Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Попоски: Бугарските власти создаваат заблуда за антибугарска пропаганда
Објавено: пред 6 часа
Прочитано: 415
Печати


Сподели со твоите пријатели!
Бугарските власти во земјата создаваат впечаток дека во Македонија се создава антибугарска атмосфера. Тоа не е вистина, вели министерот за надворешни работи Никола Попоски во интервју за бугарскиот портал „Преса“.
- Во Бугарија намерно се создава впечаток дека во Македонија се формира антибугарска атмосфера. Тоа не е точно, прошетајте се по улиицте... Тоа е вештачки создадено чувство кое не одговара на реалноста. Но се користи за поткрепа на позицијата дека преку тврдост, преку поставување бариери пред Македонија, може да се постигне нешто – му одговорил Попоски на бугарскиот новинар на интервјуто во својот кабинет.
Според него, одлуката на бугарскиот владин кабинет и на бугарскиот претседател да се блокира давањето датум на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ не е во најдобрите интереси на Бугарија. Попоски порачува дека тоа се должи на одредени фактори во Бугарија кои си играат со националистичките чувства.
- Добрососедските односи не се создаваат преку договори, туку преку искрени и специфични постапки. Не им го прави на другите тоа што не сакаш да ги то прават тебе – вели македонскиот шеф на дипломатијата за барањето на Бугарија да се потпише билатерална спогодба за добороседство.
- Не е демонстрација на високи морални страндарди да се блокира некој да влезе во ЕУ само за да покажеш дека можеш да го сториш тоа – додава Попоски.
За својот бугарски колега, Попоски вели дека се уверил оти Николај Младенов сака добри односи со Македонија.
На прашањето на бугарскиот новинар за преговорите за спогодбата за добрососедство и за барањето на Бугарија „Скопје да не претендира кон постоење македонско малцинство, оти на тој начин се создаваат предуслови за територијални претензеии, Попоски вели дека се може да биде тема на преговори за договори од тој тип, кои, сепак, мора да бидат симетрични..
- Мислам дека за да имаме искрен договор, првин треба да се почитуваме. Да порачаме: Ова е договор меѓу две држави кои се согласни дека се рамноправни партнери. А не да дојдете и да кажете: еве, ова е мојот список со барања и услови, прочитајте го, јас ќе се вратам по 15 минути за да видам дали сте го вклучиле во текстот. И да се потпишете на него. Тоа не може да биде договор за добрососедство. Тоа е ултиматум – вели Попоски.
Тој појаснува дека двете страни се договориле да не излегуваат многу работи во медиумите, за да не се шпекулира околу резултатите, оти тоа може само да попречи на преговорите.

http://www.plusinfo.mk/vest/80480/Poposk...propaganda
Без Ботев няма България
14-02-2013, 08:59 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 14-02-2013, 08:59 PM