Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

13.11.2013, 16:24
Бугарските факултети атрактивни за Македонците, ама не како порано

За „Бугарите од туѓина и за граѓаните на Македонија“ годинава беа резервирани 400 места на тамошните универзитети
Горан Адамовски

Бугарските универзитети и оваа година беа интересни за студентите од Македонија. Близината, релативно ниските трошоци за студирање, како и дипломата со ЕУ-печат ги прават Софија и Благоевград пожелни места за дошколување. Бугарските власти го кријат бројот на запишаните македонски студенти, но неофицијалните информации говорат за бројка помала од 400. Сепак, во споредба со последните години од минатиот век, станува збор за неколкукратно намалување на бројот на студенти од Македонија.

Процедурата за запишување е едноставна и може да се заврши директно на факултетите што вршат упис или во бугарската амбасада во Скопје. Студентите објаснуваат дека на секој кандидат му се остава можност да конкурира на пет факултети истовремено (се прави приоритетна листа), а не само на еден како што е кај нас.

„Јас запишав економија во Софија. Приемните испити ги полагав таму. Се одлучив за Бугарија затоа што ќе добијам диплома што ќе ми биде призната во цела Европа, а трошоците за студирање ќе ми бидат идентични како да студирам во Скопје. Да бидам искрен до крај, таму очекувам полесно да ги завршам студиите“, вели 18-годишен валандовчанец.

Искуствата на македонските студенти се различни. Едни се фалат, други се жалат на односот кон нив и на квалитетот на студиите.

„Дипломата не ти бега. Плаќаш и завршуваш факултет. Но, поради тоа не се стекнуваш со потребните знаења за во иднина“, коментираат студентите.

За упис на тамошните факултети, задолжително е да се положи предметот историја на Бугарија, како и одлично да се владеат бугарскиот јазик, граматика и литература. Приемниот е само на заокружување, по четири опции за одговор - еден е точен. Има четириесет прашања, од кои 25 за бугарски јазик и литература, а 15 за историја. На интернет-страницата на бугарското Министерство за образование се поставени неколку тестови за вежбање, во кои, на пример, се прашува во кој град е роден Христо Ботев или да се дополни која заменска форма недостига кога Павлина го испраќа Серафим да оди на лекар. На некои факултети има и дополнителни испити.

Колку точно македонски студенти се запишале во Бугарија - не добивме одговор. Од бугарската амбасада во Скопје ни рекоа да се јавиме во Министерството за образование во Софија, а оттаму не' вратија во амбасадата. На интернет-страницата од Министерството е назначено дека за „Бугарите од странство и за граѓаните на Македонија“ се оставени 400 места во државните квоти.

Трендот за уписи во Бугарија, во нашата земја стана активен околу 1995 години. Во тоа време, на тамшните факултети се запишуваа и по 1.500-1.600 студенти. Во меѓувреме, интересот спласна, пред се' поради квалитетот на нашите државни факултети, но и големиот број приватни универзитети.

Јавна тајна е дека студиите се многу поевтини и поедноставни за тие што ќе потпишат потврда за бугарско потекло што се вади во Бугарија. Со неа се студира како домашен, а не како странски студент. Студентите што учат во Бугарија велат дека не се прави притисок да се признае бугарското потекло, но оти разликата во цената на студирањето и на општите услови се големи.

„За странците, една година студирање, секако во зависност од факултетот, чини околу пет илјади евра, а за домашните околу 200 евра“, раскажуваат студентите. Дел од нашите соговорници тврдат дека односот кон македонските студенти честопати е недоличен.

Сместувањето во студентските градови, каде што има различни блокови, чини околу 50-60 евра од месец. За нив добивате кревет, топла вода во секој момент, парно и струја. Храна нема, но има студентска менза. Студентите се жалат дека храната не е вкусна, поради што се хранат надвор. Покрај Македонци, на бугарските факултети има голем број Грци (тие како членки на ЕУ плаќаат како домашни), Албанци, Косовци, Срби, Молдавци, Украинци и Казахстанци.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemI...AB4E160E85

Във всеки случай на медицинските факултети в България - София, Пловдив, Варна, Плевен...има в пъти повече студенти от Гърция; а на техническите - от Турция...
15-11-2013, 12:29 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 15-11-2013, 12:29 AM