Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

МАКЕДОНИЈА | 22. FEBRUARY 2013 - 16:50
Македонско-бугарски дуел во Албанија!!!



Новата мисија на бугарските експерти за докажување на бугарските корени на македонското население во Албанија овојпат заврши неславно.

На меѓународната научна конференција во Тирана ,,Албанија и националните и културните малцинства‘‘, од која дел поставена на јутјуб, музикологот Веселка Тончева од Институтот за фолклор при Бугарската Академија на науките и уметностите се најде во небрано по тврдењата дека со формирањето на албанската држава и се дадени чисти бугарски делови, како Мала Преспа, Голо Брдо и Поле, јазикот што го зборуваат е бугарски и тоа најзападниот македонски дијалект, а песните на ова заедница се чисто бугарски.

Провокативните тврдења на Тончева наидоа на остра реакција на Васил Стерјовски од партијата на Македонците во Албанија и Претседател на здружението Гора.

ТОНЧЕВА: Знаеме како се случува. Кога јас одам во Голо Брдо тие се Бугари. Кога Васил Стерјовски оди, тие се Македонци.

СТЕРЈОВСКИ: Но, јас живеам таму, јас не одам таму. Јас живеам во ова место. Различно е, ти доаѓаш од Бугарија во моето место и велиш Вие сте Бугари. Но, јас живеам тука, голема е разликата.

ТОНЧЕВА: Ти живееш во Мала Преспа.

СТЕРЈОВСКИ: Но, ти велиш Мала Преспа, Гора и Голо Брдо.

ТОНЧЕВА: Да, различно е, тоа се различни области.

СТЕРЈОВСКИ: Госпоѓата доаѓа во Преспа и вели: ,,Јас сум туристка, не ме интересира политика. Какви песни пеете? Чекај да ги запишам‘‘. И после оди во Софија и објавува книги, еве ги Бугарите во Преспа.

Стерјовски додаде дека Македонците од Албанија имаат има ист јазик и фолклор со Македонците од другата страна на границата.

Бугарија вештачки се обидува да направи бугарско малцинство во Албанија, Косово и Грција, за да докаже дека не може да постојат Македонци во Република Македонија, затоа што самата држава е оградена со Бугари.

Валентин Николоски

http://sitel.com.mk/makedonsko-bugarski-...o-albanija
Без Ботев няма България
24-02-2013, 08:48 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 24-02-2013, 08:48 AM