Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Епидемија на протести

Ако Груевски во подбив го нарекуваат боксер, Борисов има многу потемно минато и поголеми боречки вештини. Демократскиот капацитет и не е нешто што се добива со брз курс, но факт е дека и Борисов победи на избори (а не е исклучено дека може да се врати)



Коинциденција или сличности меѓу општествата, ама сведоци сме на протести во Бугарија со ист мотив (струјата и нискиот стандард) како и овде. По оставката на премиерот Борисов мнозина едвај дочекаа да кликнат од восхит и да издивнат од очај што нашата влада не е европска и одговорна, а граѓаните не се толку решителни како Бугарите. Паднаа вицови за Трпе, дека е ова крунски доказ дека не сме с’што итн. Заклучокот е: ете, зашто Бугарија е во ЕУ, а ние не сме. Тие имаат европска политичка култура, а политичарите се одговорни и го слушаат гласот на народот, особено кога е гневен. Во уште еден обид да најдат добри примери од соседството за да му ги прилепат на нашиот (слаб) Отпор, мнозина ги затворија очите пред неколку куриозитети. Ако Груевски во подбив го нарекуваат боксер, Борисов има многу потемно минато и поголеми боречки вештини. Демократскиот капацитет и не е нешто што се добива со брз курс, но факт е дека и Борисов победи на избори (а не е исклучено дека може да се врати). Поинтересен е начинот на кој замина (наводно) во стил на државник. Имено, по „случувањето народ“, прво оставка даде министерот за финансии, што е навистина чин каков што ние не сме доживеале дури и по атентати врз претседатели или потонување на брод со туристи. Респект! Но кога протестите продолжија, Борисов изјави „јас не сум од овде“ и „не сакам да бидам на чело на влада што го тепа својот народ“ - небаре на таа позиција бил како експерт, а не премиер пред кого одговара министерот за полиција. Уште покомична беше изјавата на конкретниот министер, кој ај што е кабаетлија, па уште му оддаде почест на премиерот велејќи дека неговата оставка била државничка. Не знае човек дали да се смее или да плаче; но, секако, ова е илустрација за тоа дека популизам и миење раце од одговорност на перфиден начин има и кај членките на ЕУ. (Патем, бунтовите во државите на ЕУ се помасовни затоа што таму нема лижавче за залажување, ниту порака „бидете мирни или ќе добиете негативен извештај“. Мантрата се истроши и ова е момент на вистината.) Детаљот што не го споменаа запалените отпораши се однесува на „народот“. Се испостави (како што ми кажаа колеги од Софија) дека и Бугарите си имаат навивачки групи организирани по паравоен терк, т.е. дека тие биле онаа критична маса што мирните протести ги претвори во насилни. Опозициското замешателство веќе испливува на површина заедно со калкулациите за руските интереси. А државничкиот чин се случи само четири месеца пред редовните избори. Да, Бугарите ја симнаа Владата, ама и таму си ја чукаат главата за кого да гласаат на изборите. Најболната точка во една демократија е немањето алтернатива во свет што одамна се подвоил и станал црно-бел. Изгледа познато, нели? Протестите продолжуваат, сега е веќе како фонија на гласови, меѓу кои најинтересни се најрадикалните: „Долу партиите!“, „Враќање на власта на народот“, „Смена на сите политичари“. „Граѓански комитет“ ги артикулира барањата на демонстрантите во Бугарија, а би требало да излезе со предлог за нов устав и нов облик на политички систем. Но артикулацијата на барањата застанува тука. Во бугарската јавност се води истата битка на „идиоти“ (сеирџии) и „граѓани“, истите обвинувања, па дури и контрапротести (кои во меѓувреме никнаа и во Словенија). Во Грција артикулацијата на колективна фрустрација се искристализира во вид на крајна десница (Златна зора) и крајна левица (СИРИЗА). Кај нас се појави Отпор без поголеми амбиции, освен предвремени парламентарни избори, со закани за соборување на режимот од улица, преку активен бојкот и граѓанска непослушност (спрема владејачките исклучиво македонски елити, но со преголема послушност кон опозициските, повторно исклучиво македонски елити). Додека некогашниот докторанд-повторувач се пенави да операционализира стратегија на активен бојкот, проф. Пуховски (учителот) е дециден во изјава за хрватски „Индекс“: „Единствено што е полошо од лошата власт се простаците на улиците. Повикувањето на протести покажа катастрофални резултати во Словенија, каде што луѓето прво бараа смена на едните, па на другите, повикуваа на диктатура, без некаква јасна цел. Рекоа, едноставно не ја сакаме оваа влада, но не знаат што всушност сакаат“. Осврнувајќи се на бугарскиот, но и на хрватскиот случај, вели: „Протестите по кои падна Владата се нешто што ги радува посматрачите, новинарите или активистите, но јас тука не гледам ништо што би можело да се реши од улица. Тоа е фалсификат, многу повеќе се случува поради метежот што никако не личи на демократија... Ако и случајно ваквите протести ја ослабат власта, прашањето се сведува на тоа кој ќе дојде по неа. Оние што беа таму пред нив, кои не ги сакавме, и така сѐ од почеток“. Пoентата е дека модерното општество не може без управувачки слој, а кога ќе тргнете некого од владејачка позиција, просторот веќе го зазема друга елита; непосредната демократија може да биде само коректив на претставничката. Тиранијата на демократските институции лишени од динамиката и духот на демократската политика доведоа до слабеење и на институциите и на политиката. Институциите заземени од неодговорни елити, чии господари се корпорациите и банкарите, немаат легитимитет од разочараните граѓани. А гневот е лош советник...

Арапската пролет не беше нешто што се очекуваше на почвата на Европа. Сега, нејзината европска верзија станува помодарство, во вид на епидемија на протести, кои се непродуктивни гледано низ призма на демократијата и крајниот исход. Ако смената на избраните е главна цел, како што се бара од Словенија до Шпанија и Бугарија, дали е тоа заговарање власт на оние што немаат изборен легитимитет, а кои (наводно) го претставуваат народот? Ако веќе се враќаме на извориштата, и особено на Аристотел, вредно е да се потсети на неговата одбивност спрема владеењето на масите, односно на толпите (мобократија, оклократија), зад која секогаш има харизматични демагози, кои на бранот на незадоволството на луѓето ќе испливаат како спасители, ама не и како одговорни владетели.
Претставничката демократија е во криза и во развиените земји; до толку појасно зошто е така кај нас.
Партиите престанаа да бидат (ако некогаш воопшто биле) демократски устроени, репрезентативни, идеолошки препознатливи (напротив, тие се catch all партии), членството е мало и елитно, а симпатизери се главно оние разочарани што како вејка на ветрот се во потрага по казна за едните со давање власт на другите. Како тргнало, прашање на време е кога единственото важно прашање ќе биде колку луѓе ќе треба да излезат на улица и колку долго ќе треба да протестираат (по можност со некоја крвава глава и насилна сцена за да ја предизвика јавноста) за да се урне една влада што била избрана на легитимни и легални избори. Изборите стануваат вишок. Правото на протест е длабоко легитимно, ама ќе биде продуктивно само ако се фокусира не само на проблемот (дијагнозата) туку и на решението (терапија). Демократските институции во капитализмот систематски ја умртвија демократската политика, ја обесхрабрија и направија немоќна дури и да создава нови форми на партиципација и самоуправување во џебовите на општеството (за да стигне до врвот). Контролните механизми се во рацете на ривалите-близнаци, а не кај граѓаните. И покрај поразот, „Аман“ е демократски многу позрел обид од бугарските протести. Тоа е вистинскиот начин, а поразите не смеат да ја обесхрабрат јавноста на земја што практикува демократија само 20 години. Ни Рим не бил изграден за еден ден. Погубно е ако вонредната состојба се користи како пократок пат, а претходно немало ни обид за користење на сите институционални механизми. Тоа што партиите се „маскираат“ или прикачуваат како крлежи на автентичните движења или самите формираат „фронт на народот“ не е ништо друго туку доказ за поразот на внатрепартиската демократија, на лажниот и во основа безидеен плурализам, незнаење како да се користат контролните механизми и непрепознавање на општ интерес и јавно добро. На крајот, никој од нас не е невин кога дозволуваме скандалозни нешта да ни се случуваат пред носот, од градинките до државните институции, каде што живееме и работиме.

Авторката е универзитетска професорка

Автор: Билјана Ванковска

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22814
Без Ботев няма България
25-02-2013, 01:42 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 25-02-2013, 01:42 PM