Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ИЗБОР НА ПРЕДСЕДАТЕЛИ НА ЗАДГРАНИЧНИ КОМИТЕТИ НА ВМРО ДПМНЕ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#1




[Image: Vmro-Dpmne-banner-ZK-600.jpg]



На ваков изум за "демократски" партиски избор ке позавиди и Ким Џонг-ун



[Image: Konkurs_za_Pretsedateli_na_ZK.jpg]



Кандидатите треба да се членови или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ во моментот на доставување на кандидатурата.
За поднесување на кандидатурата не се потребни потписи, туку доставување на биографија и програма за работа.
По доставувањето на кандидатурата, односно биографијата и програмата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и со него ќе биде извршен разговор.
Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината.



Председателите на Задганичните комитети кого треба да представуваат. ??? Раководството на партијата или членството.

Би го замолил да ми протолкува Мрачниот Коњаник.

30-12-2011, 11:03 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#2



Quote:Среда, 28 Декември 2011

Подршка на повикот до патриотската диаспора


[Image: janko_tomov.jpg]
Јанко Томов

[Image: Vmro-Dpmne-banner-ZK-600.jpg]


Македонското иселеништво, во ова време, сеуште е поделено-подвоено, како национално така и политички.

Националното подвојување е резултат на долговековното ропство и окупацији од околните народи на Македонците и на Македонија. Но, најголемото зло е во тоа што иселеништвото сеуште е под исвесно влијание, на шовинистичките анти-македонски членки на НАТО и Европската Унија, Грција и Бугарија.

Политичкото влијание, на дел од недемократските Македонци, врз дел од иселеништвото, ги затајува и желбите на осознаените Македонци, за пристапување и помасовно делување, во демократскиот живот. Таа демократска активност, во и помеѓу средините, во кои живееме, е насушна-базична потреба, на современиот западен свет, која води за блискост и соработка со денешната влада и нејзините институции на Република Македонија.

Кој ја попречува таа демократска антивност на Македонците во диаспората?

Пред се, остатоците на поранешната Југословенска УДБ-а, живите скептички инфорбировци- Сталинисти, Тодоровисти, Титовисти и Глигоровисти, како и сите комунистички елементи на раководствата, како дел од Демократската Армија на Грција, од Граѓанската војна на Грција во 1946-49 година.

Горните комунистички елементи-неосознаени Македонци, сеуште се наоѓаат на видни и одговорни функции во Македонските организации, во диаспората. Позначајни мегу нив се дел на Македонските Општини. Македонски црковни општини, поедини Македонски организации за човекови права, Македонски спортски, културно просветни и други друштва и клубови. Во нив спаѓаат и дел од неделните медијумски изданија-македонските весници. Скоро сите тие, не го дадоа својот допринос, во времето кога се ковеа-поставуваа темелите на демократијата, на македонското иселеништво, пренесено во Социјалистичка Република Македонија под СФРЈ. Тешките времиња, кога се оформија задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ, во 90-те години, од миналиот век.Таа истата политика, истите за жал и денес ја спроведуваат.

Затоа потребно е да се подржи акцијата на Исвршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Република Македонија, за поставување на правилни Претседатели на задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ, во диаспората. Тие идни Претседатели треба да ги отворат вратите на Задграничните Комитети на понапредните Македонски иселеници и сите Македонци, кои ја чуствуваат грижата за Македонија, и својата Македонска националност.

Со демократската патриотска активност на иселеништвото, која современо-демократски ке ја спроведува соработката, помеѓу нивните држави и влади, каде живеат, со матичната Република Македонија, ке се створат подобри услови за просперитет на Република Македонија.

За иселеништвото ке биде значајно и пресудно, опстанокот и продолжување на македонските национални, верски и традиционални својства и белези, помогнато од демократските влади на Република Македонија.

Задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ, во диаспората се единствени организации, кои ке соработуваат поблиску и попатриотски, со останалите постоечки Македонски организации и лоби групи во диаспората, а исто така и со невладините патриотски организации, на Република Македонија и етничките делови на Македонија, кои се под Грчка и Бугарска окупација и асимилација.

Со подобра организација на Задграничните Комитети, треба да се активираат и тие интелектуални и патриотски Македонци, кои досега имаа извесен притисок и влијание, од свои сонародници, кои беа на некој начин, во соработка со бившите про-социјалистички раководства, на македонските општини, друштва, клубови и разноврски организации и асоцијации. Специјална предност да имаат, се разбира преед останалите, тие патриоти кои на извесен начин допринеле или видно помогнале на ВМРО-ДПМНЕ. Исто така многу е важно нивното користење на Македонскиот литературе јазик и академскиот јазик на државата во која живеат.

Сето тоа ке створи и повеке разбирање И поблиска соработка мегу иселеништвото, со владата на Република Македонија, од една страна и од друга страна, со владите на државите, каде зивеат. А пак тоа ке влијае врз раководсатвата на меѓународните тела, како што се ЕУ, НАТО и ОН и пред другите меѓународни тела, за пристап на Република Македонија, во нив, како равноправна членка, со своето устано име и макеонискиот идентитет.


Кој е Јанко Томов:

Јанко Томов е роден во Струмица на 4. мај 1938 година.
!970 година со својата сопруга и двете деца, (син и ќерка) заминува за Австралија. Три години живеат во Сиднеј каде се раѓа и втората ќерка. Извесно време живеат во Перт. Последниве три децении живеат во Квинсленд.
Јанко Томов дипломирал на Факултетот за физичка култура при Универзитетот во Белград во 1961 година и се стекнал со звање виш спортски тренер од прва класа по спортска гимнастика и тренер по атлетика. Работел во „Партизан“ на Македонија и во Сојузот за телесно воспитување. Бил тренер и селектор по спортска гимнастика на Македонската репрезентација.
Во Австралија отпрвин работи како наставник по физичко воспитание и спорт во една гимназија во Сиднеј.
Како македонски активист Јанко Томов е основач и прв претседател на ВМРО-ДПМНЕ за Перт, Западна Австралија во периодот од 19.08.1990 година до јануари 1991 година.
Јанко Томов се занимава и со пишување:„Штафетни игри и полигони“ (прирачник за тренери и професори по физичко образование). Автор е на повеќе статии од национално-политички карактер, објавени во „Македонскиот патриотски билтен“ во Перт, во списанието „Глас на Македонците“ од Сиднеј, „Македонија“ од Мелбурн, како и во списанието „Македонско сонце“ од Македонија. Учесник е на бројни литературни читања на коишто ги претставувал своите лични поетски творби.



Материјалот за книгата „Античката историја на Македонија и Балканот во делата на западните автори“, Јанко Томов го наоѓал во библиотеките во Квинсленд и Бризбејн (Австралија). Притоа наишол на големброј книги во кои се споменува Македонија и македонската историја. Во значителен дел од нив античката македонска историја е погрешно прикажана како „грчка“, Александар Македонски како „Грк“ а неговата војска како „грчка војска“. Цитирајќи еминентни автори, Јанко Томов на читателот му нуди аргументи и можност за споредба помеѓу грешките и фалсификатите од една страна и вистината од друга.
Книгата е печатена во две јазични верзии: македонска и англиска.

И во втората книга "Солунскиот манифест од 1984 и движењето за човекови права во дијаспората"Јанко Томов на читателот му предочува текстови и документи (записници од состаноци, искази, резолуции, планови и стратегии за борбата за заштита на основните човекови права на Македонците) од кои може јасно да се согледа суровоста, асимилацијата и геноцидот што го вршат властите на соседните држави на Македонија, особено Грција, Бугарија и Албанија, земји во кои живее голем број Македонци.
(This post was last modified: 31-12-2011, 01:04 AM by ЈорданПетровски.)
31-12-2011, 01:03 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#3

Овие неколку работи посебно би сакал да ги искоментирам.


Quote:Пред се, остатоците на поранешната Југословенска УДБ-а,


Но, најголемото зло е во тоа што иселеништвото сеуште е под исвесно влијание, на шовинистичките анти-македонски членки на НАТО и Европската Унија, Грција и Бугарија.



Влијаниата на Грција и Бугарија можам да ги разберам, зад нив стојат држви кои ги финансираат. Кој ги финасира остатоците од поранешната Југословенска УДБа за да попречуваат демократска антивност на Македонците во диаспората????




Quote:Политичкото влијание, на дел од недемократските Македонци, врз дел од иселеништвото, ги затајува и желбите на осознаените Македонци, за пристапување и помасовно делување, во демократскиот живот. Таа демократска активност, во и помеѓу средините, во кои живееме, е насушна-базична потреба, на современиот западен свет, која води за блискост и соработка со денешната влада и нејзините институции на Република Македонија.




Затоа потребно е да се подржи акцијата на Исвршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на Република Македонија, за поставување на правилни Претседатели на задграничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ, во диаспората.



За каква демократија и демократска активност зборува Томов кога подржува-БАРА: "поставување на правилни Претседатели", со тоа бара да се укине правото на избор.
Човек кој 40 години живее во демократска држава ....


31-12-2011, 01:26 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4

Многумина ке речат дека изборот е внатрепартиска работа, но не е така. Се работи за начинот како Груевски ја поима демократијата. Оваа е прејасна порка дека се работи за диктатор.



Quote:Злате Мирчевски

а во времето на љубчо како се бираа
13 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Незнам, Злате. Но по онаа што го гледам, нема вистинско членство, туку една мала група која кога беше Љупчо, за Љупчо убиваа, па убиваа потоа за Љубе, сега ги плукаат и дваицата а сега убиваат за Грујо.
12 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Оваа порака ја добив како реакција на оваа што го напишав во одговорот на Злате, ке ја објавам, се разбира без името на испраќачот. Тој несака јавна дискусија и јас тоа ке го почитувам, но содржината е интересна и затоа еве ја:

Jordane ite beshe eden koj go podrzhuvashe Lupcho Lube i partijata ne znam zoshto tolku mnogu si protiv partijata.Za zadgranichniot komitet vo Toronto..VMRO a potoa DPMNE koj beshe sostaven od Dragan Bogdanovski koj beshe megu nas vo 1990 godina celta beshe za finansiska pomosh.Za da ima kade da dojdat nashite gosti toa vreme ne beva dobra dojdeni megu Jugomakedoncite nis dijasporata. 5000 dolari za registriranje na partijata beva od Toronto.Aktivni chlenovi imavme 105 so knishki imavme drugi koj se plasheja da se zachlenat.A za Lupcho toj beshe pretsedatel i go pochituvavme kako pretsedatel.Sega e Gruevski i go pochituvame kako pretsedatel.Ama nikogash ne se otkazhavme od partijata
10 minutes ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Jас секогаш сум ги подржувал и ги подржувам идеите за Самостојна, Суверена и Демократска Македонија .. Љупчо бил промотор на тие идеи и додека бил таков сум го подржувал. Со кадровските решениа 1998 година кога формира влада, јасно покажа дека ги напушта тие идеи и јас се дистанцирав од таа негова политика. Тоа го сторив јавно, пишувајки неколку текста. Во таа влада ако си заборавил една од клучните улоги имаше и Љубе Бошковски. Таа таква политика доведе до криминализација на ПАРТИЈАТА и до војната 2001 година.
По игра на случајноста со тебе имав средба многу бргу по моето доаѓање во Канада во јануари 2001 година, кога ти укажав дека Паријата се србизира и криминализира ти тоа го негираше и го величаше Љупчо, Доста, Љубе, Кадиевски ..
Со партијата под водство на Груевски, кон криминалот, корупцијата, тотална србизација на партијата се придодаде и апсолутистичкото владеење.
Ако изборот на кандидат за пратеник не ви беше јасен сигнал за тоталитаризмот во кој влегува партијата, изборите за председатели на Задграничничните комитете треба да ви ги отворат очите, дека председател на ЗК неможе да го избира комисија од Скопје, председателот треба да го избере членството на ЗК.
Предесдателот кого ке представува, членството или Предесдателот на партијата.? Во времето на Тито се именуваа партиски комесари-луѓе кои го чуваа ликот и делото на Тито.
пс. зошто во последен момент 2009 година, ја откажавте посетата на Брат Љубе и го ставивте на "црна листа". Колку што знам Љубе не промени ништо во политичките ставови 2009 година, му беа исти со оние кога јас и ти разговаравме 2001 година.
Партијата има свои определби и начела зацртани уште при основањето: Демократска Самостојна и Суверена Македонска Држава, интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, владеењето на правото, .... преседателите се тие кои треба да ги спроведуваат. Кои од овие начела и определби ги почитува Груевски...
9 minutes ago · Like
31-12-2011, 03:00 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#5

Quote:СРЕДА, 11 ЈАНУАРИ 2012


Во служба на македонскиот непријател


Јанко ТОМОВ, Бризбен, Австралија

Во мојата увертира, заедно со написот “Без лицемерие”, во “Македонска нација”, од претседателот на Светскиот Македонски Конгрес (СМК), Тодор Петров, испратена на 600 е-маил адреси на интелектуални Македонци, од светот, добив извесни реакции. Во тие реакции има голем број на читатели кои се сложуваат, како и мал број од нив, кои не се сложуваат, како и од ОМД, кои бараат повеќе информации за да го запознаат поблиску своето членство, со историските починати личности на Македонското движење во дијаспората, кои ги наведувам како пример за големината со своите дела, поединечно од починатиот поранешен претседател на Република Македонија, Киро Глигоров.

Од поранешна пракса, од мојата активност во Македонското движење во дијаспората, најмалку три децении, пред да се осамостои Република Македонија и уште две децении од осамостојувањето, дојдов до извесни сознанија за македонците со кои соработував, во оформување на Македонски тајни, јавни, национално-политички организации и Македонски организации за човекови права.

Едни од сознанијата се дека про-комунистите и про-социјалистите Македонци се во служба на анти-македонската пропаганда, како во републиката така и во дијаспората, а исто така во мал дел и во етничките делови на Македонија, незнаејќи или знаејќи.

Необјасниво е тоа што Македонци, просечно повеќето од Егејска Македонија, кои емигрирале во Канада и САД, пред Втората светска војна, односно од времето кога е поделена Македонија во 1913 година, кога во нивните краишта завладеале грчките андарти колонизатори, знаејќи и чувствувајќи го сиот притисок и злоба, неразбирливо е како тие денес се на нивна страна!?

Разбирливо е дека тие постари Македонски генерации со создавањето на Народна Република Македонија, во рамките на комунистичка Југославија, да се радуваат на тогашната власт на Република Македонија. Покрај тоа, евидентно е и нивното материјално помагање на комунистичката власт во обнова на Народна Република Македонија во рамките на СФРЈ.Тоа било искра и надеж дека еден ден и нивната родна Беломорска Македонија ќе се соедини со неа и ќе се признаат македонските човекови права.

Поради тие побуди, некои од постарата Македонска емиграција станале поклоници на комунизмот и социјализмот, иако со децении живееле во демократскиот западен свет. Но, кога дојде време да пропадне комунизмот во Македонија, зошто не помогнаа да се пренесе демократскиот систем-плурализмот, од западот, во својата родна земја!? Напротив, пред осамостојувањето, поголемиот дел од нив го попречуваа оформувањето на ВМРО-ДПМНЕ и нивните ограноци-Задгранични комитети во дијаспората!

За да биде пожалосно, поголемиот дел од тие про-комунистички поддржувачи, останаа верни на своите комунистички принципи.

Според денешниот светски, а со тоа и Македонски демократски систем на владеење, секој човек има свое право на мислење и искажување, првенствено ако тоа служи за напредокот-просперитетот на својот народ на кого припаѓа и на својата родна земја, каде национално и политички е управувано од својата демократска власт, пред се.

Тие свои демократски права, почесто се искажуваат пред поголем број свои истомисленици, во овој случај на Македонски национални и политички организации, лоби групи, Македонски организации за човекови права и други Македонски организирани субјекти, како културно-просветни, лингвистички-јазични (Македонски радио програми и скоро сите Македонски медиумски изданија, вклучувајќи интернет со фејсбук и сл,), верски, спортски и други.

Во Република Македонија поголемиот дел на наброените права на Македонецот се презентираат во тамошните медиумски изданија, кои во поголем број се во рацете на про-комунистите и социјалистите на главната опозициона партија, додека сосем мал дел изданија се про-владини и демократски.

Првите ги штитат, пред се, личните придобивки стекнати од бившите режими на републиката (станови, бизниси-индустриски и земјоделски добра, стручни и така наречени научни и литературни дела, стекнати и публикувани во времето на нивното или татковото владеење, добиени од неправилната поделба од денационализацијата и во сомнителни околности.

Додека вторите-демократите, одново почнуваат да го градат досега пропаднатото Македонско општество со спроведување на реформите и законите на власта и нејзините институции, слични на демократските западни држави со цел и тие да станат нивен рамноправен дел.

Разбирливо е опозиционите партии да пропагираат против владеачката ВМРО-ДПМНЕ со цел да ја добијат власта, која пред осамостојувањето ја водеа исклучиво тие, а исто така и по осамостојувањето и тоа подолгото време. Но, не е разбирливо какви анти-македонски методи и начини применуваат за да ги нарушат и добијат демократските парламентарни избори, а денес кога ги изгубија, на секој начин се обидуваат да ја оцрнат денешната власт раководена од ВМРО-ДПМНЕ.

Да се потсетиме на едни од недемократските методи користени во предизборните кампањи во Република Македонија од страна на СДСМ. Тие, против преставниците на елитата на ВМРО-ДПМНЕ ја употребија народната изрека: “Со “свој” камен по глава”. Се однесува за користење вулгарни навредливи и недемократски изјави од криминални и недемократски поединци кои беа протерани и извикани за своите недела сторени во бившите раководства на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив, во прв план, беа поранешниот премиер и поранешен претседател на партијата, Љубчо Георгиевски, министерот Љубе Бошковски, Филип Петровски и други губитници.

СДСМ на големо, во медиумите ги користеше нивните изјави и интервјуа, со што дел од македонците кои се потпаднати под тие влијанија го дадоа својот глас на парламентарните избори, за партиите на тие поединци, кои не само што нивните партии не добија ниту еден пратеник во Собраниетои на Република Македонија, туку и целосно беа отфрлени и од опозицијата, што во последно време и воопшто не се споменуваат во медиумите и политички средини.

СДСМ од републиката и поедини Македонски организации, невладини организации, лоби групи и Организации за човекови права, од дијаспората во кои предничат управите на македонските општини, Македонски православни општини со своите православни одвоени цркви од МП Епархија на А и НЗ, како и слични противници на другите континентални епархии на дијаспората, непотребно ги користат методите на пропаднатиот комунистички и непроспективен социјалистички систем со што создаваат политичка опозиција, меѓу македонското иселеништво.

Под изговор, за извесни настојувања на македонските епархии да ги превземат тотално нивните цркви и објекти, изградени со средства и труд од нивното членство, а вмешани и владините институции на бившите комунистички и социјалистички влади на Република Македонија, меѓу кои злогласната УДБ-а, Матицата на иселениците на Македонија и сите тогашни институции на власта, раководени од комунистите, денешните раководства на тие Организации-Македонски општини во диаспората, ги забораваат сите незгоди од нив и повторно ги поддржуваат.

Едни од тие поддржувања се и поддржувањето на прокламацијата на починатот поранешен претседател Киро Глигоров на Генералното собрание на ОН во 1993 година, дека македонските корења за националноста и северенитетот наводно биле задкарпатски од 5-6 век после Христа, со давање на специјално признавање за “придонес на мирот и како прв претседател на Република Македонија, а по неговата смрт и единствено сочувство од дијаспората! Со тој гест, за кој Обедионетата Македонска Дијаспора (ОМД) не ја консултира македонската дијаспора, преставува незванично поддржување на неправилната Грчка анти-македонска политика. Тоа го поддржува тврденето на непријателот, дека наводно, македонците се славо-македонци и наводно не биле староседелци на Македонија. Поточно речено, дека тие таканаречени “Македонски Грци”, населени од грчките градови држави на Пелопонес, биле наводно и стари-древни Грци! Според таа нивна квазимодна теорија, македонците не постојат ниту имаат право на македонската земја, која тие ја окупираа во 1913 година. Да се прашаме сега, каде е вистината и логиката?

Истите тие Македонци, кои повеќето се од Беломорска Македонија-Егејска Македонија, припаѓаат на испадената и намачена група Македонци “Деца бегалци”. Видно тие не се доволно образовни, ниту си ја познаваат својата вистинска Македонска историја, а тоа е доволно за да бидат потпаднати под про-комунистички влијанија за кои нивните родители-борци на ДАГ ги дадоа своите скапи животи и изгубија скоро се материјално и духовно кое го поседуваа во своите родни краишта.

За да биде покомплицирано, тие Македонци не ги читаат историските и национални дела на своите сонародници Македонци кои потекнуваат од истите родни места од Егејот, кои меѓу првите Македонци ги публикуваа своите вистински историски стручни и научни трудови во “Македонско сонце” и “Македонска нација”. Меѓу тие Македонски великани се : Васил Иљов, Ташко Белчев, Камбуровски и многу други кои се познати по големиот интузијазам, лојалност, гордост и љубов кон својата Македонска националност. Тие денес живеат во Република Македонија на кои про-комунистите сеуште не им ги признаваат нивните драгоцени дела. Нивните историски дела денес претставуваат база за обелоденување на македонската вистинска историја, заедно со младите современи стручни и научни Македонски историчари.

Тие стручни и научни работници, кои со свои лични средства и вложено драгоцено време за Македонското дело, а кои имаат безброј публикувани Македонски историски дела и национално-политички трудови, во дијаспората се: талентираниот Ристо Стефов од Канада, Ирек Слупковски од Полска, Виктор Бивел од Сиднеј, Австралија, Вик Богов (Васил Богов) од Перт, Западна Австралија, и уште многу други кои јас ги познавам. Можеби и некои од спомнатите, порано го поддржувале комунизмот, но лично ја увиделе својата наметната заблуда и преминале кон поддржување на реалноста-демократијата и вистинската историја на Македонија.

Ако горе изнесеното не е доволно, ќе настојувам, само по ваше барање, со факти да докажам дека за доброто на Македонското единство и просперитет на Република Македонија, треба да ја помагаме денешната власт и нејзините институции, да успее да се зачлени во меѓународните организации со уставното име и македонскиот идентитет, а потоа, кога тоа ќе се постигне, нека се создавааат и други демократски партии за да има и демократска опозиција, само без старите комунисти.

Денес, нам ни е потребен секој Македонец, а посебно патриотски определен. За таа значајна цел потребно е сите македонски организации и организирани македонски субјекти, посебно во дијаспората да ги остават на страна делбите и егоизмот и да соработуваат меѓусебно, а да не се напаѓаат. Така, само по себе, во скора иднина, ќе се задоволат потребите на сите Македонци од дијаспората и од републиката, а со тоа и поцелосно ќе им се помогне на македонските организации во етничките делови на Македонија, кои веќе се при крај на своите патриотски сили да го сочуваат Македонскиот дух и да ја спречат асимилацијата врз нив.



(31-12-2011, 01:26 AM)ЈорданПетровски Wrote: За каква демократија и демократска активност зборува Томов кога подржува-БАРА: "поставување на правилни Претседатели", со тоа бара да се укине правото на избор.
Човек кој 40 години живее во демократска држава ....
(This post was last modified: 11-01-2012, 05:13 AM by ЈорданПетровски.)
11-01-2012, 05:12 AM
Reply
ogan Offline
Junior Member
**

Posts: 20
Joined: Jan 2012
Reputation: 0
#6

(30-12-2011, 11:03 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: Vmro-Dpmne-banner-ZK-600.jpg]



На ваков изум за "демократски" партиски избор ке позавиди и Ким Џонг-ун



[Image: Konkurs_za_Pretsedateli_na_ZK.jpg]



Кандидатите треба да се членови или поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ во моментот на доставување на кандидатурата.
За поднесување на кандидатурата не се потребни потписи, туку доставување на биографија и програма за работа.
По доставувањето на кандидатурата, односно биографијата и програмата, секој кандидат дополнително ќе биде контактиран од седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и со него ќе биде извршен разговор.
Сите кандидати имаат подеднакви шанси да бидат избрани, зависно од личните квалитети, успесите во минатото и визијата за иднината.



Председателите на Задганичните комитети кого треба да представуваат. ??? Раководството на партијата или членството.

Би го замолил да ми протолкува Мрачниот Коњаник.

Uh ova e intelegentno, koj znae moze pak da se usrekat so nekoj od kalibarot na Mane, a so poveke sreka i so nekoj kako onoj psihopat ako e uste vo zivite Stojan Kovacev, aj da ne bide sam Mane da briljira Icon_razz))
18-01-2012, 12:29 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#7

(30-12-2011, 11:03 PM)ЈорданПетровски Wrote: [Image: Vmro-Dpmne-banner-ZK-600.jpg]



[Image: vtorpoviknaDPMNE.jpg]
01-05-2012, 12:19 AM
Reply