Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бизнис | 11. February 2013 - 12:11
Најденов: Бугарија и Грција заедно против Македонија и Турција


Бугарија и Грција треба да се обединат за да се справат со конкуренцијата во земјоделството што доаѓа од земјите соседи Македонија и Турција, повика бугарскиот ресорен министер Мирослав Најденов.

Според Најденов, кој викендот го посети саемот „Зоотехна“ во Солун, Македонија и Турција се уште не се членки на ЕУ поради што не се задолжени да ги спроведуваат европските закони, а воедно уживаат и привилегии во однос на агросекторот што ги немаат земјоделците во Унијата.

- Соседи сме со Грција и нашата амбиција е да овозможиме поголема заедничка размена, нагласи Најденов.

На долгоорочен план, додаде, освен зголемувањето на конкурентноста, голем предизвик се и климатските промени особено ако се земе предвид дека во регионот веќе е евидентен недостигот од вода.

Најденов повика на интензивирање на трговската размена меѓу Бугарија и Грција преку поголем извоз на бугарски жита во Грција, а поголем увоз на грчко овошје и зеленчук.

http://www.sitel.com.mk/najdenov-bugarij...-i-turcija
Без Ботев няма България
11-02-2013, 03:25 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 11-02-2013, 03:25 PM