиот јавен обвинител очекува денеска до утре агенцијата да му го достави документот.
04-06-2012, 08:03 PM
Reply