Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


БАЛКАН | 1. FEBRUARY 2013 - 11:40
Се поголем број Романци и Бугари во шверцот со кокаин

Се поголем број Романци и Бугари се вклучени во шверцот на кокаин, се наведува во заедничкиот извештај на Европскиот центар за следење на наркотици и зависници и Европол.

Според извештајот, главен пат за влез на хероинот во Европа е „балканскиот правец“, кој тргнува од Турција и продолжува преку Бугарија, Романија и Албанија, завршувајќи во централните, јужните и западните делови на Европа.

Хероинот на територијата на ЕУ се внесува од локални криминални групи, кои имаат врски со организираниот криминал во Турција и Албанија.

Источноевропските земји се повеќе прераснуваат во врата за влез на кокаинот во ЕУ, така што во десет држави од ЕУ, уделот на кокаинот во запленетите наркотици е зголемен во периодот меѓу 2001 и 2011 година од 0,1 на 1,8 проценти.

Запленетите количества во Романија, Бугарија, Турција и Грција се релативно мали, вкупно 4 тони за периодот 2009-2011 година. Иако, вкупното количество на пратките запленети во овие земји претставува само 2 проценти од вкупното количество заробен кокаин во Европа, неговиот процент е зголемен за трипати од 2001 година, се наведува во извештајот.

Во извештајот се истакнува фактот дека се поголем број жители од Балканските земји, особено од Бугарија и Романија се вклучуваат во шверцот на кокаин во изминатите години, од кои најголемиот дел во улога на пренесувачи.

http://sitel.com.mk/se-pogolem-broj-roma...-so-kokain

Без Ботев няма България
01-02-2013, 07:37 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 01-02-2013, 07:37 PM