Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Каде исчезнаа Бугарите во Егејска Македонија?

Бугарскиот научник Васил Кнчев, во 1900 година, на територијата на тогашна Македонија, вклучувајќи ги и оние 51 отсто што сега се во рамките на грчката држава, изброил околу 1,2 милион Бугари (повеќе од половина во рамките на денешна Грција) и околу 250.000 Грци. Дилемата е како денес Бугарија бара Бугари во Република Македонија, а не ги бара и таму каде што, според нив, пред сто години биле во убедливо мнозинство?



Алексис Ципрас, лидерот на грчката опозициона СИРИЗА, не чул, не знаел за Македонци во Грција. Ништо ново од еден грчки политичар, иако да бидеме искрени, имавме надеж дека тој е доволно одважен за да не ги свртува очите од реалноста. Се разбира, ние веднаш сме подготвени да најдеме оправдување за неговите зборови. Тој бил во опозиција, се борел да дојде на власт, па можеби затоа не го гледа тоа што може да се види. За да не си ја слабеел позицијата пред агресивните конкуренти во однос на кои, според последните анкети, има предност.

Оправдување ќе најдеме и кога ќе биде на власт. Тогаш нема да може да ги види Македонците за да не го загуби владејачкото мнозинство, како што Самарас, Венизелос и другите, во тие денови исто така ќе бидат слепи за да можат непречено да работат на уривање на Ципрас. И така ги имаме сите шанси да се вртиме во круг уште најмалку сто години.

А сѐ што треба да се направи е да се седне во некое кафуле во Лерин, Воден или кое било друго гратче во Егејска Македонија. Ве чујат ли на кој јазик зборувате, нема да можете да се одбраните од понуди за пијалак, а ако имате среќа и од понуди за некое гиро. Сето тоа ќе биде изведено некако тивко, можеби по малку и со страв, освен во некои случаи како со еден седумдесетгодишен битолчанец, сопственик на ресторан во Лерин, но сепак понудите ќе стигнат. И сите тие луѓе по малку и мака мачат да се разберат со вас, но сепак се разбираат. Што се по националност? Велат Македонци, ако ги прашате.
Се чини, меѓутоа, дека проблемот не е во Ципрас, ниту во тоа дека сега има некоја потреба да докажуваме дека во Грција има Македонци. Проблемот е во тоа што грчкото општество, вакво какво што е градено цел еден век, е ксенофобично, неподготвено за какво било разумно објаснување на својата позиција, општество што единствено добро се разбира од создавање хистерија кон другите народи. И проблемот е во тоа што тоа такво општество е член на Европската Унија, која на другите земји им се перчи со некакви критериуми за влез, со чие исполнување ќе се добиела гаранција дека ги задоволуваат барем минималните демократски стандарди на одбраното друштво. А стандардите се видливи и преку Нова демократија и преку ПАСОК, а сега и преку СИРИЗА.

Идејата е дека дури и да е свесен Ципрас дека не ја зборува вистината, тој не смее поинаку ни да помисли, а не пак да каже. Ризикува да го распнат. Во споредба со таква Грција, која било балканска земја што не е членка на ЕУ, која било бивша република на СССР во која луѓето сѐ уште се поклонуваат на спомениците на Сталин, се демократски рај, барем кога се во прашање човековите права и слободата на изразување на националната припадност. ЕУ ја уценува Србија со признавањето на Косово, но, реално гледано, ако се исклучи испровоцираната од западните сили војна, односот меѓу Србите и Албанците, дури и во најкризните времиња, не бил ни приближно толку лош како тој што го практикуваат Грците.

Од приказната не може да се исклучи ни Бугарија. Според општото владејачкото мислење што доаѓа од Софија, Македонците се творба на комунистичката интернационална. Пред тоа биле Бугари. Нивниот научник Васил Кнчев, во 1900 година, на територијата на тогашна Македонија, вклучувајќи ги и оние 51 отсто што сега се во рамките на грчката држава, изброил околу 1,2 милион Бугари (повеќе од половина во рамки на денешна Грција) и околу 250.000 Грци. Дилемата е како денес, Бугарија бара Бугари во Република Македонија, а не ги бара и таму каде што, според нив, пред сто години биле убедливо мнозинство? Ајде тоа што во Република Македонија Бугарите се одродиле, па станале Македонци. Ама Грција никогаш не била земја со комунистичко владение, па тамошното негрчко население што било неколку пати побројно од грчкото (вклучувајќи го и тоа што на секој чекор можете да го сретнете во Лерин и останатите градови) сигурно си ги зачувало корените и не се одродило. Во меѓувреме, по Балканските војни, имало и погроми и договорени преселби, но белки останал макар еден единствен Бугарин во Егејска Македонија? Не е можно сите тие да биле сотрени или протерани. Згора на тоа, според бугарската теорија, сите оние што живеат таму, а кои се сметаат за Македонци (ене ги живи и здрави, може да ги допре и да испие со нив кафе секој наш источен сосед) се всушност Бугари. Тоа би значело дека во Грција нема 99 отсто Грци и еден отсто муслимани како што вели нивната официјална статистика, туку најмалку и еден Бугарин. Ако кон тој еден се додадат и тие што се изјаснуваат како Македонци, тогаш бројот драстично им се зголемува. Можат ли Плевнелиев, Борисов и другите да кажат во која графа од грчката статистика тој е заведен, попишан, евидентиран. Или вистината е дека според официјална Грција, такви лица нема, што е спротивно на реалноста и што значи дека кај нашиот јужен сосед, сеедно кој е на власт, владее режим што не го почитува еден од основните критериуми на демократијата со која се фали западниот свет.

Така, имаме ситуација во која се вели дека Република Македонија со Република Бугарија и Република Грција нема добрососедски односи, иако во нашата држава никој пет пари не дава за тоа дали некој ќе се изјасни како Бугарин, Грк или Еским. Со други зборови, овде секој може национално да се определи како сака. Од друга страна, Бугарија и Грција, наводно се пример за добрососедство, иако во земјата на Елините никому не смее да му падне на памет да се изјасни како Македонец (кој според Софија е вештачка творба) или како Бугарин сеедно, а во земјата на нашите „браќа“ како Македонец.
Но кога се ќе се одземе и собере, проблемот не е ниту во Атина, ниту во Софија. Тие се такви какви што се. Проблемот одново, којзнае по кој пат, не може а да не се лоцира во Брисел, кога станува збор за ЕУ, и во Вашингтон, кога станува збор за НАТО, каде што овие две земји се членки. А и двете организации наводно се извозник на демократијата низ светот. Која демократија, ако тие дома, имаат зацементирана забрана за слободно национално изјаснување?

Оттука, веќе не е доволен ни зборот лицемерство за да се опишат некаквите европски забелешки за тоа колку Македонија е демократска земја, уште повеќе да се земаат предвид недоветни извештаи како неодамнешниот на Фридом хаус според кој двата наши соседи подобро стојат од нас на ранг листата на човекови и политички слободи и права. И дури сега може во целосна светлина да се види нашето политичко шарлатанство кога во 1995 година со Привремената спогодба самите си забранивме овие прашања да ги поставуваме на маса во разговорите и со соседите и со Брисел и Вашингтон.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22790
Без Ботев няма България
28-01-2013, 12:39 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 28-01-2013, 12:39 PM