Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 08.02.2013, 17:52
ПОГЛЕД ОД ДРУГАТА СТРАНА

Зима во официјалната политика, пролет меѓу луѓето




Неделава, речиси во ист ден, Парламентарното собрание на Советот на Европа во резолуцијата за Бугарија го избриша од текстот македонското малцинство, а Европскиот парламент со големо мнозинство гласови ја усвои резолуцијата за заштита на слоновите, носорозите и други животински видови засегнати од ловокрадство. Во таков амбиент на изразена сензитивност за слоновите во Европа и на запоставена одговорност кон македонското малцинство во европската држава Бугарија, во двете држави се одржаа дебати за меѓусоседските односи меѓу Македонија и Бугарија.

Ќе има ли некогаш смислена бугарска политика кон Македонија?

Деновиве оваа скокотлива тема уште еднаш во Софија собра политичари, експерти и медиуми, но консензус повторно не беше пронајден. Зошто?

Во јануари 1992 година Бугарија ја призна Македонија како независна држава, но не и како самостојна нација. Чудната формулација на тогашниот претседател Жељу Желев повеќе од 20 години создава тензии во бугарско-македонските односи.

„Бугарија требаше да го искаже само првиот дел од реченицата, со која ја призна новата соседна земја на запад“, вели шефот на новинската агенција „Фокус“ Kрасимир Узунов.

Во основата на неразбирањето меѓу Софија и Скопје се скриени спротивставените политики на идентитет во двете балкански држави. Експертите што го следат развојот на билатералните односи се согласуваат дека Бугарија и Македонија би требало да се занимаваат повеќе со реалните проблеми - со вкупната неразвиеност, недостигот на билатерални економски проекти и отсуството на железничка пруга и со соодветен автопат помеѓу нив.

Иницијативата за обновување на бугарско-македонскиот дијалог на сите нивоа е охрабрувачки, но таа е лишена од елементарен политичка логистика, сметаат бугарските познавачи.

- Знае ли некој кои македонски и бугарски партии може да бидат партнери меѓу себе? Kој е аналог на ГЕРБ во Скопје или на ВМРО-ДПМНЕ во Софија? Зошто премиерите Никола Груевски и Бојко Борисов не си зборуваат очи в очи, а на европските и на другите меѓународни средби на врвот гледаат да се оддалечат максимално еден од друг? - прашуваат бугарските експерти за национална безбедност, професорот Николај Слатински и Аспарух Панов од софиското биро на германската политичка фондација „Фридрих Науман“.

- Во Скопје си прават што сакаат, а ние не можеме да си дозволиме подбивање со бугарската историја. А таму се случува токму тоа! Додека посетував курс по словенска филологија во Kелн, сфатив дека Германците го дефинираат македонскиот јазик како старобугарски. Бугарската влада и Бугарската академија на науките треба да заземаат категорична позиција спрема обидите на Скопје да ги присвојува бугарската историја и бугарското културно и книжевно наследство. Тоа е форма на агресија - гласен е американскиот политички аналитичар од бугарско потекло Алекс Алексиев, кој бил советник на владата што ја признала Македонија.

Неговата прогноза за развојот на југозападниот сосед на Бугарија е повеќе од мрачна. Во моментов само во една четвртина од македонските општини - тие по границата со Бугарија - нема албанско малцинство, вели Алексиев.

„Земјата е под закана од исламски фундаментализам и најверојатното сценарио е Македонците од словенско потекло да почнат постепено да се иселуваат кон Бугарија во следните 10-20 години“, анализирал тој.

Според Алексиев, од Скопје промовираната антиквизација, која го апсорбира и бугарското историско наследство, е само еден инфантилен порив за утврдување на идентитетот што недостига.

- Проблем е што антиквизацијата кон западните бугарски граници го приближува радикалниот ислам и тоа во крајна линија е најголемиот проблем во развојот на бугарско-македонските односи - вели експертот.

Независно од критиките на Софија и на Атина во однос на политиката од Македонија, некомпатибилна со европските принципи за добрососедство како што ја оценуваат бугарските медиуми, Балканскиот политички клуб и д-р Жељу Желев, кој го предводи, остануваат поддржувачи за постојана и безусловна поддршка за европското членство на Македонија.

- Одлуката за одложување на почетокот на преговорите на Македонија за влез во ЕУ, донесена од Европскиот совет на иницијатива на Атина и на Софија, не е црвен картон, но и не придонесува за скоро излегување на Македонија од сивата западнобалканска зона на неизвесност и етнички спротивставувања - смета поранешниот бугарски претседател.

По с` изгледа дека зимата во официјалните бугарско-македонски односи продолжува. Но надеж за нивно подобрување секогаш ќе има, бидејќи „таа извира од топлата врска меѓу луѓето од двете страни на една граница, која веќе не може да ги раздели“, констатирале учесниците на софискиот дијалог.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...BA8E1FDDFA
Без Ботев няма България
09-02-2013, 08:41 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-02-2013, 08:41 AM