Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

В груйовите медии тече благородно съревнование кой по силно ще плюкне по България.Резултатите ще се решават с фотофиниш

Датум: 07.02.2013, 16:39
ЕДИТОРИЈАЛ

Аман, не таква помош

Македонската приказна со Бугарија полека ја добива формата на познатата шега...„аман ве молиме, подобро не ни помагајте“. Се разбира, ако ние и тие поинаку ја сфаќаме помошта. А последниот случај со 90-ината амандмани во Европскиот парламент потврдува дека користиме различни дефиниции за „помош“.


Никако да се погодиме за дефиницијата за „антибугарска кампања“, за „притисок“ врз оние што се чувствуваат Бугари, а уште помалку за дефиницијата на „провокација“. Очигледно имаме различни дефиниции и за „малцинство“, а различно ги сфаќаме судските случаи и одлуки и во самите земји, ама и во Судот за човекови права во Стразбур.

Освен тоа, последниве денови тие виделе нешто што ние не можеме да го видиме, од типот на наводните извици на протестите на опозицијата „мрсни Бугари“. И тоа за што, за преименување улица!

И со сите вакви забелешки во Стразбур бугарските пратеници сакале да ни помогнат да не ги повторуваме нивните грешки кога влегувале неподготвени во Европската Унија. Можеби затоа побараа, дел од нив, се разбира, и со чест на исклучоците, Европската комисија да прекине со понатамошно финансирање на Македонија од Инструментот за претпристапна помош (ИПА) бидејќи „поради говорот на омраза, не е оправдано средствата на европските даночни обврзници да бидат потрошени за финансирање на политиките на земја-кандидат”.

На овој начин ни помагале бидејќи подобро е добрите пријатели добронамерно да зборуваат отворено за проблемите, како што велат тие.

Експертите од Бугарија имаа објаснување за ваквото однесување на пратениците. Овде нè уверуваа дека тие не го изнесуваат официјалниот став на Софија. А чиј став изнесуваат? Личен? На политичка партија? На група граѓани?

Чиј е ставот за „Трето полувреме“, кој за бугарските пратеници во Европскиот парламент е бесмисленост, или за регистрирање на „организацијата на луѓето со бугарска самосвест „Радко“ како политичка партија“?

Домашни експерти, пак, имаат малку поинакви ставови. Тие не се изненадени од ваквото однесување на бугарските пратеници, без оглед дали пренесуваат официјален или „личен“ став. Напротив, дури и очекуваат да стануваат сè понервозни како што ќе се зголемува бројот на тие што бараат датум за почеток на преговорите за членство.

Грчки дипломати пред неколку месеци на шега предупредуваат дека допрва ќе видиме што е спор, велејќи „ќе го барате спорот за името“. Она што тогаш изгледаше неверојатно, сè повеќе станува реалност. Бугарскиот камен околу вратот станува потежок од грчкиот.

Да се надеваме дека долгонајавуваниот договор за добрососедство, од кој толку многу се очекува, ќе донесе малку повеќе меѓусебна доверба.

Жана П. БОЖИНОВСКА

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C6E6334E54...37ACEEB831
Без Ботев няма България
08-02-2013, 05:48 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 08-02-2013, 05:48 AM