Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бојкотот на Бојко Борисов

Димитар Чулев


Формално правно, бугарскиот премиер вчера поднесе оставка во сопствено име и во име на својата влада, со образложение дека тој и министрите имале „чест и достоинство“. „Народот не' донесе на власт и ние власта денеска ја враќаме“, рече вчера Борисов и додаде уште „нема да учествувам во влада во која полицијата го тепа народот“.

Борисов, се чини, имаше „ковертиран потег“ и го повлече во вистински момент со цел да го пренасочи гневот на јавноста и незадоволството од живејачката кон други, но не и кон својата влада. Премиерот, кој е од 2009 на чело на државата, не почувствува дека е одговорен за што било и дека, ако ништо друго, должи објаснување дали неговиот кабинет има(л) некаква стратегија која може да го денфува доаѓањето на кризата и на бугарските улици. Бојко се одлучи да одигра несвојствено и – грубо: да ја остави земјата без влада со најава дека нема да биде дел од преодната...

Експлозијата на незадоволство од новиот ценовен удар ги изнесе на улица незадоволните Бугари, кои три години по „бунтот на Грците“ и шест години на „опашката“ на ЕУ се дрзнаа да демонстрираат против константното осиромашување кое се покажа како дијаметрално спротивна стварност од ветената иднина на Бугарија по ЕУ-интеграцијата во 2007 година. По 48 часа бунт на улиците, јавноста го доби тоа што го бараше – паѓање на влада. Но, не и одговор кој ќе ја води Бугарија веќе од денес кога парламентот треба да ја верификува оставката на владата.

Вчера срамежливо се појавија информации дека членови на кабинетот на Борисов биле изненадени од неговата оставка сам да одлучи за паѓањето на целата влада. Министри кои држат до своето реноме беа шокирани, пренесоа медиумите, од дрскоста на премиерот да стави знак еднаквост меѓу него и владата и без консултации да го распушта кабинетот.

Од спротивниот и опозициски табор и некои аналитичари на Борисов му забележаа дека е дезертер и дека „бега“ сега кога се појавуваат проблеми и дека се обидува врелите костени од лошото менаџирање на државата да ги префрли на оние што ќе се залетаат на јулските избори да ја освојат власта.

Но, стои процената дека ништо не е случајно и дека „бојкотот“ на Борисов е строго контролиран. Лидерот на ГЕРБ е свесен оти по три години посно владеење нема што ново да им понуди на граѓаните и дека маркетиншки е ризично, но многу извесно дека рејтингот може да се покачи на три месеци пред редовните избори, но само со популистичка мерка во вид на оставка. И тоа по само 48 часа од избувнување на „протестите“ и со најфантастично објаснување дека не сакал да учествува во влада во која полицијата го тепа народот...


Статијата е прочитана 1323 пати.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=DD278...91EF83172C
Без Ботев няма България
21-02-2013, 06:15 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-02-2013, 06:15 PM