Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

04.02.2013, 17:18

Поголема поддршка за правата на Македонците во соседството


Експертите оценуваат дека и македонските здруженија треба да бидат носители на повеќе идеи за да се подигне нивото на соработка

МОНИКА ТАЛЕСКА



Прилеп - Сестрана поддршка на македонските здруженија бараат Македонците што живеат во Грција, Албанија и Бугарија за да ги остварат своите права. Но, оценка на експертите е дека и македонските здруженија треба да бидат носители на што повеќе идеи, за во соработка со институциите да се подигне и нивото на културна и научна соработка.

Ова се дел од заклучоците на 9. Семакедонски собир што по повод 141 година од раѓањето на Гоце Делчев во Прилеп го организираше Граѓанската асоцијација за културно, национално и духовно обединување „НЕ-ИМА“. На собирот Македонците од овие три држави повторно реагираат дека иако Грција и Бугарија се членки на Европската унија, и натаму има големи скриени притисоци од тамошните власти.

„Сите оние кои ја посетуваат црквата ги повикува полицијата и им забранува да доаѓаат, им се вели дека таа црква е против државата. А, состојбата на Македонците е уште потешка откако партијата Златна зора партиципира во грчкиот парламент. Секојдневни се заканите и притисоците што ги добиваме, но ние нема да се повлечеме“, вели архимандрит Царкназ од Грција.

Од „ОМО Илинден“, македонското здружение во Бугарија велат дека сите што јавно се декларираат како Македонци треба да бидат подготвени дека при конкурирање за работа или остварување на кое било друго право во државата ќе бидат дискриминирани во старт. Но, официјално ќе добијат друго образложение.

„Нам ни е потребна поголема соработка и со владините и со невладините организации во Македонија ако сакаме што поскоро да ги оствариме своите права. Официјално, јавно никој не ни забранува да ја искажеме слободно националната припадност, но потоа следи друга приказна“, вели Иван Хаџиев, од „ОМО Илинден“.

И во Албанија е иста приказната. Затоа Македонците инсистираат на поголема соработка со македонските власти.

„Треба еднаш да се прекине со синтагмата Македонците од Пустец, од Мала Преспа. Ние сме Македонци во Албанија и не' има многу, можеби 150.000, но треба да се охрабрат и другите и да се декларираат слободно“, вели Ефтим Митрески, уредник на весникот „Преспа“ од Албанија.

Наспроти овие случувања, Македонците, како малцинство се дел од Уставот на Хрватска. Ги уживаат сите права на системот, дури и државата вложува многу во финансирање на активностите кои придонесуваат за промоција на македонската култура и јазик на овие простори.

„Во Хрватска функционираат шест школи на македонски јазик, во Осиек, Загреб, Сплит, Пула, Винковци и Вуковар. Доставивме проект во македонското Министерство за надворешни работи и сега очекуваме поддршка за да се подобри образованието на овие деца“, вели Орце Ламбевски, претседател на Заедницата на Македонците во Хрватска.

Експертите на собирот се на мислење дека треба да се интензивира соработката меѓу Македонците во сите соседни држави. Треба да доставуваат свои идеи и проекти кои би помогнале за поголем културен развој и издигање на соработката на повисоко научно ниво.

Претседателот на „НЕ-ИМА“, Борис Темоски, смета дека треба да се зголеми и присуството на македонските институции, истражувачи, во медиумите во соседните држави.

„Нашето истражување покажува дека медиумите не се толку затворени, дека може да се анимираат и да се најде меѓусебна соработка, да се слушне и македонската страна на проблемите. Така, всушност, и полесно ќе се отворат проблемите и ќе се дојде чекор поблиску до изнаоѓање адекватни решенија“, апелира Темоски.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=AD3EA1C1D...64183A6CE6
Без Ботев няма България
05-02-2013, 03:44 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 05-02-2013, 03:44 PM