Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 22.02.2013, 16:48
БУГАРСKАТА ЗИМА И НАШЕТО НЕЗАДОВОЛСТВО

Политиката тактизира со етиката




Прво, папата Бенедикт, давајќи оставка, рече: "Не сум важен јас, туку црквата". Потоа Бојко Борисов, давајќи оставка, рече: "Не сум важен јас, туку граѓаните". Најпосле, Бранко Црвенковски, бојкотирајќи, изјави: "Не сум важен јас, туку државата". Kога етиката влезе на голема врата во политиката, во која, како што тврдат познавачите, нема место за неа?

Прашањето за моралната одговорност на врвот на еден систем се чинеше податно за отворање по оставката на папата Бенедикт Шеснаесетти, кога тој, уморен од годините и товарот на обврските, порача: "Не сум важен јас, туку црквата". Ама, потоа се јавија активистите за човекови права и отворија дузина мрачни тајни на Kатоличката црква и на папскиот кандидат за пензија, па тоа што звучеше како високоморална норма ја (под)изгуби својата калорична вредност стекната по првото слушање.

Потоа, прашањето на моралната одговорност на владејачот (уште еден врв, ама на друга, поинаква структура) повторно се стори податно за отворање кога од пред два дена поранешниот бугарски премиер Бојко Борисов, по пресметката на полицијата со граѓаните кои протестираа против високата цена на струјата во Бугарија, поднесе оставка со драматичните реченици: "Нема да учествувам во влада во која полицијата ги тепа луѓето" и "Секоја капка крв е срам за нас". Ама, потоа се јавија познавачите на бугарските состојби и проценија дека тоа што на прв поглед се чинеше како високоетички чин е всушност добро вкалкулирана тактика за подобрување на рејтингот на ГЕРБ, партијата на Борисов, кој на 4 месеци пред изборите е подопаднат.

Се разбира, прашањето за моралната одговорност, кое одамна веќе виси како Дамоклов меч во воздухот околу нас, постојано се отвора и последниве 60-ина дена, а особено откако Бранко Црвенковски ја објави одлуката на СДСМ за бојкот на изборите со обраќање, драматично колку и тоа на Борисов, во кое порача: "Не е во прашање партијата, туку државата и демократијата". Уште повеќе, пак, откога неделава најави и дека ќе се откаже од пензијата во името на оваа кауза. Ама, потоа и без да се јават познавачите и аналитичарите, се активираа сеќавањата на почетните години од поновата историја на македонската независност, менаџирани од оваа партија, кога етичките преиспитувања на нивните постапки беа исто толку контроверзни, колку и отворањето на ваквите прашања денес, за актуелната, а богами и за која и да е власт.

Значи, има ли воопшто простор за морални прашања во модерното практикување на политиката. Познавачите велат не.

- Нема идеали во политиката. Само следете ги трагите на интересите и ќе дојдете до вистинската причина за секоја оставка или отстапка, кои редовно се од прагматична природа - вели Јован Ананиев, политиколог и декан на Правниот факултет при универзитетот "Гоце Делчев" во Штип.

И по оставката - протест

Што всушност се случи во Бугарија? Граѓаните протестираа против поскапувањето на струјата, премиерот Бојко Борисов понуди оставка, која беше прифатена, и изрази спремност за нови избори, кои би се одржале пред регуларниот јулски термин. Но протестите во Бугарија продолжија и по владината оставка. Граѓаните, како што јави БТА, велат дека не сакаат предвремени избори кои би ги довеле на власт луѓето што ја управуваа државата во последните 23 години, туку само сакаат "пониски цени за струјата". За утре (недела) се закажани уште поголеми демонстрации против, како што јавуваат бугарските агенции, целата политичка класа.

- Протестите во Бугарија навистина се експлозивни, а начинот на нивната политичка артикулација го надмина првичниот граѓански порив да се искаже незадоволство против високите цени на струјата. Згора на с`, граѓаните знаат дека наближуваат избори, а се чини дека и оставката на Борисов ја прозреле како политички исплатлива одлука. Што стори тој? Практично, го киднапира ова протестно движење, ги киднапира неговата енергија и политичката мобилизација на граѓаните, каква што досега немало на Балканот - вели аналитичарот Артан Садику од Центарот за општествени науки и хуманизам - Скопје.

Поради таквата експлозивност, како што вели Садику, и тектонските поместувања што ги предизвикаа, протестите кои веќе го добија симболичното име "бугарска зима" бргу станаа тема на опсервација и анализа на сите реномирани агенции. Ројтерс од Софија оцени дека оставката доаѓа во момент кога партијата на Борисов се обидува да ја врати поддршката за јулските парламентарни избори. Американските медиуми појаснија дека илјадници демонстранти ја обвинија владата за неуспехот во подобрувањето на стандардот на луѓето. АФП констатира дека демонстрациите што почнаа како протест против високите јануарски сметки за струја во најсиромашната европска земја, прераснаа во масовно незадоволство против неспособноста на владата да го ограничи проширувањето на привилегиите на своите пријателски кругови и да се справи со корупцијата и монополот.

Што и да е вистинската причина, искрите од високите сметки за струја и парно веќе го пламнаа огнот на јавното незадоволство. И тој, еве, прераснува во пожар, оти на Борисов, како што сега изгледа, очигледно веќе од поодамна му горело под нозете. Или како што тоа метафорично го прикажаа бугарските коментатори, уличниот пожар му ја потпали чергата и на Борисов.

- Никој никогаш не поднесува оставка без да има претходна процена дека тоа ќе му оди во прилог. Така е секаде, дури и во демократиите со подолга историја од бугарската или нашата. Земете ја, на пример, британската практика, таму постојано се распишуваат предвремени избори, тогаш кога владејачката партија ќе процени дека има добар рејтинг или кога сака изборите да ги претвори и во референдум за некое битно прашање - вели професорот Ананиев.

А, моралната вертикала? Што стана со неа?

Граѓаните веруваат

Нема морал во политиката, вели универзитетскиот предавач Љубомир Гајдов.

- Да бараш етика во политика е исто како да си искажал оксиморон, од типот дрвено железо. Политиката е многу повеќе математика отколку етика. Или уште поконкретно операција во која се пресметуваат интерес и прагматизам, ништо друго - вели Гајдов, кој е и новинар со петдецениско искуство.

Но, ако речиси полувековното следење на политиката несомнено упатува до ваква констатација, обичните луѓе очигледно с` уште негуваат верба дека политичарот, меѓу другото, треба да биде и чесен и етички чист. Во сите анкети за посакуваните карактеристики на политичарите, кои вообичаено кај нас се прават пред избори, моралноста и чесноста ги заземаат првите две места. Потоа следуваат спремност за компромис, смислата за организација и менаџирање и други особености, неопходни за управување со поголеми системи.

Слични се преференциите и на бугарските граѓани, на оние илјадници луѓе што деновиве бараат поевтина струја и топлинска енергија, протестирајќи по улиците на бугарските градови. Изјавата "Не сакаме предвремени избори, кои ќе ги вратат старите на власт, само сакаме поевтина струја" зборува за своевиден умор во граѓанските, очигледно неисполнети, очекувања за подобар живот и за почесни политичари.

Kонечно, и Словенија неодамна стана на протести, насочени не конкретно против овие или оние, туку генерално против политичарите. Дали е тоа можеби некаква задоцнета рефлексија на југоисточна Европа на минатогодишните протести во европските градови, кога десетици илјади европски граѓани бараа поправеден систем?

- Не мислам дека овие протести се рефлексија на тоа што лани се случуваше во Шпанија и во Португалија, на пример, туку дека се одраз на соочувањето со последиците од падот на структурата на социјалистичкиот систем. Kога тој систем се демонтира, најмногу изгубија граѓаните зашто исчезна квалитетот на јавните услуги во образованието и во здравството, кои дотогаш им беа достапни. Така е и со Бугарија. Луѓето очекуваа дека со влезот на државата во ЕУ стандардот ќе се подобри, а се случи спротивното - вели Садику, анализирајќи ја "зимата на нашето незадоволство".

И странските дописници нотираа дека Борисов, кој не направи големи кратења во буџетот, како што тоа го сторија многу европски влади, туку само ги замрзна платите и пензиите, до скоро се чинеше релативно имун и поштеден од граѓанското незадоволство. С` до овие протести. Патем, бугарската просечна плата изнесува 800 лева, или 550 долари. Довербата во политичарите е уште пониска.

Политичарите ветуваат

Се чини дека и политичарите добро ја прозреле потребата на граѓаните од чесни и високоморални лидери штом така несебично ја користат ваквата артилерија во одбрана на сопствените позиции. Во услови на рецесија и трескавична должничка криза што соочи многу европски влади со речиси целосен банкрот, кога е неминовно кратењето на буџетите, единствен инструмент за менаџирање на незадоволството останува - етиката. Не чини многу, единствено чини образ, достоинство и интегритет. А тоа се денеска нископрофитни вредности за политичарите, а високоценети за граѓаните. Идеална комбинација на корисно и евтино.

Исти препораки

Може ли да се направат паралели помеѓу бугарската и македонската зима? Многу аналитичари, и кај нас и во Бугарија, ја направија оваа споредба користејќи евентуални препознавања во граѓанското незадоволство, во неговото манифестирање на улиците, во политичките настапи, во тоа што премиерите го рекле и во тоа што го премолчале. А, споредбата, ако веќе може да се воспостави, може да биде дидактичка или само забавна. А може и да не се воспостави.

- Не гледам дека постои сличност зашто контекстот е сосема различен. Точно е дека и ние имавме граѓанска иницијатива за поевтина струја, која беше прилично анемична за разлика од набојот што го манифестираа бугарските граѓани. Сепак, сметам дека причината треба да се гледа во конечното соочување со последиците од падот на претходниот систем. Народот нема трпение да чека подобар стандард зашто нема никакви индикатори за унапредување на услугите од јавниот сектор, кои претходно им беа достапни - вели Садику.

И тука можеби може да се најде сличноста. "Борисов им имаше ветено на граѓаните дека ќе ја санира земјата, ќе се бори против корупцијата, ќе ја либерализира економијата и ќе ја ликвидира невработеноста. Но, и во 2013 година Бугарија останува најсиромашната земја во ЕУ", напишаа германските медиуми.

Многу изневерени економски очекувања има и кај македонското граѓанство. Списокот со желби со таков предзнак постојано вклучува исти параметри: намалување на невработеноста и подобар животен стандард. Македонија е во нова транзиција, кон ЕУ. Од ова евроинтегрирање, ние, исто како и бугарските граѓани, очекуваме подобар живот.

- Да, тоа постојано повикување на транзицијата им оневозможува на граѓаните да сфатат дека тој процес е веќе завршен и дека сме во новиот јасно воспоставен систем, кој е ваков и таков ќе биде и во иднина. Новата транзиција кон Европа е друго прашање - вели Садику.

Што е друго идентично во евентуалната македонско-бугарска паралела? Начинот на кој н` третира европската заедница. На пример, германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле (а би можел да биде кој било) апелираше до сите партии во Бугарија заеднички да најдат решение.

- Ова се околности кои во Бугарија бараат големо чувство за одговорност на сите политички сили - порача Вестервеле во изјава што би можела да биде позајмена од која и да е меѓународна препорака што последниве два месеца, по 24 декември, им беше упатена на партиите-сопернички во најновата домашна криза.

Ваквата споредба би можела да отвори и нов мегдан за проценување на етиката, ама на Европа, што е одамна апсолвирана теза со древната нејзина определба како, да го употребам политички коректниот израз, комерцијална сексуална работничка.

Приходот по домаќинство во Бугарија во четвртиот квартал лани се зголемил на 592 евра, што претставува раст од 16,1% во споредба со 2011 година, соопшти националниот Институт за статистика.

Заработувачката на вработените сочинува 52,2% од приходите на домаќинствата. Просечната заработувачка во истиот период се зголемила за 18,9% на годишно ниво, така што изнесува 309 евра.

Пензиите учествуваат со 25,1% во вкупните примања, а износот на просечната пензија е непроменлив, односно 148 евра.

Трошоците на домаќинство, меѓутоа, се зголемиле на 542 евра, што е зголемување од 13,4% на годишно ниво. Трошоците за храна и комуналии сочинуваат 52,3% од вкупните.

Бетмен и Чак Норис

Борисов, кој на политичката сцена се појави како лидер на ГЕРБ, откако беше познат како бодигард на поранешниот бугарски претседател Тодор

Живков, во јавноста беше нарекуван Бетмен. Прекарот му го доделија медиумите. Општа оцена е дека дури и се гордеел со него. Во најновите бугарски премрежиња јавноста во соседството не пропушти да нотира: Е, па, Бетмен сега си оди.

Груевски, поради сеприсутноста, медиумите кај нас умееја да го споредат со Чак Норис, човекот што може с`. Нема сознанија каков однос има премиерот кон овој неофицијален прекар. Но има една паралела со актуелната позиција на Бетмен во Бугарија. Е, па, Чак Норис останува.

Јасна Франговска

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...67D3AB342D
Без Ботев няма България
24-02-2013, 08:19 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 24-02-2013, 08:19 AM