Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Шалом: Историски факт е депортацијата на Евреите од бугарската пронацистичка власт


Депортација на Евреите во Скопје
Претседателот на Организацијата на Евреите во Бугарија „Шалом“, Максим Бенвенисти, официјално ја соопшти позицијата на оваа организација во однос на судбината на Евреите под бугарска власт за време на Холокаустот во Европа.

„За време на Втората светска војна бугарските Евреи се спасени од депортацијата во нацистичките логори на смртта. Спасувањето беше дело на поголем дел на бугарскиот народ, на Бугарската православна црква и на бугарската нефашистичка јавност. За овој акт бугарските Евреи секогаш ќе бидат благодарни.

Депортирањето на Евреите од Беломорска Тракија, Вардарска Македонија и градот Пирот за време на Втората светска војна е историски факт што не може да се негира. Ние, бугарските Евреи, жалиме за невините жртви и секогаш ќе им оддаваме соодветна почит.

Виновници за депортирањето на Евреите од овие територии се германските власти, заедно со бугарската профашистичка влада, како и неспротивставувањето на месното население. Бугарската влада еден ден, кога и каде таа нека процени, ќе треба да ја преземе моралната одговорност за дејствувањето на тогашната пронацистичка власт кон Евреите во перидот од 1941 до 1943 година.

Историските факти за судбината на Евреите во време на Втората светска војна во Бугарија и во земјите администрирани од бугарската пронацистицка власт не смеат да бидат повод за антибугарска пропаганда“, го пренесува бугарската агенција Фокус соопштението на „Шалом“.

http://www.mkd.mk/98107/makedonija/shalo...cka-vlast/
Без Ботев няма България
16-02-2013, 06:36 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 16-02-2013, 06:36 AM