Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 08.02.2013, 17:54
АНТОАНЕТА ПРИМАТАРОВА, ПОРАНЕШЕН ЗАМЕНИК-МИНИСТЕР ЗА НАДВОРЕШНИ РАБОТИ ВО БУГАРИЈА

Нема да бидеме пречка на европскиот пат на Македонија


Kанонадата предложени амандмани на бугарските европратеници не е одраз на позициите на официјална Софија, вели Приматарова, објаснувајќи дека во Европскиот парламент многу често се гласаат позиции, се манифестираат поддршки и лобистички идеи, кои се политички сигнали за определени расположенија во ЕУ, но не можат секогаш да се сметаат како барања или одлуки на официјалните политики на државите чии пратеници ги предложиле

Искра Kоровешовска

Ако односите poмеѓу двете земји позитивно се развиваат, навистина се надевам дека Бугарија нема да биде пречка за почнување пристапни преговори помеѓу Македонија и ЕУ. Но, не е во моќта на Бугарија да решава други прашања, кои се надвор од надлежноста на бугарската влада.

Вака на односите помеѓу двете соседни земји гледа поранешната заменик-министерка за надворешни работи на Бугарија, Антоанета Приматарова. Никогаш, вели, немала лоши односи со македонските колеги и порачува дека еднаш засекогаш треба да се отфрлат националистичките реторики меѓу двете земји во интерес на вистинското добрососедство.

Kаква манифестација на добрососедство беше канонадата од амандмани од бугарските европарламентарци поднесени на предлог-резолуцијата за Македонија што ја изготви известувачот Ричард Ховит? Дали тие ќе помогнат да се усогласат односите меѓу Македонија и Бугарија?

- Секој парламентарец во Европскиот парламент (ЕП) ~ припаѓа на различна партија и може да зборува од свое име. Но, има и нешто друго. ЕП е политички орган, кој се нарекува парламент, но е различен од националните парламенти, па таму многу често е можно да се гласаат позиции, да се манифестираат поддршки и лобистички идеи, кои се политички сигнали за определени расположенија во ЕУ, но не можат секогаш да се сметаат како барања или одлуки на официјалните политики на државите чии пратеници ги предложиле. Па, и предложените амандмани на бугарските европратеници не се одраз на позициите на официјална Софија. Бугарија веќе најави дека има документ за уредување на односите со сите соседи. Тој документ уште не е излезен од владата, ниту е дискутиран во парламентот. Засега не би требало да ги разгледуваме предлозите или амандманите на еден или друг европарламентарец како нешто што ќе се претвори во услов или повеќе услови за почнување на преговорите на ЕУ со Македонија.

Тоа убаво звучи, но во практиката се случува нешто друго што упатува на националистичка реторика и безизлезност.

- Да, но гледаме дека работите се движат, се охрабрува дијалогот меѓу владите на Бугарија и Македонија. Има позитивни сигнали: договор за добрососедство, средби на високо ниво и работни групи - сето тоа ќе биде земено предвид кога ќе се носи решението за почнување на преговорите со Македонија.

Врз основа на сè, каков извештај може да очекува Македонија напролет, а што во јуни?

- Прв елемент што продолжува да стои на дневен ред е решавање на спорот за името со Грција. Европската комисија предложи да се направи форма тоа да се решава за време на преговорите за да се најде формула што ќе ја натера Грција да го дигне ветото. Од друга страна, постојат внатрешнополитички настани во вашата земја, а претстојат и избори... Сето тоа може да се одрази и на негативен начин. За мене декемвриското решение на Советот на министри за надворешни работи на ЕУ е повеќе израз на политичка волја во рамките на овие 6 месеци, евентуално до јуни, да се направи можно донесувањето решение за почеток на преговорите со Македонија. Но, дали тоа навистина ќе се реализира ќе зависи и од други фактори, меѓу кои, и од односите меѓу Бугарија и Македонија.

Од што најдиректно зависи како ќе настапува Бугарија во врска со важните моменти за Македонија во следните неколку месеци? Гласањето на извештајот, на пример?

- Треба прво да имаме предвид дали воопшто ќе се стигне до гласање, како што беше сега во декември - кога носењето решение беше одложено. Значи, нема отфрлање на решението, туку негово одлагање. Ако односите меѓу двете земји позитивно се развиваат, јас навистина се надевам дека Бугарија нема да биде пречката за почнување на преговорите меѓу Македонија и ЕУ. Но, не е во моќта на Бугарија да решава други прашања, кои се надвор од овластувањата на бугарската влада.

Горливиот проблем со малцинствата трае со години, но во насока на можно решение дали Бугарија би прифатила реципроцитет во однос на малцинските прашања? На пример, ако Македонија се однесува чесно и демократски кон бугарското малцинство, дали и македонското малцинство ќе биде признаено и ќе ги ужива своите права во Бугарија?

- Официјалната бугарска позиција во однос на малцинствата, од секогаш е иста: кога зборуваме за малцинства повеќе зборуваме за индивидуалните права на секој граѓанин, а не зборуваме за колективни права. Мислам дека Бугарија и понатаму би ги почитувала индивидуалните права, дури и да станува збор за луѓе што се изјаснуваат како Македонци, но не мислам дека Бугарија би ја променила својата политика за признавање колективни тела - како и да се изјасниле. Значи, дискутабилната линија е поставена меѓу признавањето на индивидуалните и колективните права.

Kако го оценувате бришењето на македонското малцинство од резолуцијата за Бугарија на една од седниците на Парламентарното собрание на Советот на Европа?

- Не сум запознаена со деталите за тоа прашање, затоа и не сакам да го коментирам.

#
http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...BA596FD8D6[/align]
Без Ботев няма България
09-02-2013, 06:39 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-02-2013, 06:39 AM