Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


КАДЕ СЕ НАЈДОБРО ПЛАТЕНИ РАБОТНИЦИТЕ!?


Хрватите со најголема, а Бугарите со најмала заработувачка



Најдобро платените работници во ЕУ живеат во Данска и имаат бруто-заработувачка до 25 евра за час, додека најслабо платени се работниците во Бугарија, кои заработуваат по евро и пол на час. Во Македонија работникот заработува 2,5 евра за еден час работа, покажува истражувањето спроведено од европската статистичка служба Евростат.

Во регионот, Хрватските работници заработуваат по 4,8 евра на час, но со таквата плата живеат исто како и работниците во Македонија, Полска или Чешка. Тоа значи дека македонскиот работник иако заработува 2,5 евра, со нив може да купи исто колку и хрватскиот работник со неговите 4,8 евра.

Но, по износот за бруто-цената за работа, Хрватска е пет пати послаба од најдобрите, а моменталната ситуација е најверојатно полоша од 2010 година, бидејќи платите стагнираат или паѓаат.

Сепак, овие податоци се однесуваат на бруто-износот, па нема податоци колкава е нето-цената на еден час работа и колкав е износот на платените давачки.

Забележително е дека разликата меѓу платите на работниците од богатата Скандинавија и сиромашниот југ е огромна, но разликата во стандардот е нешто помала, ако се земе предвид колкава количина услуги и производи може да се набават со заработените средства.
Разликата меѓу најдобро и најслабо платениот час работа, во Данска и оној во Бугарија, е дури 17 пати, но Евростат наведува дека ако се земе куповната моќ на Данците, тогаш тие имаат пет пати подобар стандард од Бугарите.

Поради високите даноци и политиката која наложува оние што имаат повеќе да плаќаат повисоки даноци, овие држави се прилично скапи дестинации за туристите од југот и југоистокот на Европа.

http://vecer.com.mk/?ItemID=222BE412E2DD...E1CFCC28F5
Без Ботев няма България
12-02-2013, 06:17 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 12-02-2013, 06:17 AM