Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

Македонија и Србија позрели од членки на ЕУ

Факт е дека и двете земји, и покрај проблемите и нерешените прашања меѓу нив, имаат доволно зрелост за да можат да соработуваат меѓу себе. Зошто тоа не е можно во односите на Македонија со Бугарија и со Грција, каде што токму поради фактот што двете земји се членки на НАТО и на ЕУ, таквиот пристап кон работите би требало да оди уште полесно. А не дека и Македонија и Србија за да го достигнат тоа ниво не треба да балансираат
Можеби звучи премногу патриотски и навивачки, ама сепак не е така, затоа што фактите зборуваат дека Македонија од секогаш се однесувала подржавнички од многу други држави, особено во односите со своите соседи. За возврат, освен куп проблеми и оптоварени меѓудржавни односи, ништо друго не добива. Човек да помисли дали е сѐ во ред со нашите политичари или, пак, во прашање е нешто друго?
Но со секоја посета на кој било српски политичар секогаш одново и одново излегува на виделина дека проблемите помеѓу државите и тоа како може да се менаџираат и дека отворените прашања не мораат и не смеат да бидат пречка за успешна соработка.

Последен доказ за тоа е посетата на српскиот премиер Ивица Дачиќ, кој отворено кажа дека Македонија и Србија имаат отворени прашања, што не значи дека и двете земји не треба да соработуваат истовремено барајќи решение на проблемите.

Не дека Македонија нема што да ѝ замери на Србија, но тоа е истата онаа за Европа и за светот обележана како „лошата“ Србија, која ниту ги негирала ниту ги негира македонското име, јазикот и историските личности, а македонското малцинство ги ужива сите права што со српските закони се предвидени како такви (и обратно).

Во крајна линија, тоа не е толку битно, колку што е битно дека станува збор за земја што не е членка на ЕУ, а сепак сериозно се држи до демократски принципи и почитувањето на основните човекови права или барем се обидува да го прави тоа. Како и Република Македонија.

За разлика од обележаната Србија, Бугарија или Грција, сеедно, двете членки на ЕУ, кои ако се суди според тоа би требало да се барем половина чекор понапред од земјите како Македонија и нашиот северен сосед, не само што не ги почитуваат малцинските права туку го загрозуваат и принципот на слободно национално изразување и во други држави. За нив ниту одлуките на Хашкиот суд или Европскиот суд за човекови права не значат ништо, уште помалку извештаите на меѓународните институции.

Тоа што и двете држави се членки на Унијата воопшто не им дава за право да се однесуваат како што ним ќе им падне на памет и дека како такви можат дури и да нѐ уценуваат за елементарни работи како нашето име, да се обидуваат да нѐ омаловажат со тврдењата дека македонскиот народ не постои и, згора на сето тоа, да си земаат за право одредени историски личности да ги сметаат за своја ексклузивна сопственост. И сето тоа зачинето со огромна доза ароганција, во која нема место за пардон, во која нема простор за разговор а зошто да не и договор.

Дачиќ го замоли македонскиот премиер Никола Груевски, во условите во кои сега се наоѓа Србија, Македонија да има воздржан пристап кон косовското прашање, како свој придонес кон дијалогот и обидот да се дојде до компромисно решение. Сосема легитимно барање на една држава што се обидува на легален начин да зачува дел од територија што ја смета за своја. Секако, Србија сето тоа го прави затоа што знае дека до себе има разумен партнер, кој тргајќи од својата мака сосема добро ја разбира и туѓата. Но поентата не е во тоа, туку во фактот дека двете земји, и покрај проблемите и нерешените прашања меѓу нив, имаат доволно зрелост за да можат да соработуваат меѓу себе. Зошто тоа не е можно во односите со Бугарија и со Грција, каде што токму поради фактот што двете земји се членки на НАТО и на ЕУ, таквиот пристап кон работите би требало да оди уште полесно. А не дека и Македонија и Србија за да го достигнат тоа ниво не треба да балансираат. Нашата држава со Косово и фактот дека тука живее голема албанска етничка заедница, Србија со своето вековно пријателство со Грција (сеедно што тоа пријателство всушност почнува од 1912 година и Првата балканска војна). И сеедно што и двете земји знаат дека и во случајот со Косово и во случајот со нашиот проблем со името во прашање се многу поголеми игри отколку што е тоа во моќта на двете држави.

Патем, да го споменеме и спорот меѓу МПЦ и СПЦ. И Дачиќ и Груевски велат дека ова прашање не го сметаат за меѓудржавно, односно го сметаат пред сѐ за црковно, но сепак се согласија дека ги оптоварува „инаку многу добрите релации меѓу македонскиот и српскиот народ“. Токму тука е и дилемата. Ако спорот ги оптоварува односите меѓу двете држави (што значи односите на сите граѓани кои живеат во овие држави без оглед на верската припадност) и двата народа, тогаш прашањето не е само црковно туку е и политичко и меѓудржавно. Оттука, се чини дека и двајцата премиери можат повеќе да ги засукаат ракавите во врска со ова отколку да се нудат како олеснувачи.

Автор: Искра Опетческа

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22792


Скопје ги кани и Тирана и Софија на заеднички владини седници
Пример за историски закарани страни што денес соработуваат се и заедничките седници на германската влада со израелската и со француската. Грција и Турција во 2010 година одржаа заедничка седница во Атина

ПО ДОГОВОРОТ СО СРБИЈА
Македонската влада првпат ќе одржи заедничка седница со некоја странска влада. Седницата со српската влада што според првичните најави би се одржала во мај во Белград ја договорија премиерите на двете земји на завчерашната средба во Скопје. Според нивните најави, целта на состаноците од таков формат, на кој ќе учествуваат и дел министри, е да се даде импулс во развивањето на односите меѓу двете држави, да се придвижат значајните проекти и да се подобрат билатералните односи. Портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев, прецизира дека на седниците ќе се обидат да ги унапредат економската соработка и трговската размена, да ги разгледаат инфраструктурните проекти што имаат поширок регионален карактер, енергетските проекти и опциите за заеднички настап на трети пазари за одделни производи, потоа да подготват заедничка туристичка понуда и да договорат соработка во земјоделството, медицината, образованието.

- Од политички аспект тоа е соодветен начин за надградба на добрососедските односи и на дело да се практикува меѓусебната соработка. Затоа и ние како Влада сме заинтересирани за одржување вакви форуми со сите наши соседи, за што се направени првични чекори покрај со Србија, и со Албанија, а има првичен интерес и од Бугарија, и сите вакви процеси го имаат нашето целосно внимание - вели Ѓорѓиев.

Инаку, идеја за заедничка владина седница со Србија имаше и додека претседател беше Борис Тадиќ, а премиер Мирко Цветковиќ, но таа не се реализираше. Тадиќ лично во 2010 година најави таква можност, па и покрај очекувањата и тврдењата дека ќе се случи во првата половина на 2011 година, до неа не дојде.

Балканот доцни зад Европа

Во писмото што бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов го испрати лани во декември официјална Софија како услов за поддршка на земјава го наведе создавањето на советот на високо ниво, на кој ќе се одржуваат годишни заеднички владини седници.

Според дипломатот Огнен Малески, ваквата иницијатива е добра, но како што вели треба да се прошири и кон другите соседни земји.

- Еден од најголемите проблеми на Балканот е што е расцепкан. Има многу граници, бариери, легислативи што претставуваат пречки за остварување на некои проекти, а на пример некои од нив, како инфраструктурните, мора да ја преминат границата - оценува Малески.

Според професорот Јове Кекеновски, пак, вакви седници требало да се одржуваат и претходно.
- Тие седници се куртоазни и со нив во јавноста се покажува добрата соработка, која се рефлектира понатаму и на другите области - вели Кекеновски.

Таков формат на состаноци, пак, воопшто не е невообичаен ниту, пак, се смета за вонреден во регионов и во Европа. Грција и Бугарија неодамна ја одржаа втората заедничка седница. Бугарскиот премиер Бојко Борисов заедно со неколку министри со својот колега Андонис Самарас во Атина договорија десетина меѓудржавни договори за соработка. Бугарија се договори и за редовни годишни меѓувладини седници со Романија на кои ќе барале решавање на заедничките проблеми.

Грчката влада одржа заедничка седница и со своите турски колеги. Во 2010 година Реџеп Таип Ердоган заедно со десетина министри и стотина бизнисмени пристигна во Атина, што се сметаше за голем чекор за надминување на заострените односи меѓу двете соседни земји. Западните медиуми заедничката седница ја оценија како случај без преседан во повеќегодишните турбулентни меѓудржавни односи, а беа склучени дваесетина договори од областа на економијата, туризмот и енергетиката, а и договор за враќање на доселениците во Турција.

Во регионот заеднички владини седници беа одржани и меѓу Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска.
- Балканот мора малку повеќе да работи на билатералната и мултилатералната соработка за да го стигне степенот на соработка на европските земји - вели Малески.

Израелската и германската влада се добар пример за надминување на историските несогласувања:

Пример за историски закарани страни што денес соработуваат се и заедничките седници на германската влада со израелската и со француската. Вообичаено на годишнината од потпишувањето на договорот што беше основа за помирување и создавање на денешната Европска Унија германските и француските влади и парламенти одржуваат заеднички седници.

Безбедносните прашања, перспективата на блискоисточниот мировен процес и иранските нуклеарни амбиции, пак, на заедничка седница во Берлин ги разгледуваа германската и израелската влада. Со состанокот раководеа канцеларката Ангела Меркел и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, а на нив учествуваа и израелските министри за одбрана Ехуд Барак и за надворешни работи Авигор Либерман. И претходно, во 2008 година имаше слична заедничка седница на германските и на израелските владини кабинети. За заеднички владини седници Меркел патуваше и до Израел заедно со уште десетина министри, при што потпишаа договори за соработка.

Автор: Фросина Димеска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22792

Не знам защо журналистката по-горе - Опетческа - внушава, че между Гърция и Македония; и България и Македония няма соработка - погледнах набързо някакви данни -
Гърция има над 700 млн. евро инвестиции в Македония; България - 130 млн. евро. Българските инвестиции са направени последните 2-3 години - при това не само в банковия сектор.
В търговията има динамика - България е 3-4 партньор.
А има и македонски инвестиции в България - в производството на олио напр.
За сравнение - една Унгария или една Словения с целия им потенциал са с 300-400 млн. евро инвестиции в Македония.

И по отношение на билатералните средби - България от доста време вече прави такива срещи с Румъния, Турция, Гърция и по-отскоро с Израел...нормална практика - какво решават и дали просто са куртуазия - кой знае - но сигурно професорът по-горе е прав - създават някакъв климат...

Между другото - когато сме предлагали двустранни срещи на македонски колеги - отговорът обикновено е бил - супер, хайде да поканим и сърби, хървати, словенци...да разширим формата - добре, но какъв интерес може да има цялото това почти западно-славянсо "войнство" от някаква възможна македоно-българска среща...ако не друго - предрасъдъците си ги знаем.
30-01-2013, 08:15 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 30-01-2013, 08:15 PM