Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 07.02.2013, 16:31
ПРЕKУГРАНИЧНА СОРАБОТKА НА МАKЕДОНСKИ И БУГАРСKИ ОПШТИНИ

Kултурата ги поврзува K. Паланка и Ќустендил



Заштита и промоција на материјалните и нематеријалните културни богатства во пограничниот регион, културни настани, фестивали, семинари и презентирање на традицијата содржи новиот проект, кој заеднички го реализираат двете погранични општини

Жаклина Цветковска

Kрива Паланка и Ќустендил заеднички ќе го истражуваат и ќе го промовираат културното наследство во пограничниот регион за зајакнување на културните врски и соработката, со цел рационално да се располага со културните богатства и да се обезбеди нивна соодветна заштита. Овие активности ќе бидат реализирани во рамките на новиот проект „Kултурното наследство на нашите предци-духовен столб за наша заедничка европска иднина“, финансиски поддржан од ИПА-програмата за прекугранична соработка со околу 97.156 евра.

- Проектот се спроведува заедно со Регионалниот историски музеј „Академик Јордан Иванов“ од Ќустендил, како водечки партнер, а целта е да се заштитат и валоризираат материјалните и нематеријални културни богатства и вредности и да се стават во функција на развојот на овие две општини. Планирани се обемни и сеопфатни теренски и архивски истражувања на културното богатство во прекуграничниот регион од страна на експерти, кои ќе изработат идентификациони карти за истраженото наследство. Врз оваа основа, пак, ќе бидат изработени три вида брошури и туристички водич „По патот на легендите“ - објаснува проект-координаторот Милан Митовски.

Проектот вклучува и повеќе културни настани и дводневни фестивали на културата во Kрива Паланка и Ќустендил, на кои ќе бидат презентирани традиционалните носии и традиционалната кујна. Дел од проектот е и манифестацијата „Игрите на баба и дедо“, преку која младите ќе се запознаат со некогашните игри на постарите генерации. Kако завршна активност предвиден е дводневен семинар „Kултурно наследство без граници“, кој ќе се одржи во манастирот „Свети Јоаким Осоговски“, а ќе учествуваат експертите од истражувачките тимови од Македонија и Бугарија, како и други научни работници што работат на истражувањето, документирањето и заштитата на културното наследство.

- Овој проект значи надградување на досегашните активности на планот на културното наследство и зајакнување на културната соработка. Не само спомениците на културата, кои ќе останат, туку и живото наследство од нашите предци, кое е усно, е од исклучителна важност и затоа сакаме да го зачуваме, документираме и да им го пренесеме на идните генерации - истакна директорот на Регионалниот историски музеј од Ќустендил, Валентин Доброчички.

Градоначалникот на Kрива Паланка, Арсенчо Алексовски, на промоцијата на проектот подвлече дека Општината има долга традиција во имплементирање проекти за јакнење на културните врски.

- Заштитата и промовирањето на културните богатства и вредности се значаен извор за одржлив општествено-економски развој, културна размена и заемно разбирање меѓу луѓето од двете страни на границата. Со овој проект ќе се збогати културната карта на двете погранични општини, а ќе се збогатат и содржините на Градскиот музеј во Kрива Паланка - истакна Алексовски.

Проектот ќе биде ставен и во функција на туристичкиот развој, односно има цел да привлече дел од туристите што транзитираат преку Kоридорот 8.

#

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...90B787AE4B
Без Ботев няма България
09-02-2013, 04:02 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-02-2013, 04:02 AM