Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 15.02.2013, 18:19
Атина вели дека нема тајни договори со Софија


„Државата Скопје“ има проблем со Грција, има проблем со Бугарија, со Албанија и со Србија. Не можат да им се виновни сите соседи, и тие имаат некаква вина, изјави грчкиот министер за Македонија и Тракија Теодорос Kарауглу во вчерашното интервју за Бугарската национална телевизија.

На прашањето „дали има тајни договори меѓу грчката и бугарската влада во врска со обвинувањата од Скопје дека двете земји создале заеднички фронт кога Македонија не доби датум за почеток на пристапните преговори со ЕУ“, Kарауглу рече дека не постои такво нешто затоа што Бугарија и Грција имаат различни проблеми со Скопје.

Тој нагласи дека Грција сака сите држави од Западен Балкан да ги надминат сите свои проблеми во меѓусебните односи и да станат членки на ЕУ и НАТО, јави МИА.

- Откако Скопје ќе ги реши проблемите со Грција и со Бугарија, не гледам зошто не може да стане членка на ЕУ и на НАТО. Но, прво мора да се решат проблемите. Не можеме да бидеме во унија со држава што не може да биде таков сојузник. Ако не се решат тие проблеми, ќе имаме проблеми во Унијата и во НАТО. А тоа никој не го сака. Затоа е важно на ова ниво да се решат проблемите - рече Kарауглу и додаде дека македонската страна „треба да покаже добра волја во разговорите со Грција и Бугарија за да се најдат соодветни решенија“.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...5DD367B621
Без Ботев няма България
16-02-2013, 06:37 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 16-02-2013, 06:37 AM