Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

04.02.2013, 09:38

Жељу Желев: ЕУ и Грција да го признаат уставното име на Македонија


Сите ние треба да го поддржиме стремежот на Македонија за полноправно членство во ЕУ и НАТО, изјави поранешниот бугарски претседател Жељу Желев на јавна дискусија на тема „Улогата на граѓанско-експертскиот потенцијал во надворешната политика на Бугарија во контекст на ’Црвениот картон’ на Софија кон Скопје за преговорите со ЕУ“.

- Не треба да го пресекуваме патот на Македонија кон ЕУ и НАТО. Секако, таа мора да ги задоволи сите критериуми и услови кои важат и за другите балкански земји кои веќе станаа полноправни членки на ЕУ и НАТО. Евроатлантската интеграција треба да биде политика на сите нас за обединување на балканските земји. Тоа е апсолутно неопходно, рече Желев.

Бугарија е првата земја што ја признава независноста на Македонија на 15 јануари 1992 година, токму кога Желев беше шеф на државата.
Тој ја повтори својата теза дека главниот виновник за проблемот со името на Македонија е Европската комисија.

- Како може да се дозволи други да го решаваат името на една држава. Овој механизам за донесување одлуки со целосен консензус е идиотизам. На тој начин буквално им се овозможува на соседите да се расправаат со државата која се разгледува, нагласи Желев и ги повика ЕУ и Грција да ја признаат Македонија под уставното име.

Според него, „правото да се избере името на сопствената држава е свето право и никој не може да го прекрши“. Желев рече дека спорот за името „Македонија“ е сличен на тоа која сега некој би го оспорил името „Грција“ затоа што во историјата на земјата таа не се викала само Грција, туку и Византија и Елада.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=FF4DA40F5...ACD832FE7B
Без Ботев няма България
04-02-2013, 04:53 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 04-02-2013, 04:53 PM