Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ДЕБАТА ЗА ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА: ИСТОРИЈАТА ОД БРОЈ ЕДЕН ДА ОДИ НА БРОЈ 100 ВО БИЛАТЕРАЛАТА!

Пораки за кревање на гласот на разумот во дипломатските односи помеѓу Скопје и Софија се испратија на денешната дебата во организација на Гем - клубот на која учествуваа аналитичари и поранешни функционери од двете држави. Заклучокот на сите беше еден – историјата отпроварува и историските митови се главниот товар кој мора да се симне за да се олабави билатералата

Македонија и Бугарија не смеат да дозволат меѓусебните односи да бидат диктирани од историјата, од едноставна причина што историјата се темели на ограничување и на поделби на ваше и наше, а политиката бара нешто сосема друго – компромис и дијалог. Ова е главниот заклучок на денешната дебата во во организација на Гем - клубот на која учествуваа аналитичари и поранешни функционери од двете држави, насловена „Односите меѓу Македонија и Бугарија-четврто полувреме“.
Бугарскиот аналитичар Јавор Сидеров го впери прстот во историјата и во начинот на којшто таа се злоупотребува во политички цели. Тој оцени дека историјата не е само тоа што се помни, туку и тоа што се заборава и дека историските митови се градат токму врз заборавените факти:
„Бугарија и Македонија се шампиони во заборавање. Премногу се важни нашите меѓусебни односи за да ги оставиме само на историчарите. Што е нацијата? Таа е социјална категорија, таа е само верување на група луѓе. Каква смисла може да има во национализирањето или присвојувањето на еден Гоце Делчев, кој кажал како го разбира светот, на едни Кирил и Методиј кои се значајни за целото човештво? Тоа нема логика. А национализмот и во Македонија и во Бугарија е национализам на малите народи, дефанзивен и штетен.
Директорот на канцеларијата на Европскиот совет за надворешни односи во Софија, Димитар Бечев го дели ставот дека гласовите на разумот многу слабо се слушаат на двете страни од границата.
„Тоа е маѓепсаниот круг во кој не внесуваат нашите историчари – полицајци, додека оние разумните се премногу тивки. Лидерствата во двете земји имаа обиди за издигнување над заедничките проблеми. Љубчо Георгиевски и Иван Костов како премиери во Рим заеднички го славеа празникот на словенските просветители, Бранко Црвенковски се поколни на споменикот на Јане Сандански, Владо Бучковски имаше идеи за заедничко славење на Илинден, што значи дека имало смелост за да се погледне напред. Сега ги прашувам двете влади - зошто се прави проблем? Историјата не смее да биде број еден, таа е број 100 по значење во билатералата. Ние имаме економија, инфраструктура и проекти кои се пред нас, а кои чекаат на реализација. Се друго е дневна политика“.
Бечев, за разлика од повеќето бугарски интелектуалци, сподели една поинаква перцепција за македонската политика кон соседот:
„Не би рекол дека тука се води анти – бугарска кампања, напротив. Односот кон Тодор Александров, Мара Бунева, Ванчо Михајлов, тоа е токму пробугарски став“ .
Со коментар се јави и поранешниот шеф на дипломатијата, Љубомир Фрчкоски кој оцени дека не е така и дека токму проблем е како да им се објасни на Бугарите дека ВМРО – ДПМНЕ води просрпска политика. Фрчкоски повика на носење на разумни политички одлуки во однос на историските факти:
„Фактите се факти, да, но политиката избира кои факти ќе ги потенцира и кои ќе ги памети. Проблемите со Бугарија постојат. Ние имаме проблем како да ја одбележуваме заедничката историја без притоа да се претопиме и да останеме свои, Бугарите имаат проблем во однос на Народно – ослободителната борба, понатаму, тука е и прашањето со малцинствата што секако ќе се најде на заедничка маса, но само со дијалог овие недоразбирања можат да се надминат. Се што треба е политичка волја“ вели тој.
Дебатата се одржа на еден ден откако во Брисел, известувачот за земјава, Парламент Ричард Ховит ја презентираше Резолуцијата за Македонија што во април годинава треба да ја донесе Европскиот парламент. Токму бугарските европратеници поднесоа најмногу амандмани за истата – 92, што заедно со 35-те на нивните грчки колеги придонесоа да има вкупно 203 забелешки.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/9235...lata!.aspx
Без Ботев няма България
06-02-2013, 04:01 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 06-02-2013, 04:01 PM