Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

„Нѐ третираат како најдолна класа иако сме европски граѓани“

Во отворени писма до Лондон и до Софија, Бугари што живеат и работат на Островот се жалат на негативниот однос на британската влада и на Британците кон нив. Тие ја критикуваат Бугарија зашто не реагира да ги заштити





БУГАРИ СЕ ЖАЛАТ НА БРИТАНСКИОТ ОДНОС
Не доаѓајте во Британија - нема работа

Не доаѓајте во Британија - врне, нема многу работни места, а и тие што ги има се ниско платени. Британските власти размислуваат во Бугарија и во Романија да поведат негативна кампања за Британија за да ги разубедат потенцијалните доселеници да не доаѓаат на Островот, објави деновиве лондонски „Гардијан“. Читателите на весникот испраќаа свои предлог-постери за антикампањата за Британија.
Бугари што живеат и работат во Британија во отворени писма до Лондон и до Софија се жалат на односот на Британците кон нив, нагласувајќи дека на Островот ги третираат како „најдолна класа“ иако се европски граѓани. Тие ја критикуваат Бугарија зошто не реагира поради овој однос кон нејзините државјани.

Димитар Димитров (35), родум од Варна, во отворено писмо до претседателот, премиерот и со министерот за надворешни работи на Бугарија, опишува како се однесуваат Британците кон бугарските доселеници на Островот.

- Oдносот на англиските власти кон бугарските доселеници е исклучително негативен. Тоа се одразува и врз односот на обичните Англичани кон нас. Можам да го разберам нивниот став, бидејќи не прават разлика меѓу чесен бугарски работник и просјак или крадец со ромско потекло. Но не го разбирам односот на Бугарија кон овој проблем, поточно недостигот од него. Ние сме третирани како најдолна класа луѓе, бидејќи меѓу нас навистина има и такви. Но повеќето од доселениците дошле на Островот зашто во Бугарија нема место и работа за нас - пишува Димитров.

Тој бара од Софија да ги повлече дипломатските претставници од Лондон зашто им одмагаат наместо да им помагаат на Бугарите на Островот.

- Мислам дека е крајно време Бугарија да интервенира. Да интервенирате вие, претседателе, премиере и министре за надворешни работи. Амбасадата во Лондон не е само „мисија Лондон“, тоа е „невозможна мисија“. Отповикајте ги дипломатските претставници од Лондон. Тие се таму за да им помагаат на Бугарите, но во најдобар случај само им пречат. Но не зашто прават нешто како што треба, туку зашто никаде ги нема - нагласува Димитров.

Тој бара од Бугарија да ги заштити нејзините граѓани.

- Зошто Бугарија дозволува нејзините граѓани да ги нарекуваат „бездомници“, според зборовите на општинската советничка Ники Аикен. Таа вели: „Вестминстер веќе плаќа илјадници фунти за автобуски билети за да ги врати дома бездомниците од Бугарија и од Романија и да ги исчисти нивните импровизирани кампови“. Зошто дозволувате ваква дискриминација? Јас сум европски граѓанин, како и илјадниците сограѓани тука. Очекувам од државата, од која сѐ уште не сум се откажал и во која трошам поголем дел од парите, да ме заштити. Но од ваша страна ниту абер ниту глас. Не се чувствувам добро во Лондон. Во британската престолнина не сум ниту невработен ниту ниско платен. Заработувам многу повеќе од кој било поданик на нејзиното височество. И знам дека сум вреден и за Британија, каде што плаќам даноци и осигурување, и за Бугарија, каде што ги трошам заработените пари - вели тој.

Димитров предупредува: „Многу брзо ќе дојде времето кога Англичанецот штом ќе слушне дека си Бугарин ќе те плука на улица“.

„БУГАРИЈА Е УЖАСНА ЗЕМЈА“

Претходно бугарската студентка Ралица Бехар, која четири години студирала во Единбург, напиша отворено писмо до лидерот на популистичката партија за независност на Обединетото Кралство, Најџел Фараж. Таа реагира на неговите коментари во една ТВ-емисија на Би-би-си, во која тој тврди дека Бугарија е во ужасна состојба, дека 50 отсто од населението живее во сиромаштија со просечна плата од 200 евра и со пензија од 100 евра, дека луѓето едвај се прехрануваат, дека државата нема независно судство и дека со нејзината економија управува мафијата.

- Да бев Бугарин, веднаш ќе ги спакував куферите и ќе посакав да дојдам во Британија - вели Фараж, кој смета оти е „апсолутно неодговорно, погрешно и проклето глупаво“ Британија од 2014 година да ги отвори границите за 29 милиони Бугари и Романци што ќе можат слободно да живеат и да работат на Островот по укинувањето на рестрикциите на пазарот на трудот.

Студентката Бехар вели оти му пишала на Фараж за да му објасни каква навистина е состојбата во Бугарија и дека не сакаат сите Бугари да се спакуваат и да дојдат Островот за да се закачат на британскиот здравствен и социјален систем.

- Мојата силна врска со Британија е причината да го напишам ова писмо. Иако се обидувам да ги дознаам вашите стравувања за доселеништвото, мора да признаам дека вашите коментари за Бугарија се неточни и до некаде навредливи. Тие го потврдуваат моето мислење дека луѓето во Британија и во светот имаат сосема погрешна претстава за земјите од Источна Европа - пишува студентката, додавајќи дека не живее во балон и дека е сосема свесна за проблемите во нејзината земја.

Таа го обвинува Фараж дека изнел невистини за Бугарија и вели оти просечната плата не е 200 евра туку 385,5 евра, пензијата не е 100 евра туку 138 евра и дека на прагот на сиромаштијата не живеат половина од Бугарите туку 27 отсто.

- Но признавам дека не ме изненадија само погрешните информации што ги изнесовте на националната телевизија. Верувам дека изјавите како „Да бев Бугарин, веднаш ќе ги спакував куферите и ќе посакав да дојдам во Британија“ се храбри и неумесни. Бидејќи толку се фокусирате на проблемите во нашата држава и причините зошто сакаме да дојдеме да живееме во Британија, сакам да ви кажам зошто решив „да ги спакувам куферите зашто сакав да живеам во Бугарија“. Бугарија е земја со голем потенцијал.
Силно верувам дека младите што студираат во странство треба да ја градат својата кариера во Бугарија.
Со диплома од странски универзитет, сфатив дека моите вештини ќе бидат многу попотребни тука отколку во Британија. Ние сме иднината на нашата земја и верувам дека ние сме тие што можат да ја движат државата напред. Би сакала да додадам дека моите знаења ќе бидат многу поценети во Бугарија. Исто така верувам дека Бугарија нуди многу повеќе можности за бизнис. Со ова писмо не сакав само да ги поправам вашите неточни информации туку и да објаснам оти не се „неквалификувани работници“ сите Бугари, а веројатно и Романци, што доаѓаат во Британија, а дури и да се такви, тие исто така придонесуваат за развојот на вашата економија - нагласува Бехар, повикувајќи го Фараж на гости кај неа во Британија за да види колку се променила државата во изминативе 20 години.

НОВ БРАН ДОСЕЛЕНИЦИ

Во моментов во Британија се води жестока дебата за потенцијалниот бран бугарски и романски доселеници од 2014 година. Британците стравуваат од нов наплив на доселеници од Источна Европа, како по големиот бран проширување на ЕУ во 2004 година, кога илјадници Полјаци и Чеси заминаа на Островот во потрага по подобар живот. Политичари и медиуми ја обвинуваат Владата во Лондон дека не дава официјални процени колку Романци и Бугари ќе дојдат на Островот откако Британија од 2014 година целосно ќе ги отвори границите за граѓаните на двете најнови членки на ЕУ. Според податоците на британските власти, до јули 2011 година во Британија имало 52.000 Бугари и 82.000 Романци. Тинк-тенкот „Мајгрејшн воч“, пак, прогнозира дека до 2019 година на Островот годишно ќе пристигнуваат по 50.000 Бугари и Романци.
Полскиот е втор јазик во Англија
Полскиот е втор најзборуван јазик во Англија и во Велс по англискиот, покажуваат податоците од пописот во 2011 година. Полскиот јазик го зборуваат 546.000 лица, а англискиот или велшкиот е примарен јазик за над 50 милиони лица постари од три години или 92 отсто. Околу четири милиони лица или осум отсто од населението изјавиле дека зборуваат друг јазик освен англискиот или велшкиот, јави Би-би-си.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22794
Без Ботев няма България
01-02-2013, 05:56 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 01-02-2013, 05:56 PM