Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 4 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ПЕТКРАТНО УБИСТВО КАЈ СКОПЈЕ; (КАКО БИ ПОСТАПИЛЕ ВИЕ???? - Стара тема)
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,205
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Обвинителството останува на првичното обвинение за „Монструм“
Обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичниот обвинителен акт, со кој обвинетите се товарат за тероризам.

[Image: 1-monstrum-obvineti-450x300.jpg]
February 12, 2018
Во Кривичниот суд во Скопје денеска почна повторното судење за случајот „Монструм“ против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година.
Судскиот процес, кој го води судијата Огнен Ставрев, почна со читање на обвинителниот акт.
Обвинителот Наум Пановски рече дека остануваат на првичниот обвинителен акт, со кој обвинетите се товарат за тероризам.
Шест лица беа осудени во „Монструм“ на казна доживотен затвор под обвинение за тероризам.
На обвинителна клупа денеска се четворица обвинети, додека првообвинетите Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои има меѓународни потерници со години се во бегство во Косово.
На 24 ноември Врховниот суд на Република Македонија ги уважи жалбите на одбраната за случајот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковското Езеро. Првостепената и второстепената пресуда за предметот се укинати и се враќаат на повторно одлучување во Кривичниот суд.
Јавната обвинителка Лилјана Спасовска тогаш побара укинување на првостепената и второстепената пресуда и враќање на предметот „Монструм“ на повторно одлучување поради неутврдена фактичка состојба, но и поради евентуално постоење на прислушувани разговори кои би можеле да го сменат текот на постапката.
Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.
За петкратното убиство кај Смилковското езеро, на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Самил Љута.
По укинувањето на пресудите, Врховниот суд во декември лани ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.


Зошто тогаш обвинителството бараше повторување на веќе добиен судски процес ако обвинението им е исто?
12-02-2018, 12:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,205
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:СЈО го презеде случајот за масакрот кај Смилковци

[Image: katica-janeva-520x390.jpg]

21.03.2018
Специјалното јавно обвинителство денеска на пладне започна прес-конференција на која информираше дека воспоставиле надлежност за предметот „Монструм“ за петкратното убиство кај Смилковско езеро.
-Се надеваме дека за рочиштето во април ќе бидеме спремни за презентирање пред судот. Продолжува постапката во фазата во која се наоѓа предметот, истакна денеска Катица Јанева.
Убиените беа четири момчиња на возраст од 18 до 21 година од скопската населба Радишани, Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски и Кире Трпковски, како и 45-годишниот Борче Стевковски од селото Црешево.
Убиствата се случија на 12 април 2012 година. Обдукцијата врз убиените покажала дека во нив е пукано од три типа огнено оружје, зашто се најдени чаури од три различни типа муниција, што наведува дека има повеќе од еден извршител на чинот.
22-03-2018, 03:46 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,205
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Обвинетиот Азири разговарал со Невзат Бејта од ДУИ


[Image: smilkovsko.jpg]



17.04.2018

Горан Наќевски, татко на Александар кој заедно со уште четворица пред шест години беше убиен кај Смилковското езеро, на денешното рочиште за случајот Монструм се обрати пред судот.
И тој, како и претходно неговата сопруга побара од судот јавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот Монструм.
-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината. Исто така, Заев ни рече дека Опел Омегата, или возилото со кое се превезувале извршителите е на МВР. Заев не ни исполни многу ветувања, ни ветуваше дека ќе се дознае вистината, но тоа не се случи. Тој со доказите што ги поседува манипулира и уценува, истакна Наќевски пред судот.
17-04-2018, 01:51 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,205
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

(17-04-2018, 01:51 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:Обвинетиот Азири разговарал со Невзат Бејта од ДУИ


[Image: smilkovsko.jpg]



17.04.2018

Горан Наќевски, татко на Александар кој заедно со уште четворица пред шест години беше убиен кај Смилковското езеро, на денешното рочиште за случајот Монструм се обрати пред судот.
И тој, како и претходно неговата сопруга побара од судот јавно да се објави чии се петте телефонски броеви кои се заведени како државна тајна, а комуницирале со сега обвинетите во случајот Монструм.
-На една од средбите, сегашниот премиер Зоран Заев ни кажа дека тие броеви се на пет функционери од ДУИ, а ни покажа и транскрипт од разговор воден помеѓу потпретседателот на ДУИ, Невзат Бејта со обвинетиот Фејзи Азири. Не ни ги даде транскриптите бидејќи ни рече дека ќе сторел кривично дело, но затоа бараме од судот да изврши претрес во СДСМ и да ги одземе овие документи. Бараме и Заев, ако треба и стражарно да се донесе во судница, па тука да се соочи со сите родители за да видите дека ја зборуваме вистината. Исто така, Заев ни рече дека Опел Омегата, или возилото со кое се превезувале извршителите е на МВР. Заев не ни исполни многу ветувања, ни ветуваше дека ќе се дознае вистината, но тоа не се случи. Тој со доказите што ги поседува манипулира и уценува, истакна Наќевски пред судот.



Quote:Апасиев: Во цивилизирана држава Заев ќе лежеше в затвор



April 17, 2018
[Image: -Апасиев.jpg?resize=696%2C520]

„Во цивилизирани држави, ова однесување на сегашниот премиер (да имаш докази за убиство, а да не ги даваш) се вика „ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА“ и се лежи побајаааги затвор“.
Ова е коментарот на професорот Димитар Апасиев по обвинувањето на таткото на Алексадар Наќевски, едно од убиените момчиња кај Смиљковското Езеро.
Тој во судот го обвини премиерот Зоран Заев дека иако неколкупати им ветил дека ќе ги каже имињата на функционерите на ДУИ, сега откако склучи коалицијата со ДУИ, тој манипулира со доказите кои што можат да доведат до вистината за „Монструм“
Апасиев кој важи за интелектуалец без влакна на јазикот алудира дека Заев свесно штити високи членови на ДУИ со цел да не го загуби партнерот во Владата.
Апасиев вели дека се чувствува „прекурчено од угодување кон ‚коалициониот партнер’“.
17-04-2018, 09:37 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,205
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

[Image: 30707024_366487380520628_786151557748175...e=5B57E52A]
17-04-2018, 11:44 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,205
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Мајка на дете убиено кај Смилковско: Иако беа мртви, цела ноќ им течеа солзи од очите

Таткото на едно од убиените деца, бара премиерот Заев да го исполни ветувањето и да ги каже петте телефонски броеви на функционерите од ДУИ, како и да се изврши претрес во седиштето на СДСМ и Заев стражарно да се приведе и да се донесе во судот за да се соочи со родителите.

[Image: 30krivicen-sud-smilkovsko.jpg]

Родителите на жртвите од петкратното убиство кај Смилковско езеро на денешното рочиште за случајот „Монструм“ побараа да се обратат пред Судот, пред обвинителите и пред новинарите и упатија заеднички барања. Зборуваа мајката и таткото на едно од убиените момчиња Александар Наќевски, Зорица и Горан.
Мајката побара судот и јавното обвинителство да ја утврдат улогата на обвинетите – дали се поврзани во настанот како директни извршители или помагачи. Да ја утврди природата на пораките на петте функционери на ДУИ. Да се насочи кон утврдување на двајцата НН сторители кои се посочени од заштитениот сведок, но не се опфатени со истрагата зашто биле недостапни за органите на прогонот.
– Тука веќе се слуша гласот меѓу Фејзи Азири и НН лицето: „Вечерва сонував еден многу лош сон. Сонував еден сон како да му ги врзаа рацете на момчето и плачев па си велев да не не се израдувам, да не не го завршам тој никавец“ – цитираше мајката транскрипт од разговорот.
Таа побара и да им го вратат телефонот на нивниот син бидејќи е многу важен.
– Нашите деца во четврток се убиени, во петок се донесени дома. Беа со отворени очи. Во петокот цела ноќ, до саботата попладне, кога ги погребавме, им течеа солзи. Сите кои си поигруваат со нашите деца да се плашат од тие солзи – рече мајката Зорица.
Да се обрати под целосна кривична и морална одговорност побара и таткото на Александар, Горан Наќевски.
– Јас, Наќевски Горан, изјавувам дека кога бевме кај премиерот Зоран Заев како што знае целокупната јавност почитуваниот премиер Заев ни вети дека ќе ни ги даде имињата на петте функционери на ДУИ чии телефонски броеви се чуваат како државна тајна – рече таткото.
Тој додаде дека Заев им покажал транскрипт од разговор меѓу обвинетиот Фејзи Азири и поранешниот градоначалник на Гостивар, Невзат Бејта.
– Како што знае јавноста од политички причини, по неговото ветување да ни ги даде петте телефонски броеви на функционерите од ДУИ кои се државна тајна, не го исполни ветувањето. Сметаме дека во моментот во седиштето на СДСМ се наоѓаат тие материјали. Бараме претрес да се изврши, бидејќи сметаме дека Заев со истите манипулира и уценува. Бараме и да нѐ соочите со Заев ако може и сега ќе чекаме до 12 часот, стражарно да го доведете и да се соочиме тука пред вас и обвинителите со него – рече таткото.
Тој кажа и дека Заев им рекол оти автомобилот „опел вектра“ со кој наводно се превезувале извршителите е на МВР.
18-04-2018, 01:31 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,205
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Се одложи рочиштето за Монструм, Фетаи тврди дека се спремни, но во судницата не се појави обвинетиот Азири

[Image: smilkovsko-1-696x379.jpg]

17.04.2018
Обвинителите од СЈО, Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска и Гаврил Бубевски ќе се обидат да ја разоткријат мистеријата околу петкратното убиство во 2012 година што се случи кај Смилковското езеро. Денеска во Кривичниот суд се одржува првото рочиште откако предметот го презеде СЈО.
Сепак, денешното рочиште ќе се одложи бидејќи во судницата не се појави обвинетиот Фејзи Азири, кој според неговиот адвокат вчера бил хоспитализиран.
Обвинителката Феати истакна дека Специјалното обвинителство е спремно и дека денеска очекувале да почнат. Таа реагираше на отуството на обвинетиот Азири бидејќи само со едно писмо, без медицинска документација за неговата дијагноза, адвокатот Насер Рауфи се обиде да го оправда неговото неприсуство.
Судијата Огнен Ставрев реагираше дека за отсуството на обвинетиот требало да добијат известување од Штипскиот затвор, каде Азири издржува затворска казна. Наредното рочиште за „Монструм“ е закажано за 15 мај.
18-04-2018, 01:24 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,205
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Вечерва на Клиниката за пулмологија уапсен Фејзи Азири, обвинет во „Монструм“


17.04.18  
Фејзи Азири обвинет за случајот „Монструм“ кој беше осуден со правосилна судска пресуда на шест ипол години затвор за нелегално оружје, вечерва е уапсен на Клиниката за пулмологија и алергологија и ставен под полициски надзор дознава Алфа ТВ.
[Image: brza-pomos-klinika-bolnica-urgenten.jpg]


Штипскиот затвор уште на 28 февруари го известил Судот и Управата за санкции дека Азири е во бегство но неговото апсење се случи месец ипол покасно и тоа откако денеска под притуисиок на јавноста излезе информација дека бегалецот ниту некој го барал ниту пак Судот и Управата за санкции знаеле каде е.



Quote:НЕ ЗАДОЦНИВМЕ СО АПСЕЊЕТО НА ФЕЈЗИ АЗИРИ, КАЖА МИНИСТЕРОТ СПАСОВСКИ ЗА ОБВИНЕТИОТ ВО „МОНСТРУМ“

18.04.2018
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кажа дека полицијата не задоцнила со апсењето на Фејзи Азири, еден од обвинетите во случајот „Монструм“, на денешната промоција на Програмата на одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР – Јакнење на интегритетот на полициските службеници.
Како што кажа Спасовски, Азири, кој се бараше по потерница од затворот во Штип, вчера попладне бил стражарно обезбеден на Клиниката за пулмологија и според него, случајот е целосно расчистен.
„Апсењето на Фејзи Азири не беше воопшто доцна. Во моментот кога е пронајдено лицето, стражарно е обезбедено на Клиниката за пулмологија. Ние во истиот момент не можеме практично да ги информираме сите медиуми, после тоа ги известивме медиумите и го известивме затворот кој што распиша потерница или барање за нивно приведување. Во тој дел случајот е сосема расчистен“, ја пренесе МИА изјавата на Спасовски.



Не го уапсиле скоро два месеци а не задоцниле со апсењето. Кој од кој во власта еполуд.
18-04-2018, 01:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,205
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Заев: Ќе сведочам за „Монструм“ако судот побара

21.04.2018
Ќе се појавам како сведок во „Монструм“ ако судот го побара тоа од мене, рече премиерот Зоран Заев. Во врска со изјавите на семејствата на убиените деца и обвинувањата против него дека ги крие бомбите за „Монструм“, Заев рече дека сите материјали се предадени од СДСМ до надлежните.

За тврдењата за разговор помеѓу Фејзи Азири, еден од обвинетите во случајот, и ексградоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта, Заев објасни дека во бомбите имало разговор меѓу двајцата, во кој Азири барал субвенции за земјоделство. Заев тоа им го кажал и на родителите на убиените момчиња на средбата со нив. Премиерот додаде дека нема намера да биде истражител и дека остава на судот да си ја работи работата.






Во подолу цититаните изјави кои ги давал Заев нема збор дека се барале субвенции за земјоделството.  Ваков нечовек за да остане на власт кој знае шро е се спремен  фа направи.


Quote:Седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, вели лидерот на СДСМ, Зоран Заев во интервју за весникот „Ди Цајт“.
„Тие неправедно седат во затвор“, вели Заев, но стравува оти објавувањето на „вистината за случајот“ може да предизвика немири во албанската заедница во Македонија.

Quote:По објавувањето на бомбите за случајот „Монструм“ и за прашањето за името ќе исчезнат сите недоумици, порача лидерот на СДСМ Зоран Заев во неодамнешното интервју тв Арт.
– Не ја знаат вистината, ни оние кои се наводно виновни за убиствата во овој процес, и оние кои што ги изгубија животите, односно сега нивните семејства не веруваат дека е така како што е претставено во јавноста, и тие ја сакаат вистината. Тоа што ќе го обелоденам се телефонски разговори и смс пораки, нема јас да го толкувам тоа, јавноста ќе го протолкува сама како и досегашниот процес. Таа вистина ќе даде одговори на многу прашања. Може овој процес нема да ги даде сите одговори, но ќе даде огромен процент одговори и ќе расчисти многу облаци кои сеуште надвиснуваат над овој процес. Тоа не може да предизвика меѓуетнички конфликт, тоа може само да ги обедини сите кон општоприфатените вредности, кон човечноста, порача Заев.



Quote:Заев: Имаме снимки за страшниот случај кај Смилковско Езеро и за предавството на власта за името

Ќе бидат објавени снимки што го покажуваат предавството на сегашната власт за спорот за името на Македонија, изјавил претседателот на СДСМ Зоран Заев во денешното
 
„Ќе објавиме сè што поседуваме и за случајот „Монструм“, кога кај Смилковско Езеро беа убиени четири деца и еден возрасен човек. Ние ветивме дека ќе објавиме сè што поседуваме. Ќе покажеме и материјали за случајот „Монструм“, кој е исклучително страшен случај, во кој беа убиени четири деца и еден возрасен човек крај Смилсковско Езеро. Убиените се Македонци, а осудените се Албанци. Целата вистина што ја поседуваме за овој случај ќе ја објавиме, без разлика дали тоа ќе одговори на очекувањата на дел од граѓаните“, рече Заев.
(This post was last modified: 21-04-2018, 02:10 PM by ЈорданПетровски.)
21-04-2018, 11:33 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,205
Joined: Mar 2010
Reputation: 36

Quote:Мицкоски за „Монструм“: Убијците мора да одговараат, црната пропаганда на Заев му се врати како бумеранг


22.04.2018
-Секоја црна пропаганда на Зоран Заев му се враќа како бумеранг и станува негов противник. Ова е црн пример како може да се помине границата и да се тргува со чувствата на луѓето само за да се добијат политички поени, вели Мицкоски.

КУРИР: Актуелен е случајот „Монструм“, очекувате ли правдата да биде задоволена?

-Не е прашањето дали јас очекувам или не, единственото што мора да се направи е да одговараат убијците, и тука нема алтернатива. Секоја црна пропаганда на Зоран Заев му се враќа како бумеранг и станува негов противник. Прво тој кажа дека има информации за тоа кои се убиците, директно градејќи впечаток дека овие што се осудени не се убијците, тогаш тоа му одговраше бидејќи не беше власт тоа време. Се среќаваше со родителите, им читал транскрипти, за откако да дојде на власт сè да заборави, напротив се ослободија оние кои веќе еднаш беа осудени и се врати од почеток процесот. Го слушам деновиве како вели тие беа банални разговори меѓу осомничениот за убиство Азири и градоначалникот Бејта, па уште прецизно додава ”се работеше за 450 евра земјоделски субвенции”. Па ако се работело за земјоделски субвенции зошто им го пуштал разговорот на родителите на убиените деца, а второ прилично е чудно како од стотици илјади разговори тој се сеќава прецизно за разговорот помеѓу Азири и Бејта, па уште ја памети сумата за субвенции од 450 евра, а на пример не се сеќава колку е богат, па кога ќе го прашаат вели 6 или 7 милиони евра е богатството на Заеви, како тоа да е разлика од 100 денари. Ова има дефенција во науката, а тоа се вели лага. Се лаже во секој поглед, и се дозаплеткуваат, рече Мицкоски за КУРИР.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека „Монструм“ е случај кој станува црн пример, црно петно за тоа до каде може да се оди во политиката и колку болно може да се манипулира со чуствата на граѓаните и пред се со чувствата на убиените деца.
-Јас како родител, како индивидуа највеќе сочувствувам со тагата на родителите. Ова е црн пример како може да се помине границата и да се тргува со чувствата на луѓето само за да се добијат политички поени. Гледаме случај кој е дел од Тиранската платформа од која формано се откажаа, ама неформално ревносно ја исполнуваат. Сепак политиката мора да има морал и граници. Поради ваквото однесување Зоран Заев ја девалвира и позицијата политичар. Е сега овој политичар замислете одлучува за прашања што значат државен интерес, рече Мицкоски.
22-04-2018, 08:22 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 14,205
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
















По се пресудата ке биде ослободителна. Убиеците ке бидат непознати.
17-05-2018, 12:45 PM
Reply