Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

[/align]


Мостот на Дунав кој го градат Бугарија и Романија, а кој треба да биде пуштен во употреба во април, ќе го направи неинтересен Коридорот 10 кој минува низ Србија и Македонија, за автопревозниците, оценува српското Министерство за градежништво, пренесуваат српските медиуми.
Според пишувањето на српските медиуми, транзитот низ Србија сега ќе биде за100 евра поскап по шлепер во однос на трасата низ Романија и Бугарија. Поради ваквата состојба, од српското Министерство за градежништво алармираат дека државата треба итно да ги забрза царинските процедури и да ги намали таксите,за да не се случи превозниците да го заобиколуваат Коридорот 10.
Се предвидува дека сите шлепери од Турција кон централна, северна и западна Европа, по пуштањето на мостот на Дунав ќе се пренасочат на Коридорот 4, правец кој е за 100 километри подолг и е со понизок степен на изграденост од Коридорот 10. Но, транспортот по него е поевтин и не се губи време на формалности на границите бидејќи двете земји се во ЕУ
Според калкулациите на превозниците, за половина ќе се намали трошокот на преминување на Дунав, односно, ако сега цената на фериботот е 100 евра, мостарината на новиот мост нема да надмине 50 евра. Ако на тоа се додадат и патарините низ Унгарија и Романија, користењето на Коридорот 4 како алтернатива на Коридорот 10 ќе биде за 100 евра поевтино.
Според српските медиуми, меѓународните превозници тврдат дека патот низ Србија, ги чини вкупно 200 евра по камион.
За да се подобри конкурентноста на Коридорот 10, српските експерти препорачуваат Македонија и Србија да ги поедностават граничните процедури и да ги забрзаат градежните работи на комплетирањето на Коридорот 10.

http://www.plusinfo.mk/vest/79824/Noviot...ridorot-10
Без Ботев няма България
10-02-2013, 06:26 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 10-02-2013, 06:26 PM