Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

И бугарски и странски капитал ги влече Македонците кон Софија

Неколку стотини новодојдени Македонци живеат во бугарскиот главен град, нашле работа во некоја од интер¬на¬ционалните компании или кај домашни бизнисмени. Некои студирале тука, завршиле и останале, но имало и такви што дошле директно од Македонија во Софија во потрага по подобра работа и живот
Во Софија се доселуваат луѓе од многу земји

ПРЕСТОЛНИНАТА НА БУГАРИЈА ПОВТОРНО СО МАКЕДОНСКА ДИЈАСПОРА

Од историските учебници сме научиле дека Софија била првата печалбарска и иселеничка дестинација на Македонците, уште во 19 век. Таа била првата станица, а потоа дијаспората се ширела и кон Белград, Романија, Русија, па на крајот, како што е познато, стигнала до сите континенти. Во револуционерните времиња Софија често била збирното место на македонската интелигенција и има значајно место во биографиите на македонските револуционери. Тоа било пред сто и повеќе години.

Но историјата како да заврти цел круг, па денес повторно Македонците, пред сѐ помладите, одат не само да студираат туку и да живеат и да работат во бугарскиот главен град. Точна бројка нема, но се претпоставува дека се неколку стотини. Повеќето студирале тука, па се навикнале, нашле работа и продолжиле да живеат. Еден помал дел се доселил по студирањето.
Малку е чудно што станува збор за Бугарија, земја од која најмногу луѓе се иселиле во споредба со другите држави на Балканот. Но таа е истовремено земја во која во последниве години влегле доста странски компании што барале специфични профили - информатичари, лекари, фармацевти, нешто што нема доволно. Нудат добри работни услови и не прашуваат кој од каде доаѓа. Сличен менталитет прифатиле и домашните стопанственици. Невработеноста во Бугарија, како што објаснуваат економските експерти, е структурна. Луѓето што работеле во поранешните големи индустриски и други комбинати останале без работа кога тие пропаднале, но не знаат ништо друго да работат и потешко им е да се вклопат во новиот систем. Младите, пак, го немаат тој проблем, израснати се според современите текови, па полесно функционираат во новите услови, без оглед дали се од Бугарија или се доселени.

ПАТОТ ГО ВРАТИЛ ВО БУГАРИЈА

Со охриѓанецот Гоце Алексовски се запознавме на плоштадот пред Националниот дом на културата. Можеше да дојде само претпладне, потоа замина на работа, како фармацевт.

- Тука сум со прекини. Прво студирав, потоа работев една година, па отидов во Македонија. Таму отворив свој бизнис и работев три години, но не одеше. Потоа заминав во Црна Гора година и пол и веќе една година пак сум во Бугарија. Работам во аптека. Има многу предности, условите се подобри, а и теренот ми е познат - раскажува Алексовски.

Вели дека познавал барем четириесетина други Македонци што исто така живееле во Софија. Работеле главно во областите на информатичката технологија или на медицината, но и во други сфери.

- Трендот е релативно нов, луѓето да остануваат во Софија, да живеат и работат по студиите. Некои се враќаат кога ќе завршат, а има и такви што завршиле студии во Скопје, па успеале да се снајдат тука. Немаме здруженија или нешто слично, се собираме на забави што ги организираме. Порано имаше и македонски забави, а сега се балкански, со музика од Србија, Македонија и од други места - додава тој.
Софија, коментира Алексовски, станува сѐ повеќе шаренолика. Се доселуваат луѓе од многу земји, иако Бугарија се смета за најсиромашна држава во ЕУ. Има доста Грци и Турци, како и Срби. Заедно поминавме покрај, како што го нарече, грчко кафуле на булеварот Витоша, сега пешачка зона, и навистина таму немаше други гости освен Грци, полн локал. Можат да се видат и доста луѓе од Африка, Азија, арапските земји, особено околу старата отоманска џамија во центарот, за време на петочната молитва. Едни студираат, други работат, отвориле свои дуќани. За Сиријците, Бугарија е втората станица за бегство од тешката ситуација дома, по Турција. Има доста бегалци, како Амџед, кого го сретнавме во хотелот каде што бевме сместени. Чекаше да добие статус на жител на Бугарија и одбиваше да отпоздрави на „селам алејкум“, инаку сосема обичен поздрав што во превод значи мир со тебе, зашто не сакаше ништо да го потсетува на радикалите што ги видел дома.

Алексовски се сретнувал со Сиријци уште пред да почне војната таму. Доаѓале главно за студирање, но во поново време поради ситуацијата пробуваат да се доселат.

- Имавме колеги од Сирија и од Мароко, на пример. Некои доаѓаат поради пониските цени за студирање и потоа се навикнуваат тука. Но на Македонците им е полесно да се вклопат бидејќи лесно можат да го совладаат јазикот - објаснува Алексовски.

Можеби поради тоа им е полесно, но дали има нешто што им го отежнува престојот? Национализмот, на пример?

- Никогаш не сум се соочил со проблеми поради политичките македонско-бугарски прашања. Барем не во мојата сфера, а не сум слушнал ни некој друг да имал. Постојат ултранационалисти, како политичката партија АТАКА, но не сме имале отворени провокации. Се дружиме со Бугари и немаме никаков проблем - вели охриѓанецот.

На негови 32 години, мисли засега да остане во Софија, иако нема конкретен долгорочен план.
- Со мојата струка, со другите што Македонците ги работат во Софија, се наоѓа работа. Кој сака, може да работи и работните места се сигурни. Има доста странски компании што дојдоа и тие главно го собираат кадарот од Македонија и од другите земји, иако има Македонци што работат и во бугарски фирми - истакнува Алексовски.

Тој сепак е оптимист и за Македонија и се надева наскоро ќе се подобрат условите. Тоа би мотивирало многу Македонци да се вратат, иако голем број повторно би останале во Софија, зашто веќе се навикнале.

НОЌНАТА ШЕМА ВО МАКЕДОНСКИ РАЦЕ

Ако сте Македонец во Софија, човекот што треба да го знаете е Горан Митевски. На свои 26 години, овој пробиштипјанец веќе три години професионално менаџира два софиски ноќни клуба, „Котон“ и „Плејхаус“.
- Завршив средно училиште во Скопје и некако ми изгледаше логично да продолжам во уште поголем град, па така дојде Софија на ред. Беше некако различно овде, но имав пријатели и ми помогнаа полесно да се навикнам. Во тоа време имаше повеќе македонски студенти од сега, па заедно со уште два-тројца другари почнавме да организираме балкански журки. Тоа беа почетоците, а по некое време почнав и професионално да се занимавам со оваа работа - ја раскажува тој својата приказна.

Вели дека е задоволен, а како менаџер на клубовите е одговорен за организација на целиот забавен дел. Сѐ освен набавките, сметките и персоналот. Ја прави програмата на журките, маркетингот на дискотеките и многу други работи.

- Не верувам дека толку успешно би ми одело ако истово го работев во Скопје. Софија е сепак многу поголем град, речиси колку цела Македонија, затоа тука човек има поголеми шанси да успее. Овде сите патишта ти се отворени. Доволно е само да се потрудиш повеќе и да имаш желба за успех. Луѓето во почетокот не го прифаќаат најдобро тоа што сум странец, но кога ќе се покажеш како добар во тоа што го работиш, кога ќе покажеш квалитет, те навикнуваат. Макар што на многумина им е сѐ уште интересно како некој од друга држава се пробил во Софија - тврди Митевски.

Млад, но многу зафатен човек. Дури и разговорот моравме да го водиме во автомобил, додека патуваше од една кон друга обврска. За да може да го држи ноќниот живот во свои раце, мора многу работи да заврши додека сонцето сѐ уште свети. Но иако живее во Софија повеќе години и многу го навикнал градот, вели дека многу често се сретнувал со национализмот, дури се навикнал на него.

- Луѓето што ме познаваат знаат дека не треба со мене многу да разговараат на таа тема, освен можеби во ретки случаи кога се шегуваме. Само некои нови луѓе кога ќе сретнам може да префрлат по нешто. Но тоа не создава големи пречки, за да ми ја нарушат удобноста тука - вели тој.

Софија останува и во неговите планови за иднината. Но не и водењето на ноќниот живот. Барем не по секоја цена.

- Сега сум во потрага по друга работа, нешто посериозно, сакам да се развивам малку повеќе. Завршив маркетинг, а потоа и постдипломски студии по маркетинг и менаџмент, па сакам во таа насока и да се развивам - додава овој млад Македонец.

(утре: Местото што ја раскажува македонската приказна во Софија)

Автор: Гоце Трпковски наш известувач од Софија

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=23018

Eдна от поредицата обективни /и положителни/ статии в Нова Македония за истока...
05-11-2013, 12:01 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 05-11-2013, 12:01 AM