Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 19.02.2013, 17:59

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД БУГАРСKИ ПРОФЕСОРИ

Добрососедството подразбира реципроцитет

Досега Бугарија не го поставуваше прашањето за Бугарите во Македонија бидејќи тоа бара признавање на Македонците во Бугарија. Рамноправноста на земјите претпоставува реципроцитет, вели бугарскиот професор Петар Емил Митев

Позитивните пораки по средбата меѓу македонскиот и бугарскиот премиер Никола Груевски и Бојко Борисов влеваат надеж дека можеби постои освестување, но не и промена на состојбата на умот, и во Софија и во Скопје, вели професорот на Софискиот универзитет, Петар Емил Митев. Според него, и двете земји недоволно ја разбираат важноста од добрососедството, а проблемот дополнително се усложнува со тоа што Бугарија одеднаш на дневен ред го става прашањето за бугарско малцинство во Македонија. Бугарскиот европратеник, Андреј Kовачев, завчера побара Македонија да го смени Уставот пред да влезе во ЕУ оти во него ги немало Бугарите.

- Досега Бугарија не го поставуваше прашањето за Бугарите во Македонија бидејќи тоа бара признавање на Македонците во Бугарија. Во бугарските документи се зборува за „граѓани на Македонија со бугарско национално сознание“. Не би требало да има пречки да се зборува и за „граѓани на Бугарија со македонска свест“. Во секој случај, пописите ги регистрираат. Рамноправноста на земјите претпоставува реципроцитет. Тоа е аксиома, а комплексноста на проблемот е плод на историјата на формирањето на балканските нации-држави - смета Митев. Оттука, според бугарскиот професор, решението е во идната заедничка европска историја.

Со ова се согласуваат и Македонците во Бугарија. Првиот човек на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, Стојко Стојков, вели дека евроинтегрирањето на земјава ќе им стави крај на бугарските антимакедонски политики. Тогаш, под притисок на европските демократски стандарди и регулатива, ќе мора да се признае македонското малцинство, но и сите други проблеми полека ќе се решат. Но, според Стојков, на бугарската политичка елита од минатиот систем, која направила кариери и пари токму врз антимакедонизмот, не ~ одговара Македонија да биде дел од ЕУ.

- Голем дел од пратениците во ЕУ од тукашната елита се силно заинтересирани да нема добри односи, а се ближат и избори во Бугарија. Средбата меѓу премиерите влеа малку надеж дека бугарската влада се освестила оти падна во стапица токму на тие „елити“, но не верувам дека ова значи и надминување на проблемите. Само влез на Македонија во ЕУ е решение - порачува Стојков.

Според професор Митев, двете земји мора да воспостават нормални односи, а приоритет е потпишување на договорот за пријателство и соработка. Ама проблемите нема да се надминат ако се заобиколуваат или не се споменуваат.

Искра Kоровешовска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=513901378B...0D2FE98463
Без Ботев няма България
20-02-2013, 04:54 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 20-02-2013, 04:54 PM