Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Груевски отново в атака

Дебата во Европскиот парламент за владеењето со правата и слободите во Бугарија

Европратниците дебатираа околу час и половина за владеењето на правото и слободата во Бугарија, без притоа да биде донесен конкретен заклучок.



Дебатата беше по барање на Алијансата на либералите и демократите на Европа, по нападот врз почесниот престедател на партијата на турското малцинство Ахмед Доган. Во дебатата очекувано дојде до судармеѓу две позиции – од една страна европратениците од групата на либералите со поддршка од социјалдемократи, кои ја обвинуваа бугарската влада дека не се грижи за владеењето на правото и почитувањето на основните човекови права, и од друга страна Европската народна партија, чии претставници тврдеа дека се користи трибината во Стразбур за предизборни агитација.

- Недопустливо е посегнување врз правната држава во Европа. Нападот над партиски раководители е напад врз демократијата и тоа е неприфатливо“, изјави на почетокот од дебатата, комесарката за климата Кони Хедегор која зборуваше во името на Европската комисија. Европската комисија го осудува тој напад, но според комесарката тоа е внатрешно прашање на Бугарија и најважно е бугарските власти брзо да ги изведат пред лицето на правдата одговорните за нападот.

За Комисијата која ќе продолжи да ја следи Бугарија во рамките на процесот за верификација, сега е важно изборите да не го спречат реформскиот процес.

Од името на Советот, ирското претседателство преку Лусинда Крајтн, државен министер за европски прашања, рече дека претседателството не може да има поглед на поставените прашања, бидејќи тие не биле дискутирани во Советот и по нив министрите на ЕУ немаат позиција.

Сепак според неа потребно е зацврстување на основните вредности и принципи кои вклучуваат слобода, демократија и владеење на правото. Во согласност со ова, ирската министерка нагласи дека националното законодавство треба да одговара на европските принципи и тоа вистински да се применува.

Бугарија заедно со Романија се двете европски држави кои се ставени под надзор преку механизмот за соработка и верификација по нивниот прием во ЕУ во 2007 година.

Во дебатата Манфред Вебер во името на народните партии изрази изненадување за дебатата која се води, бидејќи истрагата за нападот врз Доган се уште е во тек и дека тоа е внатрешно прашање на Бугарија.

Од името на групата на социјалистите и демократите Фернандо Лопез Агилар препорача ЕК да изготви дополнителен извештај за Бугарија во областа на правосудството, со оглед на настаните во изборот на високи претставници на судството. Во името на групата на либералите и демократите, каде што членува и ДПС (партијата на турското малцинство), иницијаторот на дебатата, Греам Ватсон ја критикуваше реакцијата на бугарските власти, кои го промениле обвинението на напаѓачот на Доган "под притисок на министерот за внатрешни работи".

Според Ватсон се поставуваа многу прашања во Бугарија за судството и неговата независност. Тој ги отфрли како цинични обвинувањата дека дебатата се користи како предизборна трибина бидејќи главните бугарски институции ја немаат довербата на граѓаните.

Бугарскиот независен европратеник Димитар Стојанов, смета дека немало притисоци во истрагата и призна дека во Бугарија всушност има проблеми со слободата, но истовремено тој нагласи дека во минатиот век Доган бил осуден за тероризам и дека ДПС беше терористичка организација пред 30 години.

Во својство на поранешен известувач на ЕП за напредокот на Бугарија на патот кон ЕУ Џефри Ван Орден нагласи дека приемот на Бугарија во ЕУ е поврзан и со руското влијание во регионот. Инвеститорите имаа потреба од перспектива за стабилност и ова решение тогаш беше правилно, но проблемите кои преостануваат во Бугарија сега имаат потреба од итни решенија.

Британскиот европратеник од групата "Европа за слобода и демократија" Џерард Батн предвидува дека 50.000 мигранти годишно во следните 5 години ќе се насочат од Бугарија кон неговата земја. „Бугарија е поплавена од криминал, во Бугарија животот нема цена ..., а мафијата си купила држава. Но, тоа не значи дека Велика Британија треба да го прифати сите. Британците немаат ништо против никого, вклучувајќи и против Бугарите,но зошто толку од нив сакаат да ја напуштат - земјата им е очајна сиромашна и под контрола на организираниот криминал“, нагласи тој.

Според него бугарскиот миграциски тек бил предизвикан од недостатокот на слободни медиуми, од корумпиран судски систем, од наместените избори.

- Жал ми е за Бугарите, но ми е жал и за мојата земја разорена од странци.Велика Британија не може да ги реши проблемите на Бугарите, со тоа што ќе ги пресели во Велика Британија, рече Батн.

Андреј Ковачев од европските народни партии оцени дека бугарската опозиција сака да ја искористи дебатата во предизборната кампања. Тоа е обид Бугарија да биде дискредитирана. Според него медиумите во Бугарија мирно пишуваат што сакаат, па и против премиерот, а тврдат дека не се слободни - тоа според Ковачев е страшно.

Илија Јотова од групата на социјалистите рече дека притисокот и купувањето на избори се карактеристика на сегашната владејачка партија во Бугарија Првиот слободен референдум во земјата беше наместен. Филиз Хјусменова од ДПС, (АЛДЕ) изрази мислење дека владеачката гарнитура во Бугарија кај обидела да го потцени нападот врз Доган. Според неа тоа беше нарачка и обид за политичко убиство на опозициски лидер во пресрет на парламентарните избори.

За време на расправата се слушнаа и конкретни предлози како да се запрат сите евросредства за Бугарија, за да тие не одат во рацете на криминалците, механизмот за соработка и верификација да се однесува на повеќе области, да се бара одговорност од опозицијата за постоечките проблеми.

Расправата се однесуваше само на нападот врз почесниот претседател на ДПС, за жал во неа не беа споменати и другите проблеми, како на пример проблемите на кое е изложено непризнатото македонското малцинство во Бугарија.

Самата дебатата и меѓусебните обвинувања на бугарските европратеници остави впеачток на нешто недоврешено, бидејќи тоа беше само декларативна, без резолуција. Но едно нешто произлезе јасно: - Во Европската унија има земји членки, кои понекогаш не ги почитуваат владеењето на правото и тоа мора да се промени, мора да се почитуваат основните европски вредности и тоа важи за сите земји членки. Посебно кога тоа се бара од земјите кандидатим за кои бугарските европратеници бараат почитувања на овие стандарди.


http://www.sitel.com.mk/node/58909

Без Ботев няма България
07-02-2013, 07:28 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 07-02-2013, 07:28 PM