Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ НА ГРУЈО И ГОЦА !!!!!
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1

Во Македонија за време на српската па потоа и фашистичката окупација се играле фудбалски натпревари и немало одложување.
Денеска во "независна и суверена" Македонија, се одложуваат фудбалски натпревари, власта неможе да обезбеди безбедност да се одигра фудбалски натпревар.



Quote:Шкендија и Вардар нема да играат бидејќи „балистите“ подготвувале пекол


Дербито од Првата македонска фудбалска лига помеѓу Шкендија и Вардар, кое беше закажано за денес, сепак нема да се одигра бидејќи полицијата дошла до сознанија дека навивачката група на Шкендија, позната како „балисти“, подготвувале сценарио со насилство

[Image: macedonian-football-league-albanians_500.jpg]

Тетовската полиција на повеќе локации во градот пронашла летоци на кои имало пароли што повикуваат на војна за време на натпреварот со скопски Вардар.

„Две војни и две гигантски битки нè чекаат, а победата ќе биде само одмазда, и се колнам во тебе, Шкендија, дека никогаш нема да бидеш сама“, било напишано на албански јазик на летоците што ги пронашла полицијата.

По ваквите сознанија МВР организираше состанок со Фудбалската федерација на Македонија, СВР Тетово и преставниците на Шкендија и Вардар, по што е донесена одлука за одложување на натпреварот.

„Одложувањето е со цел да им се даде повеќе време на клубовите-домаќини за подобро организирање на натпреварите во нови термини“, е објавено на интернет страницата на ФФМ.

Покрај овој натпревар нема да се одигра и дуелот Тетекс-Напредок, кој исто така е дел од 20-то коло, а според предвиденото требаше да се игра во петок.

Новите термини за одигрување на натреварите ќе бидат дополнително одредени.
16-03-2012, 08:04 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2

Quote:Кога откажувањето е најлесно меѓуетничко решение


Ако натпреварот е ризичен - најдобро е да не се одигра, ако децата се тепаат - може да не одат во иста смена или во исто училиште, ако населбата е мешана - да се стави во две општини. Ова се само некои евтини решенија што ни создадоа скап паралелен свет



Неизвесноста што до последен момент траеше околу одигрувањето на фудбалскиот натпревар меѓу Шкендија и Вардар во Тетово воопшто не даде некоја нова слика за меѓуетничките односи во земјава. Тоа беше само уште едно трезнење со шлаканица, за тие што се присетувале дека имаат пријатели „од другите“ или дека и „од таа страна“ има некој што размислува и говори разумно, односно самите на себе си нуделе аргументи според кои не е нереално да се очекува нормализирање на сегашнава ненормална ситуација. Или, обложувачки кажано, ова само го подигна коефициентот за мултикултурализам, можеби веќе го направи трицифрен (во обложувачниците висината на коефициентот е обратнопропорционална од веројатноста нешто да се случи).

Не дека ова е нешто карактеристично за нас, тензични натпревари има насекаде низ Европа, а во некои земји тие се исто така мотивирани од етничка, верска или од друга припадност (Шпанија, а во последно време и Англија, со велшките екипи). Но сепак е невообичаено полицијата да признае дека нема капацитет да гарантира безбедно одржување на еден таков натпревар во половина држава. Уште полошо е ако причината за тоа не се способностите на самата полиција, туку деликатноста на состојбата, во која единствена стопроцентна гаранција за безбедност би била ако сите униформирани припадници на МВР се постават на еден стадион. Затоа што на тој начин и онака нема да остане многу место за публика.

Да не заборавиме дека до ова дојдовме така што постојано го избиравме наједноставното решение за справување со меѓуетничките проблеми - откажувањето. И сега првата идеја беше токму тоа, да се откаже натпреварот. Но тој мора да се одигра некогаш, а кога и да се сретнат тие две екипи, ризик ќе има. Тогаш постои ли решение што е уште полесно? Најверојатно никогаш да не одигра. Но како? Правилата налагаат да има натпревар, клубовите се во иста лига, и тоа во најсилната, па би било неправедно едниот да се премести во понизок ранг само за да се избегне „судир“ со другиот. Тогаш, можеби на некој ќе му текне дека ни требаат две први лиги? Едната во која „Балисти“ и „Шверцери“ ќе навиваат гушнати додека играат Шкендија и Слога, а другата во која ниедна политичка партија, невладина организација или евроатлантска институција нема да се засекира поради тепачка меѓу „Комити“ и „Чкембари“?
За жал, лесните меѓуетнички решенија не ни се непознати. Можеби само сé уште не се примениле во спортот. За почеток, може да ги разгледаме општинските граници воспоставени во 2004 година. Ќе најдеме примери во кои некои села се припоени кон општински центри оддалечени и по 30 километри, до кои немаат ниту пат ниту магарешка патека. Но морале да бидат ставени таму бидејќи општината во која географски природно припаѓаат и со која се поврзани е со поинаков етнички состав. Не е важно што во тие ситуации граѓанинот (кој, мора да признаеме, станува сé помалобројно малцинство во општества во кои „припадноста“ апсолутно се фаворизира), добива полоша локална услуга, или е физички оневозможен да ја добие, зашто случајно никнала планина меѓу неговата куќа и општинската канцеларија.

Да не го заборавиме и научнофантастичниот филм за интегрирано образование. „Нико Нестор“ и „Ибрахим Темо“ во Струга имаат етнички смени, а „Зеф Љуш Марку“ и „Никола Карев“ во Скопје се разделија во посебни згради, во различни населби, решение што иако беше практично, имаше и силен етнички мотив во себе. Како што тргнало со средношколците, тешко дека ќе опстане и интегрираниот јавен превоз, дури може и да се забрза идејата за изградба на подземна железница во главниот град (со паралелни линии, секако), бидејќи само тие градски превозни средства е невозможно да се каменуваат од надвор,

Тоа се евтините решенија. А бидејќи речиси секогаш се добива тоа што се плаќа, дури и во шпекулативно-капиталистички услови, јасно е дека евтиното не може да биде квалитетно. Токму поради тоа е и поскапо. И штом веќе е отворена спиралата на откажувања, станува сé потешко во некоја ситуација да се примени поинакво, барем за нијанса пообединувачко решение. Но веројатно ќе мора во некој момент да се решиме и на тој чекор, бидејќи ако мислиме дека тоа сега би било тешко, утре и задутре би било многу потешко. Евтините откажувања само создаваат паралелни светови, кои е исклучително скапо да се одржуваат. Затоа сега, наместо да ги жнееме плодовите од вложувањето во соживотот, ние ја плаќаме цената на преправањето дека сé ќе се среди само по себе ако едноставно го одложиме за другпат.

Автор: Гоце Трпковски
16-03-2012, 08:08 PM
Reply
fetak Offline
Senior Member
****

Posts: 320
Joined: Oct 2010
Reputation: 0
#3

Denes konecno vo RM se sluci i prviot nikulec dava nadez. Se zavisi dali site zaedno ke izdrzime na toj poubav pat , osloboden od partiska oboenost ,od manipulacii, zloupotrebi,prostituiziranja, prodavanja za sitno.
Taa ovaa intelektualna reakcija e novo vo ovie 20 godini .Konecno e da site osekaat deka ne e potrebno da meseto ti e napolneto , da si faktor i moknik pod politicka oboenost , erupcija na intelektualci koi se profiliraa vo ovie 20 godini , ne gi plasi , dali ke im kimne BANKO ,LJUBCE ,NIKOLA ili Ali ,Teuta itn.
Segasnive nema da podnesat ebavanje kako onie poznati sto ne teraat na povrakanje koga ke gi gledame vo TV debati ,emisi , koi do vcera nosea opinci , a denes veke se vo skapa brandirana obleka kupena vo SOLUN
Toa zavrsi i plus sega gi imame site soznanija a i moznost ete ja ja SOFIJA ni se smee i ni mafta , a sepak preku i so SOFIJA ne e ni tolku loso da odis vo EU
I tamu vo SOFIJA nema etnicka podelenost site zbieni site se pocituvat i se uvazuvat i MAKEDONCI I ALBANCI od MAKEDONIJA od SRBIJA ,KOSOVO , site se guskaat i zborat dosta e brat gabe ne dupat 20 godini.
Znaci ako ne go smenat toa site faktori politicki , nema ni lokalni da gi pominat , ne deka nekoj im se zakanuva , no tie veke nema komu da mu se obratat. Se selat site , trpat goltat i si odat .
A za neodigrani natpravari pa zar ne se podobri natpravari vo GERMANIJA,ITALIJA ,SPANIJA i sekade niz EVROPA
17-03-2012, 06:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

(17-03-2012, 06:41 PM)fetak Wrote: Denes konecno vo RM se sluci i prviot nikulec dava nadez. Se zavisi dali site zaedno ke izdrzime na toj poubav pat , osloboden od partiska oboenost ,od manipulacii, zloupotrebi,prostituiziranja, prodavanja za sitno.
Taa ovaa intelektualna reakcija e novo vo ovie 20 godini .Konecno e da site osekaat deka ne e potrebno da meseto ti e napolneto , da si faktor i moknik pod politicka oboenost , erupcija na intelektualci koi se profiliraa vo ovie 20 godini , ne gi plasi , dali ke im kimne BANKO ,LJUBCE ,NIKOLA ili Ali ,Teuta itn.
Segasnive nema da podnesat ebavanje kako onie poznati sto ne teraat na povrakanje koga ke gi gledame vo TV debati ,emisi , koi do vcera nosea opinci , a denes veke se vo skapa brandirana obleka kupena vo SOLUN
Toa zavrsi i plus sega gi imame site soznanija a i moznost ete ja ja SOFIJA ni se smee i ni mafta , a sepak preku i so SOFIJA ne e ni tolku loso da odis vo EU
I tamu vo SOFIJA nema etnicka podelenost site zbieni site se pocituvat i se uvazuvat i MAKEDONCI I ALBANCI od MAKEDONIJA od SRBIJA ,KOSOVO , site se guskaat i zborat dosta e brat gabe ne dupat 20 godini.
Znaci ako ne go smenat toa site faktori politicki , nema ni lokalni da gi pominat , ne deka nekoj im se zakanuva , no tie veke nema komu da mu se obratat. Se selat site , trpat goltat i si odat .
A za neodigrani natpravari pa zar ne se podobri natpravari vo GERMANIJA,ITALIJA ,SPANIJA i sekade niz EVROPA



???????????????????????????????????
17-03-2012, 08:24 PM
Reply