Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Со Бугарија би се договориле за историјата, но не и за малцинството



Според експертите, владините седници и инфраструктурната соработка се неоспорни, а можеме дури да се договориме за историските недоразбирања, односно како да не ги користиме за провоцирање. Најтешко ќе биде да се договориме за малцинските прашања



БОРИСОВ ОПТИМИСТ, ДЕТАЛИ ОД ДОГОВОРОТ НЕМА

Бугарскиот премиер Бојко Борисов деновиве мошне оптимистички изјави дека односите со Македонија бележат брз напредок и дека наскоро треба да се сретне со македонскиот колега Никола Груевски. По средбата со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ во Софија, Борисов соопшти дека разговарал телефонски со Груевски за проблематичните односи меѓу двете земји. Според неговите најави, се создава можност наскоро да биде потпишан и долгонајавуваниот договор за добрососедски односи, базиран на декларацијата од 1999 година меѓу тогашните премиери Иван Костов и Љубчо Георгиевски, но и дополнет со неколку нови предлози од бугарска страна.

Иако конкретниот текст на договорот не е јавно обелоденет, според досегашните информации со него би се предвиделе заеднички седници на владите, изградба на инфраструктура за подобра соработка, расчистување на историските недоразбирања за двете страни да се воздржат од провокации итн. Според тоа, постојат ли точки по кои Македонија и Бугарија може да се договорат?

Според експертите, владините седници и инфраструктурната соработка се неоспорни, а можеме дури да се договориме за историските недоразбирања, односно како да не ги користиме за провоцирање.
Најтешко ќе биде да се договориме за малцинските прашања, затоа што Бугарија би инсистирала да се признаат сите права за македонските државјани со бугарска национална самосвест, но не би го прифатила тоа за бугарските граѓани што се чувствуваат како Македонци.

БЛИСКИ ПРИЈАТЕЛИ И ПОКРАЈ СЀ

Главен проблем во јавноста се празниците и личностите што би ги славеле заедно, вели поранешниот премиер Владо Бучковски.

- Тоа не е само од сега, туку и од времето кога јас бев премиер. Но го слушнав нашиот премиер како зборува дека имаме нешто заедничко на тоа поле, ние го имаме Делчево, а Бугарија Гоце Делчев, ние го славиме Јане Сандански, а во Бугарија има град Сандански итн. Со таков пристап би можел да се премости и овој најголем јаз. Што се однесува до малцинството, тоа е нешто што ние го наметнуваме и тука е малку потешко да се договориме - смета Бучковски.

Според него, нема непремостливи разлики ниту по прашањето за македонскиот национален идентитет, бидејќи и Борисов ја истакнувал посебноста на Македонците.

- Мислам дека Македонија не успеа доволно да ја искористи Бугарија како стратегиски партнер сите овие години. Неприродно е да очекуваме поголема поддршка од Словенија или од некоја уште подалечна земја во Европската Унија, а да ги запоставуваме најблиските соседи. Затоа што и покрај небулозите што ги создаваа и историчарите и политичарите, тие се покажаа како крајно коректни во два клучни момента за Македонија, тоа беа признавањето на нашата независност во 1991 година и конфликтот во 2001 година. По тоа се познаваат вистинските пријатели. Затоа не треба да ги бараме екстремите. Тие постојат, но не се одраз на реалноста - додава Бучковски.

ДОГОВОРОТ БИ ГО ЗАПРЕЛ БУГАРСКИОТ ПОПУЛИЗАМ

Главен проблем во постигнувањето конечен договор би била нерамноправната позиција на преговори, затоа што Бугарија веќе е членка на Европската Унија, а Македонија не е, вели Светослав Терзиев, аналитичар за меѓународна политика во софискиот весник „Сега“.

- Кога на средината на 1990-тите ЕУ даде зелено светло за зачленување на земјите од Источна Европа, соседните држави што имаа нерешени спорови мораа да потпишат такви договори. Нивната цел беше да не се пренесуваат меѓусебните спорови на теренот на ЕУ и да не се претворат другите членки на Унијата во арбитри за овие прашања. Но тогаш беше полесно да се постигне договор, зашто двете земји беа надвор од ЕУ и имаа заеднички интерес тоа да се случи без одложување, зашто сакаа да влезат во групата на петтото проширување (од 12 земји). Сега ситуацијата е поинаква, бидејќи Бугарија е во Унијата, а Македонија е кандидат. Едната е многу позаинтересирана да се забрза ова од другата. Ова значи дека ќе биде неопходна повешта дипломатија од земјата-кандидат да ја убеди членката - вели Терзиев.
Тој ја споредува оваа состојба со обидите на Бугарија да се зачлени во шенген-зоната, каде што иако ги исполнила сите услови, Холандија, Германија и Франција имаат резерви кон тоа, па сега бугарската држава се обидува да ги придобие.

- Во одредени случаи, правото на вето продолжува да важи во ЕУ и не треба да се потценува. Бугарија нема посебен интерес да ја попречува Македонија да почне преговори за членство, но се иритира од некои политички пораки што се однесуваат на нејзината историја и култура. Треба да се направат напори да се избегнат овие потези, бидејќи оставаат силен впечаток во јавноста. Од друга страна, тие ѝ даваат можност на нашата популистичка влада да се служи со критики на отворено за да си го крене рејтингот пред изборите дома - додава Терзиев.

Според него, проблем е што кога веќе се воспоставија заладени односи, тешко е тие да се надминат, бидејќи дури и ако дојде друга влада на власт, таа ќе мора да најде основа за тоа. Затоа, вели Терзиев, ако тој договор ја даде таа основа, подобро е што побрзо да биде склучен.

- Целта не е само двете земји да се зачленат во ЕУ, туку по некое време и целосно да ги отворат границите, на простор без внатрешни граници. Штом архинепријатели како Германија и Франција постигнаа таква согласност, зошто да не можат народи што се природно блиски - нагласува Терзиев.

Во еден од своите неодамнешни коментари тој напиша дека Борисов ја прогласил БАН (Бугарската академија на науките) за министерство за односите со Македонија, обидувајќи се да се скрие зад нечиј грб во блокирањето на членството на Скопје во ЕУ.


Заедничкото славење на одредени личности, како што е Гоце Делчев, останува едно од отворените прашања

Што сѐ имаше во Декларацијата од 1999 година

Бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов лани преку официјален документ испратен до неговиот македонски колега Никола Попоски побара да се потпише спогодба за добрососедски односи што би се темелела на декларацијата од 1999 година. Конкретно, барањето на официјална Софија е да се изгради неопходната инфраструктура за зајакната соработка, да се формираат заеднички работни групи што ќе ги зајакнат заемните односи во клучните области, да се одржуваат средби на високо ниво во форма на годишни меѓувладини седници. Но, и покрај веќе напреднатиот дијалог на делегациите од двете страни, во јавноста сѐ уште не е познато што точно содржи договорот што сега се прецизира.
Според некои информации, меѓу другото, Бугарија бара и заедничко чествување празници, личности, промена во македонските учебници по историја во контекст на Втората светска војна и промени во именувањето на бугарските власти од тој период. Официјална Софија инсистира и на подобар третман во Македонија на оние што ќе се изјаснат како Бугари, тврдејќи дека се дискриминирани и на подобар однос од македонските медиуми. Иако во јавноста нема официјални информации, се претпоставува и дека македонската страна го сторила истото, односно побарала симетрија.
Слично барање беше испратено и во 2010 година, но откако Македонија ги испрати своите забелешки со кои бараше реципроцитет, во официјална Софија во која тогаш дојде и до промена на претседателската функција, па умерениот Георге Прванов, беше заменет од гласниот Росен Плевнелиев, завладеа молк.
Актуелната владејачка двојка, Борисов-Пленелеиев прашањето за добрососедските односи го издигна на високо ниво.
Непосредно пред декемврискиот самит на кој тие успеаја да протуркаат нивните барања да се внесат како услов за евроинтеграциите на Македонија во Софија се одржа состанок на претседателот и премиерот на кој навестија како ќе се однесуваат на состаноците во Брисел.
Инаку, спогодбата што на 22 февруари 1999 година ја потпишаа тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Костов има неколку интересни члена.
Во последната, единаесетта точка се наведува дека двете држави нема да преземаат, поттикнуваат и поддржуваат дејства што имаат непријателски карактер за другата страна. Меѓу другото, пишува и дека ниту една од страните нема да дозволи нејзината територија да биде искористена од организации и групи чија цел е да вршат поткопувачки, сепаратистички или застрашувачки дејства по мирот и сигурноста на другата страна и оти двете држави немаат и нема да имаат територијални претензии една кон друга.
„Република Македонија изјавува дека ништо од нејзиниот Устав не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање во внатрешните работи на Република Бугарија, за заштита на статутот и правата на лица што не се граѓани на Република Македонија. Двете држави ќе преземат ефикасни мерки за пресретнување на недобронамерната пропаганда од страна на институции и агенции и нема да дозволат дејности од приватни субјекти насочени кон поттикнување насилство, омраза или други слични дејства што би ги повредиле односите меѓу двете земји“, се наведува во последниот дел од спогодбата. Ф.Д.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22807
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 16-02-2013, 09:34 AM by Топорчо.)
16-02-2013, 09:33 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 16-02-2013, 09:33 AM