Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Кој и зошто ја кочи интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#21

(22-01-2012, 08:59 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Наградно прашање: кој од модераторите се крие зад никот Флок?

Леле Мрачен, не фати живи. Што ти значи обука.SmajlitoSmajlitoSmajlito

22-01-2012, 09:34 PM
Reply
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#22

(22-01-2012, 08:59 PM)МрачниотКоњаник Wrote: Наградно прашање: кој од модераторите се крие зад никот Флок?

Која е наградата? B-)
Let me hear you make decisions without your television.
22-01-2012, 10:54 PM
Reply
Филибе Offline
Member
***

Posts: 196
Joined: Jun 2010
Reputation: 9
#23

(22-01-2012, 05:28 AM)toni_a Wrote: зошто тогаш изигравате грчки измеќари и се вадите со фрази:

„поддршка да, АМА/НО не безусловно„???
Ще ти отговоря с пример: Аз барам подкрепа од теб, за да започна на работа в фирма од твое село. Но по стар навик, или под влияние на чужди интриги, постоянно говоря на моите съселяни колко си лош и при това, без кой знае колко да го крия од теб, защото селата ни са близко едно од друго. Та срещаме се двамата на четири очи и ти ми казваш: Слушай, од мен имаш подръжка, но трябва да си оправим односите, не може така, нали ще работим заедно в фирмата, трябва да се насочим към нещата, които ни обединяват, а не тези които ни разделят. Аз се прибирам в село и казвам: Този е същия като неговият колега-измекяротMusic3.
...Как мислиш Тони, защо Топорчо е отворил такава тема:
http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=1784
За месец и половина, поне 110 негативни и нито една положителна статия во медиитеRazmisluva И така е барем од 15г.Da_ne_si_lud
23-01-2012, 12:57 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#24

(22-01-2012, 07:02 AM)TATAP Wrote: Тука е нужно малко уточнение-специално в Испания за българите имаше транзитен период от 2007ма до 2009та,през който единственото условие беше,че не можеха (новодошлите) да работят по договор (за други лица).Можеха да откриват собствени фирми без ограничение в престоя.
Като граждани на ЕС за удостоверяване на личността е достатъчна лична карта или паспорт,но все пак постоянно пребиваващите трябва да имат някъде посочен NIE (Número de Identificación de Extranjero) и адресна регистрация!От 2007ма сме под общоевропейки режим на идентификация,който е в сила за всички държави-членки на ЕС.

добро де,во Шпанија периодот ви бил таков.
Шпанија водела таква политика да овозможува работа по услови според своја проценка/потреба на инвеститори-фирми.
државата кажала дека нема да ми доаѓаат било какви не-работници или „работници„.

националните закони за документ,престој,азил,работа,социјални и сл. не ги мешај!

„транзитниот„ период ви важи сеуште во ЕУ бидејќи не сте изедначени како што се меѓусебно старите ЕУ членки.
се разбира дека не оспорувам национално законодавство и права!

НО, вие сеуште не сте изедначени со старите и вашите „слободи„ во рамки на ЕУ се разликуваат од држава до држава.


муабетот бтв ми беше сосема друг Icon_surprised
0+0+0=60%
24-01-2012, 12:28 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#25

(23-01-2012, 12:57 AM)Филибе Wrote:
(22-01-2012, 05:28 AM)toni_a Wrote: зошто тогаш изигравате грчки измеќари и се вадите со фрази:

„поддршка да, АМА/НО не безусловно„???
Ще ти отговоря с пример: Аз барам подкрепа од теб, за да започна на работа в фирма од твое село. Но по стар навик, или под влияние на чужди интриги, постоянно говоря на моите съселяни колко си лош и при това, без кой знае колко да го крия од теб, защото селата ни са близко едно од друго. Та срещаме се двамата на четири очи и ти ми казваш: Слушай, од мен имаш подръжка, но трябва да си оправим односите, не може така, нали ще работим заедно в фирмата, трябва да се насочим към нещата, които ни обединяват, а не тези които ни разделят. Аз се прибирам в село и казвам: Този е същия като неговият колега-измекяротMusic3.
...Как мислиш Тони, защо Топорчо е отворил такава тема:
http://forum.kotle.ca/showthread.php?tid=1784
За месец и половина, поне 110 негативни и нито една положителна статия во медиитеRazmisluva И така е барем од 15г.Da_ne_si_lud

не замарај со глупости!
и не дефокусирај!

Quote:Ховит побара од грчките и бугарските европратеници да не ја провоцираат Македонија

Жестока расправа во европскиот парламент за извештајот за Македонија подготвен од известувачот Риџард Ховит. Грчките и бугарските евро пратеници синхронизирано поднесоа речиси 100 амандмани. Ја критикуваат Македонија за лош сосед и бараат повторно бришење на придавката македонски од извештајот на британскиот евро пратеник.
...
23.01.2012, 18:22
...

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=86058
0+0+0=60%
24-01-2012, 12:32 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#26

ајде, да ја комплетирам „сликата„ ,некој од странство да не се осуди повторно да ме нападне :

Србија скептична за ЕУ членство!

0+0+0=60%
24-01-2012, 12:53 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#27

се појавија бугарите по пресудата од Хаг да тапшаат грчко рамо!

извршители на цигано-ахајска политика, да ги потврдат тезите и да дадат дополнителна тежина пред ЕУ...
од секогаш бугарите се шлепале покрај туѓо и чекале некоја трошка да им се додели/падне.

пс - башка сега кога голем дел од економијата им е под грчка капа и само Софија живее ,а сите други градови се пред колапс.

ппс - каде сте бре бугари од беломорска,каде се изгубивте?
0+0+0=60%
(This post was last modified: 26-01-2012, 04:56 AM by toni_a.)
26-01-2012, 04:51 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#28

Македонците од Вардарска ли ви „земале нешто„?

или србите и грците?

наводно „нижете успеси„ , ама за грција ве нема!
исто како србите - се обединувате околу грција. ортачите кога станува збор да се раздели/заколе бебето.

пс - далеку сте вие од тоа да ве наречам мајка!
0+0+0=60%
(This post was last modified: 26-01-2012, 05:04 AM by toni_a.)
26-01-2012, 04:59 AM
Reply
montehristo Offline
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#29

(26-01-2012, 04:59 AM)toni_a Wrote: Македонците од Вардарска ли ви „земале нешто„?

или србите и грците?

наводно „нижете успеси„ , ама за грција ве нема!
исто како србите - се обединувате околу грција. ортачите кога станува збор да се раздели/заколе бебето.


пс - далеку сте вие од тоа да ве наречам мајка!

(26-01-2012, 04:51 AM)toni_a Wrote: се појавија бугарите по пресудата од Хаг да тапшаат грчко рамо!

извршители на цигано-ахајска политика, да ги потврдат тезите и да дадат дополнителна тежина пред ЕУ...

од секогаш бугарите се шлепале покрај туѓо и чекале некоја трошка да им се додели/падне.

пс - башка сега кога голем дел од економијата им е под грчка капа и само Софија живее ,а сите други градови се пред колапс.

ппс - каде сте бре бугари од беломорска,каде се изгубивте?
Chitam Srbite vchera potpishale dogovor so OTE da go prodade udelot vo telekomot nivni za 318 milioni dolari/evra(ne e bitno).
Vladata zela zaem od domashni i strani banki za toj telekom da ostani vo racete na drzavata (80% udel na vladata na srbija).
Mozebi nema nikakva vrska so ovoj tekst, no e zanimlivost, koj shto smeta deka mu e prioritet.
Komunikaciska Infrastruktura
An inch today is tomorrow’s mile.
26-01-2012, 10:58 AM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#30

02-02-2012, 08:01 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#31


Quote:ОД ДИСТАНЦА: Тајната за "малата војна" и супертајните на груевизмот


Брoj 250 07.02.2012
Кои се тајните на актуелната политичка гарнитура во Македонија? Дали се работи за тајни проекти или, пак, во прашање е само параноја кај оние кои се критички настроени спрема оваа власт? Врз основа на кои критериуми и кои докази можат да се изнесуваат вакви претпоставки кои претендираат на вистинитост?

Според мое мислење, во моментов, постојат два типа на тајни проекти - едните се насочени спрема внатре и ги тангираат односите во т.н. македонскиот кампус или се однесуваат на устројството на внатрешниот поредок, вториот тип на тајна е поврзан со нашите надворешнополитички релации, кои, нормално, се рефлектираат и на домашен план.

Типичен пример за таен проект е АНТИКВИЗАЦИЈАТА. Но, зар антиквизацијата е тајна? Како може да се нарекува тајна овој "епохалниот проект" со чија помош веќе се гради новата идентитетска политика, проект кој ги надкрилува и кој им вдахнува живот на стотина други помали проекти?

Точно, антиквизацијата е денес нашата сурова реалност и идеолошката платформа врз која ќе се воспитуваат идните генерации. Но, кога Груевски дојде на власт во 2006 година, од антиквизацијата немаше ниту "А". Тогаш, антиквизацијата не беше ниту споменета во програмата на ВМРО-ДПМНЕ, за неа не се проговори на партиските средби или меѓу партиските органи, а не се популаризираше ниту во предизборната кампања.

Ова само покажува каква е политичката технологија на ВМРО - ДПМНЕ во однос на реализацијата на плановите кои се родиле во главата на лидерот или, пак, се донесени во тесен круг. Сите пеколни планови на власта - од партизацијата на администрацијата, на судството, па преку урбаното насилство какво што е "Скопје 2014", до контролата врз медиумите, итн. , беа изведени и се уште се изведуваат во сивата зона на политиката, односно, на начин што партиското го потиснува или го елиминира јавното и институционалното. Во таа сива зона, власта настапуваше како булдожер кој руши се пред себе, а во јавната сфера креираше илјадници, навидум, атомизирани субјекти, кои ја поддржуваа и ја пропагираа идејата за враќање на националните вредности кај Македонецот, односно, за реализација на преродбата. Кога секој проект ќе ги покажеше своите монструозни димензии, беше предоцна за каква било измена. Работата веќе беше завршена. Така, тајното стануваше јавно во Македонија.

Сепак, главната тајна или супертајната на груевизмот е поврзана со т.н. проект за САМОИЗОЛАЦИЈА на Македонија. Околу ова прашање се кршат копјата веќе пет години и темата за самоизолацијата може да послужи како еклатантен пример за судир на вредносни судови од кои зависи иднината на оваа држава - опозицијата и критичката јавност обвинуваат дека власта прави се што може за Македонија да не влезе ниту во НАТО и во ЕУ, а од друга страна, владејачкото мнозинство го тврди спротивното. Третиот фактор, меѓународната заедница, засега, одбива да се вклучи во оваа внатрешна дебата. Европа и Америка само порачуваат дека нивна задача е европските држави да се интегрираат, наместо да се изолираат. Тие се гаранцијата дека политиката на самоизолација нема шанси во Европа.

Така, засега, без отворено вклучување на медијаторите, тајната за самоизолацијата е во сферата на трансценденталното. Кантовски кажано, тоа е само претпоставка која нема емпириска верификација. Или, на ниво на аналитика - нема докази. Но, за политичкиот ум, кој живее денес и овде, ова е мала утеха.

Во изминатите години се случија многу катастрофални работи, сегашниот статус "ни таму-ни ваму" трае предолго, намерите за идните потези се конфузни и се неиздржани. Оттука, тајната за самоизолацијата на Македонија, за жал, не е само параноја на противниците на Груевски. Фактот што Македонија во овие пет години назадува на сите полиња, што е веќе инсталиран антисистемот, е доволно за да се констатира дека власта своите планови ( и тајни и јавни) - ги реализира бескомпромисно.

Меѓутоа, прашањето за тајните планови и сценарија не ги оптоварува само луѓето кои се опозициски настроени. Таква параноја постои и кај власта, односно, кај оние кои се претставуваат како нејзини најискрени поддржувачи и промислувачи. Мајсторите за тајни проекти стравуваат од тајните на другите мајстори. Како откривач на тајни и опасни сценарија за Македонија, по обичај, се јави Мирка Велиновска, со која, најискрено, најмалку имам желба да полемизирам или да ја анализирам.

Велиновска неодамна напиша дека во изминатите пет години дури и десните партии во Европа работеле на тоа да го урнат Никола Груевски, дека по секоја цена сакале "да го компромитираат и изолираат". Но, откако не успеале во тоа, решиле да "заиграат на верската конфронтација". Оттука следува и поентата: "со разигрувањето на Струга, му ставија до знаење (на Груевски, м.з.) дека мора да свитка глава до самитот на НАТО, инаку ќе го обвинат дека со својата политика предизвикува верски судири и така ја дестабилизира државата". Значи, западњаците се прочитани и овојпат нема да им помине планот за создавање на уште еден фингиран конфликт во Македонија.

Дали Велиновска настапила како слободен стрелец или, пак, верно ги пренела стравувањата кај владејачката врхушка, исто така, барем извесно време, ќе биде тајна.

Оттука, по ваквите размислувања, иницирани од вмровскиот кампус, доаѓаме и до најголемата тајна на Груевски - каков му е планот доколку навистина биде изложен на голем притисок од Запад?

Дали е попаметно да се биде херој или да се биде реален и прагматичен? Ја знае ли некој оваа тајна? Тешко е да се даде одговор на оваа дилема. Сепак, едно е сигурно - како и да постапи, Груевски ќе биде лузер.

Затоа, кога се елаборираат тајните планови и црните сценарија, и тоа од аголот што им е близок на груевистите, лузерството на оваа власт е дел од приказната. И тоа е поинтересниот дел од сторијата.
10-02-2012, 10:42 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#32

(11-01-2012, 03:26 PM)hristo Wrote: Што да кажам за текстот. Исто чувство како кога го читав Кодот на Винчи од Д.Браун. Постојано се вртев кон вратата очекувајки дека некое униформирано лице ке се појави со мустаки и строг поглед. Пола да е вистина од напишаното, ке е страшно. Јас ги немам тие информации. Ке биде интересно другите поинформирани форумџии дали ке ги потврдат тезите и фактите на Флок!?

Веќе и самиот Груевски ги потврдува не се крие

вака :

1)
Зошто Груевски се откажува од Македонците во Грција?
08.02.2012

Еве што напишал Груевски во својата колумна за „спогодбата“ со Грција: „За да дојде до таа Спогодба ние сменивме знаме и устав, и се ОТКАЖАВМЕ ОД ГРИЖА за нашето малцинство, само за да не бидеме попречени од Грција при наше зачленување во меѓународни организации, на што Грција се обврза“.
Точно е дека сменивме знаме и устав, но од грижа за нашето малцинство не се откажавме.
Во Уставот сè уште пишува:
Член 49
Републиката се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија, го помага нивниот културен развој и ги унапредува врските со нив.
Републиката се грижи за културните, економските и социјалните права на граѓаните на Републиката во странство.
Овој член не беше изменет, туку беше дополнет со АМАНДМАН II:
1. Републиката притоа нема да се меша во суверените права на други држави и во нивните внатрешни работи.
Значи, сè уште премиерот има уставна обврска да „се грижи за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија“, да „го помага нивниот културен развој“ и да „ги унапредува врските со нив“.
Зошто Груевски тврди дека „се откажавме од грижа за нашето малцинство“ во Грција? Зарем со таквата изјава не се откажува од припадниците на македонскиот народ во Грција?
Дали Груевски не го познава Уставот (иако има положено заклетва дека ќе владее согласно Уставот) или, пак, намерно манипулира со светската и македонската јавност?
http://www.okno.mk/node/16922

2)
Попоски ги повика Македонците во Албанија да не го бојкотираат пописот

Тирана, 4 октомври 2011 (МИА) – Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во рамки на посетата на Тирана, вчера попладне се сретна со претставници на Македонците во Албанија, кои детално го запознале со проблемите со кои се соочуваат.

- Ние го запознавме Попоски со нашата одлука, што ја донесовме со другите малцинства дека Законот за попис не е демократски, за членот 20 кој предвидува казна од илјада долари за оние кои ќе се изјаснат поинаку од она што ни пишува во матичната евиденција. Нас на пример кои живееме во Гора и Голо Брдо не ни се признава статус малцинство и ние според овој закон треба да се попишиме како АЛБАНЦИ . Така е и за сте Македонци кои живеат надвор од границите на областа Мала Преспа, каде единствено се признава статус малцинство. Ние му кажавме дека сме Македонци со мајчин македонски јазик, изјави Ќејвани.

http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=87303659&lId=1

3)
Македонците во Бугарија никогаш не ги ни спомнува

Сума сумарум
Груевски нит се чуствува како Македонец ниту работи за интересите на Македонија и Македонците
Тој со својте здруженија на погрчени дечиња бегалчиња си работи за интересите на својата татковина Грција
(This post was last modified: 13-02-2012, 10:28 AM by Flok.)
13-02-2012, 10:27 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#33



Quote: (Де)стабилизација



Познатиот старогрчки филозоф Диоген бил осудуван од страна на судот со прогонство од земјата, поради некое не добро дело што наводно го сторил. Прашуван од судот што би имал да каже во однос на изречената казна, тој одговорил - вие ме осудувате со доживотно прогонство од сопствената земја, а јас ве осудувам со доживотно останување во неа каде што владеат подметнувањата, алчноста, лагите и омразата.

Претпоставувам дека и кај нас таквата казна би се почувстувала како среќа, за разлика од несреќата што ќе мора да ја споделат тие што ќе останат во земјата. Сигурно дека на овдешните луѓе насекаде им е многу подобро отколку во сопствената земја. Тоа е подарок од овдешните политичари кои еве 22 години не печат во пеколот ветувајќи ни го рајот. Цело време се перат мозгови со некаква светла иднина од која се повеќе ни се помрачува. Се понижуваат вредности а се возвишуваат порази. И затоа напуштањето на земјата овде се доживува како напуштање на мракот и зграпчување на светлината. Луѓето знаат дека залудно е да очекуваат дека мракот ќе им биде истеран со помош на мрачни сили. И не сакаат да загубат време со вакви водачи кои штом ќе загледаат мала светилка во тунелот, веднаш ќе трчаат да ја згаснат.

Национализмот и клерикализмот е омилен аперитив и десерт во дневно-политичкиот мени на нашиот премиер. Тој изгледа страда, или пак глуми дека страда од хипохондрична потреба да го брани својот народ од опасностите што само тој ги гледа. А впрочем се работи за опасности што самиот тој ги произведува. Тој самиот повеќе создава отколку решава проблеми, па оттука констатацијата дека тој народ најмногу е загрозен токму од неговата политика. Историјата е полна со водачи што имале мало срце и големи амбиции, а тоа е смртоносна смеса за судбината на милиона луѓе. Луѓето со години се поделени и скарани сите против сите и немаат веќе време ни да си ги копаат нивите оти се зафатени со ископувањето на очите.

Цело време меѓународната заедница ни ја читаше добронамерната молитва, а ние реагирамве како безбожници. Ги пцуевме, ги вреѓавме, ги етикетиравме, ги дисквалификувавме, ги прогласувавме за "нон грата" и што уште не. И конечно дигнаа раце од нас. Сега се наоѓаме на крстопат меѓу погрешното и загубеното. Меѓународната кризна група во својот последен извештај наведува дека ако Македонија не ги реши своите основни проблеми, таа до 2014 ќе се распаднела. Слични анализи доаѓаат и од повеќе релевантни западни аналитички центри и институти, за кои овдешната јавност не знае ништо. Берлинскиот институт за меѓународни и безбедносни работи, како многу влијателен организам во градењето на европската политика предвидува воведување на "мобилни граници" во Европа. Тоа би значело отцепување на Каталонија, Валонија, Шкотска итн. Со тоа конечно пак ќе се разбуди балканскиот лош дух, на кој единствен талент му се границите. Тогаш останувањето на Македонија во географската карта, со оглед на проблемите што ги има, може да биде само по некоја голема случајност. Таа сега има мал број пријатели во светот. Но, и тие се многу разочарани. Власта енормно го надуеше политичкиот балон што е прашање на време кога ќе експлодира. Со многу сложена политичка клима, со поделби по сите основи, со катастрофална социјална состојба, со создадената омраза и со постојниот криминал - сме многу поблиску до хаосот отколку до разврската. Економијата ни е како на Буркино Фасо; деца исчезнуваат како во Колумбија; луѓето се убиваат како во Дарфур; банките се ограбуваат како во Могадишу; етничката коекзистенција како во Нигерија. А власта сеуште се фали!!!

Но, како и да е, конечната разврска се наближува. Од нас зависи дали и понатаму ќе ги следиме црните облаци или ќе се свртиме кон ведрината. Власта мора да престане со такво владеење кое безскрупулозно го уништува рационалното кај луѓето, нациите и културите. Државата не се води со целосно узурпирање и партизирање на нејзините институции, со партизирање на судството, медиумите, синдикатите, па се' до рибарските друштва. За жал сега ако не сте во партијата на власт - не сте никој и ништо, а не сте ни човек.

Под хитно треба да се почне со решавањето на главните проблеми. Најпрвин национализмот треба да се замени со рационализам; антиквизацијата со иднината; партизацијата со професионализмот; манипулацијата со реализмот. Конечно ова година ќе биде круцијална за политичката судбината на власта и на сите нас. Власта сега или ќе влезе во историјата или ќе не' носи нас во неа. Стратегиските одлуки не се донесуваат врз основа на сондажи за името. Тоа е исто како да ги прашувате луѓето - дали би сакале да лежат на хируршка маса? Нормално дека тие би одговориле негативно. Но, кога ќе им објасните дека операцијата е неопходна поради загрозувањето на нивниот живот, тогаш ќе добиете дијаметрално спротивни резултати. Но, тоа не се постигнува со Антика и Тројански коњи кои зачувувајќи го името сите ќе не оставаат без име. Нашите водачи не се спремни да преземаат одговорност. Тие цело време чекаат реката да се пресуши за да ја преминуваат. Ова што го праваат министрите од ДУИ е екскурзија за телото и умот. Власта не е свесна за нејзината историска задача. Уште помалку сфаќа дека секој проблем што е решен е подарок за неа. Таа продолжува да се занесува со споменици и е на пат сите да не' претвори во споменици. Власта која гради вакви споменици го заслужува минатото.

А можеби форсирањето на името од страна на нашата власт е само смоквин лист за покривање на некој голем историски срам сторен од нашите водачи. Диоген заминал од својата земја, а нашите водачи вечно ќе останаат тука оти никаде не можат да најдат ваква идеална земја. Барем за себе.

Мерсељ Билаљи
13-02-2012, 02:42 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#34



Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
22-02-2012, 12:14 AM
Website Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#35

Ставови на Стојан Андов за евроинеграциските процеси:

Quote:По двегодишна пауза, посредникот во македонско-грчкиот спор, Метју Нимиц, го посети регионов. Како претходница на ова, на почетокот на годинава македонскиот и грчкиот преговарач беа на одделни средби со Нимиц во Њујорк, но тогаш не произлезе ништо суштинско, освен меѓусебни обвинувања за неконструктивност и некооперативност. Какви се вашите очекувања од деценискиот процес на преговори за името на земјава во пресрет на претстојниот самит на НАТО во Чикаго?
- Посетата на Нимиц во Скопје и Атина е неговата сегашна активност, која е резултат на зголемената важност што меѓународната заедница ја вложува кон решавање на овој спор. Оттаму, долгото мирување на медијаторот со поединечни ретки и повремени средби, на кои се констатираше дека нема напредок за решавање на спорот, се заменува со посета на двете држави, веднаш по разни интервенции и предупредувања, и кон Македонија и кон Грција. Овој проблем треба да биде решен предупреди директно и САД.

Исто така, ова дава голема шанса која треба да ја искористиме, затоа што во спротивно, ќе останеме на периферијата и во нас ќе загубат доверба пријателите кои сакаат да ни помогнат. Основната оценка е дека ова е шанса за земјава да издејствува, да овозможи инцијатива и идеи за брзо решавање на спорот, да се отворат вратите на НАТО во Чикаго во мај.

2. Кои се допирните точки во кои може да се нагодат двете држави и постои ли воопшто доволен маневарски простор двете „страни“ да постигнат компромис?
- Ако двете страни подеднакво искажат почитување на Времената спогодба од 1995 година, како и резолуциите од 1993 година, вклучувајќи ги сите правни објаснувања на документите од страна на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, сосема е јасно што и како треба да се реши. Според сите тие документи, спорот е само за меѓународното име на Македонија, кое мора да го содржи зборот Македонија како тежиште. Во Резолуцијата 817 стои дека таа референца ќе се употребува за потребите на Обединетите нации.

3. Што станува во однос на употребата на евентуалното ново име во билатералната комуникација?
- Мислам дека државите кои не признале и не не признале под уставното име, треба да ги оставиме да одлучат самите, бидејќи тој дел не бил и не е предмет на преговорите. Затоа, никогаш тоа не треба да се третира како прашање. Државите сами ќе си одлучат дали новото име ќе ја применат во билатералните односи или во комуникацијата ќе остане нашето уставно име.

4. Македонската влада, повикувајќи се на пресудата на Меѓународниот суд на правдата, бара влез во НАТО под привремената референца, со тенденција да продолжи да трага по заедничко решение со Атина. Како ја оценувате тактиката на македонската страна да инсистира на хашката пресуда?
- Хашката одлука значи правно прецизирање и објаснување на сите решенија во двете резолуции на ОН и Времената спогодба. Прва обврска е страните да продолжат да преговараат и што поскоро да го решат ова прашање. Нашите за тоа не зборуваат, туку само за делот од одлуката дека Грција ја прекршила Времената спогодба. Тоа е точно и тоа стои, меѓутоа тоа не е целосно значење на одлуката, која пред се, инсистира да се реши зборот, па потоа наведува дека Грција не требало да ја попречи Македонија, но не и забранува да го повтори тоа, со надеж дека низ разговори тоа прашање ќе биде затворено.
Е сега, што значи пренагласувањето на хашката одлука? Имено, нашето толкување на оваа пресуда се разликува од толкувањата на сите земји-членки на НАТО и генералниот секретар на Алијансата. Тоа значи дека нашите се определуваат за став кој оневозможува решавање на Грција, бидејќи ние не сме за решение на спорот, туку под привремената референца да влеземе во НАТО во Чикаго, преку спореден пат.
Ама, сосема е јасно дека тоа е невозможно! Значи, пресудата определува дека се преговара само за меѓународна употреба на новото име, без да се менува Уставот, што е препрека на грчкото „ерга омнес“ барање. Поради тоа, на Грците многу ќе им помогнеме ако сега едноставно не преговараме и сите карти ги ставиме под ФИРОМ. Тоа е дефинитивно алиби.

5. Со оглед дека периодов главната дилема е дали спорот за името на државата е поврзан со идентитетот на граѓаните, дали утврдување на ново име за меѓународна употреба, со реална можност тоа име да се користи и во билатерална комуникација, автоматски повлекува промена на идентитетот во историска, културна, јазична смисла?
- Во преговорите воопшто не се преговара за идентитетот. Идентитетот или го имате или го немате и никогаш не може да произлезе од било какви преговори. Тоа е потполно јасно и тоа не беше проблем меѓу двете земји до 2008 година. Тогаш, тоа како проблем го воведоа нашите експерти, што е позиција на тешка пониженост. Дозволивме нашиот идентитет да вреди или да не вреди ако некој ти го признае. Тоа значи недоизграденост, некомплетност и несигурност во сопствениот идентитет. Зошто актуелната влада го направи тоа, навистина не знам. Тоа е голема грешка што ја остави и ја изнесе на маса. Досега немало случај некој да преговара за идентитет.

ВМРО ЌЕ ПАДНЕ, АКО ПРОДОЛЖИ СО АВАНТУРИСТИЧКА ПОЛИТИКА

6. Дали тајмингот на воведување на идентитетот како предмет на разговорите е во корелација во процесот на таканаречена антиквизација, имајќи во предвид оти почнаа речиси истовремено?
- Па да. Тоа беше тогаш најавено на Сител со соопштение со владини извори со оние 12 точки, што беше многу погрешно. Ние мислевме дека тоа е смешно, но стана практика и реална политика. Аеродромот веќе беше преименуван, а тој процес кулминираше со стадионот, зградите, спомениците.

7. Дали овие потези, кои можеби и се непромислени, сепак, може да бидaт реална поткрепа на грчките тврдења дека Македонија кон нив има територијални претензии?
- Во политичките разговори Грците ги наведуваат тие елементи дека во нашата земја тлее амбиција на иредентизам. Сите карневали и навивачки песни, кај нас одразуваат една состојба на духот, барем на политички построениот дух. Еве, сега и најголемите владини пропагатори признаваат дека настапите на навивачите имаат и политички назнака. Овие адети треба брзо да се напуштат. Какви Солунски полиња, кога ние сме членки на ОБСЕ, во чии основни документи границите се неприкосновени. Искажување на аспирации, дури и преку песни, се спротивни на обврските кои Македонија ги прифатила при приемот во оваа организација.

8. Држат ли тезите дека Македонија не може да опстои на долг рок надвор од евроатланските структури, пред се, поради албански фактор, или станува збор за неоснована претпоставка?
- Не само заради Албанците, Македонија не може да издржи поради внатрешните ограничувачки фактори. Таа политика која со измислици не спречува да го решиме спорот за името и да влеземе во НАТО, во општиот систем на колективна безбедност, за да бидеме под истиот чадор со најсилните држави, создава амбиент на немоќ на државата да си обезбеди иднина. Ако тоа не го направиме, сите „ѓаволи“ што сега можеби прикриено постојат, ќе излезат на површина, бидејќи сега веднат глава. Како и да е, трајно ниедна држава на Балканот нема доволно капацитети, потенцијали и ресурси да опстане на подолг рок.

9. Значи, кои се загубите, а кои се добивките од статус-кво ситуацијата во однос на спорот за името?
- Секако, губиме углед, подршка, а што се губи подршката се губат и пари. Кога ги набројувам загубите, мислам дека тие загуби ќе ги претрпат граѓаните, а не владата. На внатрешно-политички план, не верувам дека по мај некој ќе го користи името како адут за општа мобилизација, бидејќи ефектите ќе бидат спротивни. Кој ќе го направи тоа, ќе ги загуби изборите.
ВМРО-ДПМНЕ еднаш освои убедлива изборна победа на крилјата на национализмот, ама јас велат дека ова повеќе е национал-авантуристичка партија, отколку националистичка партија, затоа што таа не застапува вистински национални интереси. Не може одбрана на национален интерес да биде сам да наметнуваш преговори за национален идентитет на македонскиот народ.
Така што, тоа е злоупотреба на националните чувства на граѓаните. Затоа, јас сметам дека идните избори, дури и да бидат предвремени, вмровците ќе ги загубат ако продолжат со оваа политика. Дотогаш сите нивни тези ќе се покажат како контрапродуктивни, кои и прават штета на државата.

НАМЕСТО ХОМОГЕНИЗАЦИЈА, НАРОДОТ СЕ ДЕЛИ

10. Во тој евентуален пад на актуелната владејачка гарнитура, која во 2006 година дојде на власт ветувајќи реформи и економски развој, каков удел би имала економијата? Иако во време на „преродбата“, статистички гледано, има повеќе инвестиции отколку претходно, сепак, тој обем не ги задоволува проектираните очекувања, кои се издигнаа на високо ниво. Притоа, невработеноста се уште останува структурен проблем.
- И тоа ќе има дополнително влијание! Странските инвестиции почнаа да се зголемуваат во 2006, 2007 и особено во 2008 година, не поради оваа влада, туку поради тоа што Македонија претходно доби кандидатски статус за членство во ЕУ. Тоа навести дека земјава навистина ќе зачекори во европските интеграции. Така, штом Албанија во 2008 година влезе во НАТО, а Македонија остана надвор, заинтересираните странски инвестиции наместо тука отидоа во Албанија.

11. Како гледате на континуираниот пораст на надворешното задолжување на Македонија последните години? Специфично е што главнината на долгот треба да се врати по следните редовни парламентарни избори. Има ли и во ова политика?

- Ние имаме ќе имаме нагло зголемување на бројот на пензионерите, а ни оддалеку такво зголемување на уплаќачите во пензискиот Фонд, па Фондот пука и се потешко ќе живее од инјекции од буџетот. Друго во однос на нашата економија, општо земено, не го достигнала нивото на национален бруто-општествен производ од 1989-1990 година. Притоа, драстично опаѓа економската сила на голем број економски семејства, бидејќи луѓе остануваат без работа и тие се директно оптоварување на буџетот, бидејќи станува збор за социјални случаи кои не уплатуваат пари. Тоа води кон очајна ситуација во државата.
Нашата структура е таква што во криза може да имаме висок раст, бидејќи за бизнис тука има ниски фиксни трошоци, закуп на плацови, простотии, евтина работна сила, која ја има на располагање. Она што фали е правната и безбедносната сигурност.
Во секој случај, логиката на постоењето на државата е да правиш добро кога ќе дојдеш на власт, а не да го повторуваш лошото што го правеле оние пред тебе. Новата влада во Македонија ќе треба да го напушти изолационизмот и да води отворена политика спрема странство.

12. Нели преку правната гилотина се олеснија бирократските процедури за отпочнување бизнис?
- Државата многу волунтаристички се однесува кон бизнисмените. Таа едноставно треба да ги остави на раат да го тераат бизнисот, а да не ги казнува и нивните права да не ги менува преку ноќ. Во спротивно, кој ќе дојде да инвестира во таква земја?

13. Периодов, во Собранието, во чија работа своевремено учествувавте како прв претседател и долгогодишен пратеник, повеќе наликува на арена за беспоштедна борба, отколку на храм на демократијата. На што се должи таа состојба?
- Фактички, по неколку клучни точки сегашната власт нема одговор, како на пример, застојот и влошувањето во меѓуетничките односи. Приказните дека опозицијата ги создава тензиите се за мали деца, бидејќи нив со работење или неработење може да ги создава само владата. Во неа е силата, инструментите, информациите... сите мрежи се во неа. Таа општа политика на меѓуетнички поделби, како и делби меѓу македонското ткиво, произведува рефлексии кои се спротивни на државните и националните интереси и има одраз во постојаниот живот.
Затоа, тоа има отсјај во состојбите во Собранието, кое е тотално немоќно пред владата. Напнатоста во општеството се пренесува во Парламентот, од каде пак, таа атмосфера оди назад меѓу луѓето.

Секогаш Собранието било арена за политичка борба, но секогаш се почитувале и некои вредности.
Поради тоа, треба да се познава битот на државата, да се има визија и да се создаде хомогенизација на народот и внатрешна интеграција, за да избегаме од судбината на држави како Либан и Ирак, каде нема мир бидејќи самиот народ е поделен.

14. Еден од вашите „проекти“ - процесот на лустрација се наоѓа во ќор-сокак. Владата упорно сака да протурка законско решение кое паѓа на Уставниот суд. Дали овој процес веќе ја загуби смислата и дали стана алатка за злоупотреба?

- Мојата замисла беше да се оневозможат тајните служби да вградуваат свои испостави во Парламентот, локалната и централната власт. Затоа законот го направив така да важи пет години од денот на донесување и после да прекине, по два циклуси локални и парламентарни и еден циклус претседателски избори. Во законот кажав убаво на што најмногу се однесува - на јавните фунцкионери. Јас сакав јавните фунцкионери да немаат никакви обврски према некому, туку да зависат само од народот кој ги избрал. Сега законот е битно променет и со други цели.

15. Сметате ли дека и новинарите треба да подлежат на лустрација?
- Новинарите во основа вршат јавна функција, работат за јавноста и многу е опасно ако меѓу нив има вградено соработници на тајните служби, бидејќи на крајот, тоа е опасно по нивните колеги, кои може да бидат отстранети ако не бидат послушници на тајните служби. Добро би било и тие да се лустрираат, пред се во јавниот сервис, а за оние во приватниот сектор да одлучи газдата.

Влатко Стојановски
http://www.plusinfo.mk/mislenje/442/Stoj...a-politika
23-02-2012, 02:50 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#36


(23-02-2012, 02:50 PM)hristo Wrote: 5. Со оглед дека периодов главната дилема е дали спорот за името на државата е поврзан со идентитетот на граѓаните, дали утврдување на ново име за меѓународна употреба, со реална можност тоа име да се користи и во билатерална комуникација, автоматски повлекува промена на идентитетот во историска, културна, јазична смисла?

- Во преговорите воопшто не се преговара за идентитетот. Идентитетот или го имате или го немате и никогаш не може да произлезе од било какви преговори. Тоа е потполно јасно и тоа не беше проблем меѓу двете земји до 2008 година. Тогаш, тоа како проблем го воведоа нашите експерти, што е позиција на тешка пониженост. Дозволивме нашиот идентитет да вреди или да не вреди ако некој ти го признае. Тоа значи недоизграденост, некомплетност и несигурност во сопствениот идентитет. Зошто актуелната влада го направи тоа, навистина не знам. Тоа е голема грешка што ја остави и ја изнесе на маса. Досега немало случај некој да преговара за идентитет.


Андов е ноторен лажго. Оваа е изјава на неговиот министер за надворешни работи. Изјавата е дадена 1994 година. Дали изјавата Стево Црвенковски ја дал без усогасеност со партискиот и државниот врв по прашање за преговорите за името и последиците од завршувањето на преговорите.


(28-10-2011, 01:16 PM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:30 AUG 1994

Hoce li Grcko - makedosnki pregovori najesen biti zamrznuti?

N. Makedonija" je objavila, jedno pored drugog pismo Generalnog sekretara UN predsedniku Savetu bezbednosti Juriju Voroncovu i pismo-odgovor Predsednika Saveta bezbednosti Generalnom sekretaru UN. U svom pismo Butros Gali informise da Sajrus Vens produzava misiju dobre volje te da se u vremenu od 10'13 jula Vens susreo i sa makedonskim ministrom Crvenkovskim i sa grckim ministrom Papuljasom. "Razgovori koje je g-din Vens vodio sa dvema stranama bili su posveceni glavnoj sustinskoj razlici izmedju Grcke i BJRM-a to je ime. Razliciti predlozi koji su vec prethodno bili nabaceni kao i odredjeni broj novih ideja, bili su detaljno razgledani od obe strane. Delegacija BJRM se pozvala na svoj izborni kalendar, a obe strane su se saglasile da najesen produze razgovore sa g-dinom Vensom", pise G. sekretar Butros Gali predsedniku Saveta bezbednosti.

Demantujuci novinarske zakljucke, ministar Crvenkovski jos potencira kako je makedonska delegacija jasno istakla stav da ne moze da prihvati nikakav dogovor koji bi ugrozavao nacionalni identitet makedosnkog naroda, te da pregovori oko imena nisu vodjeni niti da se takvi pregovori mogu voditi.
23-02-2012, 03:56 PM
Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#37

Македония заостана за ЕС

Гледам почна да има и коментари за припоюване пак към Сърбия Icon_razz

29-02-2012, 03:23 PM
Reply
TATAP Offline
турко-монгол
*****

Posts: 1,533
Joined: Aug 2010
Reputation: 35
#38

(29-02-2012, 03:23 PM)Илиян_Луков Wrote: Македония заостана за ЕС

Гледам почна да има и коментари за припоюване пак към Сърбия Icon_razz

Къде виде такъв коментар бе човек?!Накара ме да ги прочета всичките Glava_vo_zid
Когато говориш на Бог, това е молитва. Когато Господ ти говори - това е шизофрения.
29-02-2012, 03:39 PM
Website Reply
Илиян_Луков Offline
Senior Member
****

Posts: 456
Joined: Aug 2011
Reputation: 6
#39

(29-02-2012, 03:39 PM)TATAP Wrote:
(29-02-2012, 03:23 PM)Илиян_Луков Wrote: Македония заостана за ЕС

Гледам почна да има и коментари за припоюване пак към Сърбия Icon_razz

Къде виде такъв коментар бе човек?!Накара ме да ги прочета всичките Glava_vo_zid

Към края ... некой си апостол или нещо такова ...


29-02-2012, 03:43 PM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#40

Испаѓаат се повеќе и повеќе докази за предавничката улога на Груевски и неговите здруженија на погрчени бегалчиња

Интересно видео каде апла се гледа предавстото

Vo Centar - Koj e tatkoto na makedonskata privatizacija





Се е фино објаснето во интервјуто со Илинка Митрева од 00 и 55 до 14 и 50 минута

Јасно е дека Груевски како претставник на Грчката пета колона во Македонија и Ѕинго-Латасовиќ како претставници на Српската пета колона во Македонија цело време вршеле саботажа за зачленување на Македонија во ЕУ и Нато
Спрегата Грција –Србија преку Груевски и Ѕинго одлично функционира на наша штета .
22-06-2012, 12:41 AM
Reply