Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Тук вече съм шокиран. Една новина от вчера , за която си мислех , че просто е невъзможно да се използва в негативна смисла, ама в Македония няма невъзможни неща , когато се касае за България.

13.02.2013, 11:44
Милановиќ му одржа лекција на Борисов


Хрватскиот премиер среде Софија отфрли секаква можност Хрватска да ја блокира Македонија, како што тоа го прави Бугарија

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ му одржа лекција од добрососедство на бугарскиот лидер Бојко Борисов, и тоа не на неутрално место, туку среде прес - конференција во Софија. Како што пренесоа бугарските медиуми, Милановиќ отфрлил секаква можност Хрватска во иднина да блокира некоја земја аспирант за членство во Европската унија, и во тој контекст најавил дека безусловно ќе ја поддржува Македонија.

„Хрватска ќе ја поддржува Македонија на секаков можен начин, бидејќи нема било какво нерешено прашање со неа. Македонија во однос на членството во НАТО и ЕУ е премногу долго во неодржлива ситуација. Иако не сме соседи, Хрватска ќе биде добар партнер на Македонија и нема да создава проблеми на патот кон членство во Европската унија на Македонија, Бих, Црна Гора и Србија“, одговорил Милановиќ на прашањето дали ќе Хрватска ќе ја поддржи препораката за преговори што ја најавува Брисел за Македонија. Според него, секоја земја што има интерес треба да може да и се приклучи на Унијата, бидејќи тоа е во хрватски интерес.

Хрватска на први јули годинава и формално треба да стане членка на ЕУ, но ратификацијата на документот за пристап е се' уште заглавена во словенечкиот парламент и, поради политичката криза во таа земја, се' уште не е јасно дали тој рок ќе биде исполнет. Љубљана повторно го отвора и досието за водената граница, покрај спорот околу заштедите во Љубљанска банка, па по ова искуство Загреб најдобро знае колкава пречка е користењето на ветото на ЕУ од страна на новите земји членки, кои ја добија привилегијата да условуваат, а не се дораснати на улогата на земји членки.

На истата прес-конференција, организирана по повод посетата на Миловановиќ на Бугарија, премиерот Борисов изјави дека преговорите меѓу Бугарија и Македонија за склучување спогодба за пријателство и добрососедство напредуваат добро, без да прецизира каква согласност е постигната досега. Борисов соопшти дека неделава телефонски разговарал со премиерот Никола Груевски и дека се надева оти наскоро ќе се сретнат, што е најава за официјална посета, поверојатно негова на Македонија, бидејќи и Груевски и Иванов досега престојуваа во Софија. Според него, Бугарија секогаш се однесувала пријателски кон Скопје и со јасно укажување дека што побрзо Македонија ги почне преговорите за членство во ЕУ, толку подобро за неа.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...7B88C36087
Без Ботев няма България
13-02-2013, 06:21 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 13-02-2013, 06:21 PM