Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Канонада од грчки и бугарски амандмани за Резолуцијата за Македонија во ЕП





Канонада од бугарско-грчки амадмани за Резолуцијата за Република Македонија што во април оваа година треба да ја донесе Европскиот парламент, јавува допинсикот на МИА од Брисел. Поднесени се вкупно 203 амадмани на предлог-Резолуцијата на известувачот Ричард Ховит, од кои дури 92 амадмани се на бугарските, а 35 на грчките европарламентарци.



Најголем број на предлог-измени во Резолуцијата дава либералот Станимир Илчев кој заедно со Андреј Ковачев (Европски народни партии) или посебно има поднесено 30 амандмани. Зад него е пратеникот од бугарска атака, Димитар Стојанов со 25 амадмани, при што најголемиот дел од нив ригидни, навредливи и апсолутно одат контра добрососедството што Евроспката унија го бара од Македонија и Бугарија. Посочениот Ковачев има поднесено 24 амандмани (сам или заедно со Илчев), додека кај Грците, предничи Николаос Салавракос (партија Народен православен собир) со 15 предлог-измени на Резолуцијата што ја предложи известувачот Ховит. По него следуваат Марија Елени-Копа (Социјалдемократи) и Мариета Јанаку (ЕПП) со по осум амадмани.

Интересно, но и самиот известувач Ховит има поднесено над 20 амадмани на својот предлог што минатиот месец го претстави пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент.

Канонадата од Бугаринот Стојанов започнува со амадман во кој се посочува дека „продолжува нетолерантноста и проследувањето на лицата со бугарска самосвет”, при што бара да се земе предвид, според него,„насилствата во Собранието пред крајот на минатата година, кога опозициски пратеници беа тепани и изнесувани на сила надвор од пленарната сала“. Тој исто така бара во Резолуциајта да влезе дека „опозициската СДСМ превзема дејства што не одговараат на европските стандарди за толерантност поради случајот кога нејзини општинки советници во Скопје скандираа „Мрсни Бугари!“ кон своите колеги од општинскиот совет по повод преименување на улица. Тој обвинува за Спаска Митрова, за отстранувањето на спомен-плочата на Мара Бунева, дека е нападнат бугарски амбасадор во Скопје, а и тоа оти годинава започнала „полициска репресија против лица што работат како посредници меѓу бугарските власти и граѓаните што сакаат да добијат бугарско државјанство, со цел да се влее страв кај лицата со бугарска самосвест”, наведува Стојанов.

Пратеникот од бугарска АТАКА вели и дека е влошена политичката ситуација во нашата земја и бара тоа да се земе предвид во однос на пристапувањето кон Европската унија. Во однос на ова прашање, Илчев од Либералите и Ковачев од ЕПП се малку поконструктивни, но и тие приговараат за „негативни консеквенци на лицата што отворено го изразуваат својот бугарски идентитет” и бараат тоа да се земе предвид при одлучувањето на Самитот на ЕС во јуни оваа година.

Известувачот Ховит, како и Едвард Кукан (ЕПП), Моника Маковеј (ЕПП), Мари Корнелисен (либерали), Чарлс Тенок (Конзервативна партија), сите до еден во посебни или заеднички амадмани инсистираат Република Македонија да ги почне пристапните преговори без одлагање (жалат што и досега тоа не е сторено), според она што го бара и Европската комисија во последниот извештај.

Ховит со амадман бара и „решавање на билатералните прашања во констурктивен дух и земајќи ги предвид севкупните интереси на ЕУ и вредностите на Унијата”.

- Во врска со одлуката на Советот да ги отвори пристапните преговори со Македонија пред крајот на јуни оваа година, инсистираме дека билатералните прашања не значи дека треба да ги опструираат преговорите за членство во Европската унија, се вели во амадманот поднесен од Маковеј, Тенок и Кристијан Дан Преда (ЕПП).

„Добрососедски односи” и „брзо решавање на спорот со името” е најчестата фраза што се употребува во амандманите на бугарските и грчките европратеници, заедно со поддршка на делувањето на македонската опозиција и барање да се осуди власта во Македонија за политичката криза, која според нив треба да влијае на евроинтегративните процеси на државата.

Бугарите Ковачев и Илчев бараат „властите да усвојат пристап кон историјата базиран на фактите, особено во однос на едукативните материјали и јавни настапи, како во земјата, така и на меѓународно ниво, со цел да се намалат меѓуетничките и регионалните тензии“. „Ги повикуваме властите да воведат едукативни материјали без идеолошки интерпретации на историјата и говор на омраза против соседните земји, лево од комунистичката ера”.

Гркинката Марија Елени-Копа има остар став и во својот амадман остро бара да не почнат преговорите за членство на нашата земја во ЕУ, без претходно решавање на билатералните проблеми, иако истата таа лани поднесе амадман кој влезе во Резолуција за стратегија на проширување на ЕУ, каде се вели дека една земја не може влезе во Унијата без решени билатерални проблеми. Таа сега оди против својата резолуција, оти бара решавање на таквите отворени прашање пред почеток на пристапните преговори.

Она што го најави, бугарскиот европратеник Димитар Стојанов го приложи и како амадман, а тоа е барање од Европската комисија да прекине со натамошно финансирање на нашата земја од Инструментот за предпристапна помош (ИПА)! Според Стојанов, она што тој бара да влезе во Резолуцијата на ЕП, како што наведува е „поради говорот на омраза, не е оправдано средствата на европските даночни обврзници да бидат потрошени за финансирање на политиките на земја-кандидат”.

Стојанов бара македонските власти да ја почитуваат одлуката на Европскиот суд во врска со човековите права и „да ја регистрираат организацијата на луѓето со бугарска самосвест ‘Радко’ како политичка партија“. Исто така, тој бара да престане државното финансирање на културни проекти, посочувајќи го за пример филмот „Трето полувреме”, каде според него „се изнесени шпекулативни сугестии и искрени историски лаги и нанесуваат тешка навреда на бугарските народ и имаат за цел да ги провоцираат добрососедските трендови меѓу граѓаните на Бугарија и земјата-кандидат”.

Но, пратеникот од АТАКА тука не застанува, па тој има и амадман со кој бара Европскиот парламент да ја повика Владата на БЈР Македонија (н.з. така ја условува нашата земја, иако е признаена под Уставното име од неговата држава) да покаже волја за добрососедство, како што напоменува „со тоа што ќе го реши со децении мародерското уривање и исмевање на бугарските воени гробишта на нејзина територија”.

Неговиот сограѓанин Илчев со амадман сака ЕП да побара од македонската Влада „да биде внимателна во врска со државното финансирање на културни проекти што ги заоструваат добрососедските односи”

Гркинките Елени Копа и Јанаку, нивниот сограѓанин Николаос Шунтис, како и Бугарите Стојанов, Илчев и Ковачев имаат идентични амадмани за да се избрише предлогот на известувачот Ховит за да се поздрави употребата на придавката „македонски” во последниот извештај на Европската комисија. Притоа, пратеникот Шунтис дури бара и да се избрише придавката и Комисијата, како и ЕП истата да не ја употребуваат.

Грците и Бугарите имаат идентични амадмани и на предлогот на Ховит дека „Европарламентот се согласува со Комисијата дека земјата ги исполнува сите политички критериуми”, па Салавракос и Кирилов бараат да се стави „сериозна загриженост за последните политички случувања и почитување на демократијата”, додека Стојанов сака дециден став од ЕП дека “земјата не ги исполнува политичките критериуми”!

Стојанов оди понатаму и бара да не се употребува терминот „Бугарин” во нашата земја а во врска со национална припадност, бидејќи, според него, тоа било пејоративно и навредливо обраќање во политичката дебата и бара политичките сили „да го исчистат својот говор од јазикот на омраза”.

Романката Норика Николај (либерали) и Британецот Чарлс Тенок имаат амадман со кој жалат за последните политички случувања во земјата и потсетуваат дека „Собранието е примарен форум за дебата во парламентарната демократија и ја охрабруваме опозицијата да се врати во парламентот, со цел да ги претставуваат граѓаните кои гласале за нив на последните избори, а ја храбриме Владата да ги превземе сите можни чекори за обновување на политички дијалог и да се создадат услови за ефективна и транспарентна активност на Собранието”.

Бугаринот Кристијан Вигенин сака ЕП да се обврзе дека „настаните поврзани со контроверзното носење на буџетот за 2013 година во Собранието во декември 2012 година, значи сериозен чекор назад во политичкиот дијалог и функционирањето на демократските институции во земјата”, при што повикува Владата да ја превземе одговорноста во овој поглед и да се вклучи во конструктивен дијалог со опозицијата, кој би се одвивал во парламентот како клучна демократска институција.

Николаос Салавракос има амандман со кој бара ЕП да изрази „загриженост за употребата на историски аргументи во сегашната дебата во однос на добрососедските односи, вклучувајќи го и феноменот „антиквизација“ што ги зголемува тензиите со соседните земји и носи нови поделби”. Речиси идентични се и амадманите на Јанаку, но и на Бугарите Кирилов и Илчев. А, токму бугарските европратеници Ковачев, Кирилов и Илчев бараат “формирање на заеднички експертски групи за историја и обрзаование со Бугарија и Грција, со цел да се овозможи толкување на историјата базирана на факти, зајакнување на академската соработка и промовирање на позитивни ставови на младите кон своите соседи.”

Самиот известувач Ховит има неколку амадман со кој наместо „засилување на изборниот Код и зголемување на транспарентноста на финансирањето на политичките партии и целосна имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР”, сега бара „превземање на акција за целосна имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР со цел зголемување на транспареннтоста во финансирањето на партиите”. Тој предлага и цел нов параграф во врска со политичките случувања во Македонија.

- Ги забележуваме со загриженост последните политички случувања во земјата со кои се ризикува оттргнување на сите страни во клучното време за пристапување во ЕУ пред дискусиите на Европскиот совет. ЕП верува дека Собранието е примарен форум за соочување и решавање на прашања и се повиквуаат сите партии да се вклучат конструктивно во парламентарен дијалог и притоа ги пзодравуваме состаноците меѓу Владата и лидерите на опозицијата и личното лидерство од страна на комесарот за проширување. Договорена резолуција и враќање на парламентарната расправа ќе биде во интерес на сите политички партии во земјата во рамки на агендата за интеграција во ЕУ и НАТО, но и позитивна акција на домашните економски околности, што е од клучно значење за иднината на сите граѓани, без разлика на нивната политичка припадност, вели Ховит во амандманот.

Повик за враќање на опозициската СДСМ во Парламентот и учество на локалните избори, со цел да не влијае таквата ситуација на евроинтеграцијата на Македонија, има и во уште неколку други амадмани.

Британскиот европарламентарец инсистира и на амандман со кој македонската Влада, по пресудата на Високиот судски совет на Европскиот суд за човекови права од 13 декември 2012 година, без одлагање ќе испрати официјално извинување, ќе му исплати надомест на штета и ќе создаде меѓународна комисија за истрага на случајот Калид Ел-Масри од 31 декември 2003 година и неговиот 23-дневен притвор во Скопје.

Ховит, но и други европратеници од „групата на пријатели на Македонија” како Тенок, Маковеј и Кукан, имаат повеќе амадмани со кои се поздравуваат судските реформи во нашата земја и бараат нивно зајакнување. Словенката Тања Фајон има и амадман во кој изразува жалење за падот на Македонија на листата на „Репортери без граници” во врска со слободата на медиумите.

- Затоа, повикуваме на зајакнување на професионалните стандарди во новинарството, истражувачко новинарство, промовирање на медиумски плурализам, независност на јавниот радиодифузер и транспарентност во сопственоста на медиумите. Поради недостаток на саморегулаторен орган за медиумите, постои широка автоцензура кај новинарите и голем дел од кампањите што се финансирани од Владата завршуваат кај пријателските медиуми на Владата, се вели во амандманот на Фајон.

Голем дел од европратениците во своите амадмани ја поздравуваат декриминализацијата на клеветата и навредата, но речиси сите бараат обезбедување независност на новинарите и медиумски плурализам во земјата. Повеќето од нив, меѓу кои и бугарски членови на Европарламентот, имаат амадмани со кои инсистираат да се задржи безвизниот режим за Република Македонија, како клучен бенефит за граѓаните на нашата земја.

Во врска со политиките за анти-дискриминација, Бугарите Стојанов, Илчев, Ковачев и Кирилов инсистораат на „важноста од спречување на дискриминација по етничка основа, вклучувајќи и дискриминација на граѓаните што отворено го изразуваат својот бугарски идентитет и етничка припадност”.

Голем дел од амадманите имаат и позитивна нота во врска со ангажманот на македонската Влада во развојот и изградбата/доградбата на делници од оридорите 8 и 10. Интересен предлог имаат унгарскиот пратеник, академик Ѓорѓи Шопфлин и Германецот Михаел Гелер, двајцата од Европските народни партии. Тие во амандман ги поздравуваат напорите во процесот за расчистување со комунистичкото минато и јавното откривање на имињата на соработниците на поранешната југословенска тајна служба, како и продолжување на рокот на применливост на Законот за лустрација до донесувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

- Во исто време, ги охрабруваме властите да ги побараат архивите на југословенската тајна служба од Србија и во процесот на лустрација да го вклучат и персоналот од разузначавките и контра-разузнавачките служби. Го охрабруваме мандатот на Комисијата за утврдување на фактите со пренесување на сите потребни документи од разузнавачките и контра-разузнавачките служби во просториите на Комисијата на трајна основа и ја нагласуваме потребата за реформа на безбедносниот сектор и зајакнување на парламентарниот надзор на разузнавачките и контра-разузнавачките служби, се вели во амандманот на европратениците Шопфлин и Гелер.

- Ирското претседателство со Европската унија да води интензивна дипломатија за да се обезбеди договор до јуни оваа година да се отворат пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ. Тоа може да биде пресвртница во односите со соседите и понатамошни реформи, ова е клучниот предлог на известувачот Ховит од првата верзија, заедно со поздравување и барање за почитување на пресудата на Меѓународнито суд на правдата во Хаг во корист на Македонија наспроти блокадите од Грција.

За овие прашања има голема поддршка во Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ). Првпат по однос на поднесените амандмани, АФЕТ ќе расправа на 25. февруари, а ќе гласа на 4 март. Подготвената Резолуција за Република Македонија, Европскиот парламент е најавено дека ќе ја усвојува меѓу 15 и 18 април оваа година.

http://www.sitel.com.mk/kanonada-od-grch...nija-vo-ep
Без Ботев няма България
05-02-2013, 06:04 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 05-02-2013, 06:04 PM