Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Датум: 05.02.2013, 19:33
ОТКАКО СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА СТИГНАА ДО СУД ЗА КРАЊСКИОТ КОЛБАС

Бугарската шопска салата ќе нè седне на масата на ЕУ




Важно е да разбереме дека во Европа овие работи функционираат на принципот: прв стасан - прв услужен. Тоа што итно треба да го направиме е да иницираме постапка за заштита на тетовското гравче, кумановскиот суџук, крушевскиот ќебап, апелира Ванчо Дамјановски од Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин“

Искра Kоровешовска

Освен спорот со Грција, на патот на Македонија кон ЕУ како сопка може да се испречат и ракијата, мастиката, ајварот, шопската салата и македонското вино. Според експертите овие производи може да се претворат во услов што некоја од земјите од регионот може да ни го постави на патот кон Унијата.

За шопската салата, според познавачите, може да настане судир со источниот сосед. Бугарија смета дека заради Шопите како етничка заедница кои се населени во земјата и овој производ може да си го присвои. Но, реонот од каде што потекнува шопската според составот на салатата не е од Бугарија. И Македонија произведува квалитетен патлиџан, краставици, пиперки.

Македонските винарници веќе се соочија со проблемот како да го декларираат виното со оглед на проблемите што ги направи Грција која го регистрира „македонското вино“ како свое. Бугарија, пак, се обидува да ги присвои и заштити мастиката и ракијата како свој бренд, но за среќа, засега не ~ успева бидејќи се работи за генерички називи.

Последниот спор меѓу Хрватска и Словенија за тоа чиј е крањскиот колбас го вклучи алармот дека нашите бизнис-здруженија, но пред с` државните институции, треба навреме да реагираат.

Европската комисија на Хрватска и на Словенија им постави рок до средината на месецов да се договорат која од овие две земји и понатаму ќе може да го произведува овој сувомесен производ под тоа име, во спротивно Брисел ќе донесе одлуката.

Да не бидеме пасивни

Јужниот сосед не само што успеа да го заштити македонското вино, туку и го доби спорот со Данска и со Kипар за тоа кој го има ексклузивното право врз називот на сирењето фета. За разлика од Грците, ние сме пасивни.

Познавачите објаснуваат дека ако нашата земја навреме реагираше кога Грција го заштити македонско вино, можеби сега соседната земја не ќе смееше да се противи на тоа зошто на нашите етикети стои придавката „македонски“. Тие предупредуваат дека во иднина може да прераснат во проблеми одредени производи карактеристични за погранични подрачја.

- Можеби утре на Грција ќе ~ текне да бара како свој да заштити одреден производ што се создава на планината Kајмакчалан или, пак, на Албанија да бара ексклузивно право на пастрмката во Охридското Езеро. Ова се хипотетички примери, кои може да бидат вистинити. Важно е да разбереме дека во Европа овие работи функционираат на принципот: прв стасан - прв услужен. Земјата на која прва ќе ~ текне да ја потегне постапката и да докажува сопственост или матично потекло на даден продукт, нормално дека ќе биде во предност пред Европската комисија, апелира Ванчо Дамјановски од Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин“. Според него, токму тоа ~ се случува и на Хрватска во врска со крањскиот колбас, а Словенија е помоќна оти веќе е членка на ЕУ.

Развиените земји соборуваат рекорди во патентирање

Што се однесува до ракијата, мастиката, шопската, според упатените, досега барањата на Бугарија се покажаа како неосновани. Тоа што итно треба да го направиме е да иницираме постапка за заштита, на пример на тетовското гравче, кумановскиот суџук, крушевскиот ќебап, порачува Дамјановски.

Експертите најголемиот проблем го лоцираат во финансиите. Сепак, велат дека извозот на заштитениот или патентиран производ уште првата година ќе ги врати потрошените пари за изработка на елаборат и добивање патент.

- Заштитата на производите треба да биде составен дел на поставувањето на бизнис-планот, да биде дел од бизнис-логиката. За жал, минимален е бројот на заинтересирани здруженија и компании кои вака ги проектираат нештата, вели Дамјановски. Истото го порачува и адвокатот и познавач на заштитата на интелектуална сопственост, Валентин Пепељуговски. Според него, нашите компании се убедени дека единствениот успех е производството и продажбата.

- Тие не се свесни дека современите бариери не се царинските, туку бариерите се во стандардите и интелектуалната сопственост, смета Пепељуговски.

Додека Македонија с` уште дебатира, развиените земји поставуваат рекорди во број поднесени барања за патентирање. Меѓународната патентна организација постави нов рекорд во 2011 година со примени 181.900 апликации за патентирање производи. Од нив речиси 90 отсто се од Kина, Јапонија и од САД.

Австрија е лидер

Во 2012 година, Европската патентна организација доделила 65.700 европски патенти, поставувајќи нов рекорд за трета година по ред. Вкупно до неа биле поднесени 257. 833 барања за патентирање. Инаку, според податоците на организацијата во 2011, лидер во патентирање производи била Австрија. ЕПО ~ доделила 737 патенти. Од земјите во регионот, Бугарија има добиено 8, Грција 29, а Македонија, Босна и Албанија ниту доставиле барање за заштита на продукти.

Број на одобрени патенти за 2011 година
Австрија 737
Турција 95
Хрватска 56
Словенија 42
Грција 29
Бугарија 8
Македонија 0
Албанија 0
Босна и Херцеговина 0

Ни пари ни свест

Според податоците од Државниот завод за индустриска сопственост, од околу 20 македонски производи што имаат национална заштита, само за четири производителите пројавиле интерес меѓународно да ги заштитат. Домашните компании последниве неколку години не поднеле ниту едно барање до Европската патентна организација за да патентираат свој производ. Според познавачите, проблемот е во немањето свест за потребата производите да се заштитат, но и немањето финансии за да се реализира еден ваков процес. Само елаборатите за утврдување на потеклото и географските ознаки на даден производ чини од 500 до 5.000 евра, а постапката на патентирање е скапа и може да чини до 50 илјади евра.

Грција не и го дава ни ѓеврекот на Турција

Освен македонското вино, фета-сирењето, нашиот јужен сосед е активен на уште на неколку фронта. Најмногу војува со Турција. Најпрво беше проблемот со ѓеврекот. Пред неколку години се спречкаа и за баклавата, откако на една приредба во ЕУ благото било претставено како типичен десерт на кипарските Грци. Сличен проблем имаше и со локумот. Независно каков ќе биде епилогот, според експертите, силна порака испраќа фактот што земјата масовно се бори да присвојува производи и да патентира ексклузивни називи како во случајот со фета-сирењето. Има и други примери на земји во ЕУ кои воделе вакви спорови. На пример, пармезанот ги скара Италија и Германија за на крајот да се утврди дека сепак неговата матична земја е Италија. Германија ~ беше лута на Франција оти сакаше да го присвои виното „рајнски ризлинг“. На крајот се покажа дека георгафските ознаки на виното се совпаѓаат со реонот по кој го добил името - реката Рајна.

Што значи географска ознака?

Според европската регулатива за интелектуална сопственост, географските ознаки обично се географски називи. Но и негеографски имиња, исто така, може да бидат заштитени ако на некаков начин се поврзани со одредено место. Најпознат таков пример е фета-сирењето. Тоа не е именувано според место во Грција, но е тесно поврзано со земјата и затоа се идентификува како инхерентно грчки производ. ЕУ-легислативата предвидува 3 главни услови за признавање одреден термин како географска ознака:
- таа се однесува на стоки, иако во некои земји во ваквите ознаки се вклучени и услуги
- овие стоки мора да потекнуваат од дефинирана област;
- стоката мора да има квалитети, углед или други карактеристики кои се јасно поврзани со конкретното географското потекло.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=08E48C71D4...8D8C7B7426
Без Ботев няма България
06-02-2013, 06:04 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 06-02-2013, 06:04 AM