Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 19.02.2013, 17:58

ЕдиториЈал

Софија да не го шири списокот со барања

Ненадејно организираната средба на премиерите на Македонија и на Бугарија, Никола Груевски и Бојко Борисов, навидум дава позитивен сигнал дека двете земји почнуваат да ги решаваат меѓусебните проблеми. Сепак, с` уште е отворена дилемата дали благите тонови што пристигнаа од шефовите на дипломатиите на двете држави по разговорите во Скопје покажуваат дека недоразбирањата навистина ќе се решат, што би рекол шефот на бугарската влада, на европски начин. Можно ли е бугарскиот апетит за добрососедство да доведе до тоа источниот сосед да излезе со проширен список, со кој ќе биде условена бугарската поддршка за нас во ЕУ? Досега, бугарските европарламентарци со своите барања кон Македонија служеа како претходница, излегувајќи со барања кои подоцна ги официјализира дипломатијата на источниот сосед. Затоа, не треба да се игнорира тоа што во понеделникот европратеници од Бугарија испратија порака дека не треба да влеземе во ЕУ ако претходно не го смениме Уставот. Причината е дека ги немало Бугарите во него, а биле запишани Србите, Власите, Турците...

Зарем Македонците во европска Бугарија ги уживаат сите права: јазикот, идентитетот и слободата на политичкото организирање? Напротив, тие се замолчени, обесправени и под притисок, негирани и избришани.

За своите гласила водат децениски битки за да можат само нормално и законски да излегуваат за тамошните Македонци. Партијата ОМО „Илинден“ ПИРИН беше укината и тоа со одлука на Уставниот суд на Бугарија...

Навистина, ако бугарските европарламентарци тврдат дека нивната држава не е патерица на Грција, треба и да ни докажат. Правилото на реципроцитет вели дека источниот сосед не смее, од една страна, да не го признава македонското малцинство, а од друга страна, да бара Бугарите да влезат во нашиот Устав.

Македонците во Бугарија поднесоа тужби до Стразбур против Бугарија и добија. Уште еднаш јавно се впери прстот кон Софија кога во извештајот на претставничката на ОН за човекови права, Геј Мекдугал, јасно беше опишана состојбата: „Верски и расистички мотивиран говор на омраза, тортура, полициска бруталност, дискриминација на малцинствата и судски нерасчистени инциденти“. Посвежи се пораките што во европски дух ги испраќаат високите претставници на ЕУ до Бугарија и до Грција: дека билатералните односи не смеат да кочат ниедна земја на патот кон Унијата.

Овие укажувања треба да ја разбудат рационалноста кај софиските власти. Најмалку треба да се наметнуваат нови услови, за кои дури и бугарските експерти велат дека се неосновани и бесмислени.

Пријателската порака на крајот од минатата недела за соработка на сите нивоа, по ваквите нови условувања, не треба да падне во вода. Историјата и националистичките апетити треба да останат таму каде што им е местото.
#

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=DBEAD4A7B5...0D680E80EB
Без Ботев няма България
20-02-2013, 04:55 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 20-02-2013, 04:55 PM