Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Само да напомня , че това са ударни вести - на първи страници , приказани като ексклузивни и прочие . И накрая кой ще обясни на това идиотче , разликата между книгата и филма. Флимът е субсидиран с държавни пари и обявен за проект от национално значение, книгата е частна инициатива - без държавно участие.
Големия талант Дарко - да си беше събрал сам парите за проекта - никой гък немаше да каже.


ПОСЛЕДНИТЕ ДОКУМЕНТИ КОИ ИЗЛЕГОА ОД НАЦИСТИЧКИТЕ АРХИВИ ЈАСНО ДОКАЖУВААТ ДЕКА ВО СКОПЈЕ 1943


Бугарските власти организирале транспорт на Евреите во Треблинка


Овие документи го покажуваат она што дел од т.н. денешни патриоти во Бугарија го негираат, а тоа е улогата на цар Борис и пронацистичката влада, дека тие не можеле да ја спречат депортацијата, дека ова не била територија на која тие владееле, туку само ја администрирале. Овие документи покажуваат дека тие владееле со оваа територија, ова е окупирана територија, велат од еврејската заедница во земјава





Депортацијата на македонските Евреи и директната инволвираност на тогашната бугарска влада е неспорна. Последните документи кои излегоа од нацистичките архиви јасно докажуваат дека бугарските власти во Скопје 1943, не само што знаеле, туку и го организирале транспортот на Евреите со крајна дестинација логорот Треблинка во Полска.

На трите писмени преписки од септември и октомври 1943 меѓу бугарските железнички власти во Скопје со нацистите со кои се дефинираат начинот и цената за транспорт на Евреите со два воза јасно се гледа дека Треблинка е крајната дестинација кон која од Скопје на 23 март и 3 дена подоцна на 28 март тргнале два воза со 3545 возрасни и 592 деца од еврејско потекло. Во документите е дефинирана и цената за превозот со двата воза на 7 144 317 лева.
Во еврејската заедница во Македонија велат дека овие документи се само уште еден од несоборливите аргументи за директната инволвираност на тогашните бугарски власти во депортацијата на Евреите од Македонија.
- Овие документи потврдуваат дека депортацијата на Евреите од Македонија, Пирот и Тракија, како и планираната депортација на Евреите од Бугарија, била одамна државна политика на тогашната нацистичка влада на Богдан Филов на чело со цар Борис Трети. Ова го нагласувам затоа што сакам да ја исклучам бугарската православна црква и бугарските интелектуалци, како и дел од парламентарците, кои се противат на таквиот однос на бугарската влада и после широките протести, депортацијата на бугарските Евреи не е направена, најмногу благодарејќи на два архиепископи, Кирил и Стефан, но била и понатаму планирана. Значи овие документи го покажуваат она што дел од т.н. денешни патриоти во Бугарија го негираат, а тоа е улогата на цар Борис и пронацистичката влада, дека тие не можеле да ја спречат депортацијата, дека ова не била територија на која тие владееле, туку само ја администрирале. Овие документи покажуваат дека тие владееле со оваа територија, ова е окупирана територија, велат од еврејската заедница во земјава.











Македонската еврејска зедница очекува актуелните бугарски власти, наместо да се обидуваат да го негираат учеството на тогашната бугарска влада во холокаустот, конечно да се извинат за прогонот на Евреите од Македонија.

Бугарија жестоко реагираше за нејзино поврзување со овој процес во Македонија, особено по филмот "Трето полувреме", но досега се уште нема никаква реакција од официјална Софија за книгата што во Грција беше отпечатена, а во која се посочува учеството на тогашната бугарска власт во прогонот на Евреите од грчка територија. (М.Н.)


Македонците од Голо Брдо не можат да учат на мајчин јазик
Тирана и натаму молчи за барањата на Македонците од Голо Брдо. И по 20 дена од поднесувањето на петицијата за воведување на македонски јазик во основното училиште во село Требиште, надлежните институции останаа глуви. Од македонското друштво МОСТ, велат дека тука не застануваат. Барањето ќе го поднесат и до меѓународните институции во Албанија. Претседателот Хасани вели дека изучувањето на македонскиот јазик е со устав загарантирано право на малцинствата и е една од препораките на ЕУ за добивање кандидатски статус на Албанија.
- Барањето ќе го поднесеме и до Американската амбасада, до народниот правобранител. Во Требишта има 100 деца кои не знаат албански јазик, а од прво одделение ќе мора да го изучуваат, вели Бесник Хасани.

Македонскиот јазик во Албанија единствено се изучува во Мала Преспа. 300 ученици во две основни и едно средно училиште. Но, од македонската алијанса за европска интеграција велат дека и таму има проблеми. Владата на Албанија треба да ги преведе учебниците, а преведена е само граматиката.
- Според законот, 60 проценти од наставата треба да се изведува на македонски јазик, но, преведена е само граматиката, албанските власти и за ова немаат слух, постојано бараме да ги преведат книгите и учебниците, изјави Васил Стерјовски.

Во повеќе наврати властите од земјава, на Македонците од Албанија им донираа книги и учебници се со цел учениците повеќе да се запознаат со својот мајчин јазик. (В.Ќ.)

http://vecer.com.mk/?ItemID=07F2764F19DB...33E274AA47
Без Ботев няма България
04-02-2013, 06:17 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 04-02-2013, 06:17 AM