Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Пцост и молитва

Само да си знаете, Европската Унија даде амин да се избришат Македонците како народ од Пиринска Македонија. Тоа ви е област во „добрососедска“ Бугарија. Реакции? Хммм, државава некако килаво, тие сега работат на европска директива наречена „љуби го соседот свој!“



Сигурен сум дека чувте што кажа Ципрас пред некој ден во Вашингтон. За оние што не чуле, муабетот му беше грчка класика. Македонци не постојат, бла бла бла, ерга омнес со географска одредница, бла, бла, бла, национализмот на скопјаните. Тоа и не е толку важно. Всушност, ако налетате на Ципрас или на луѓе од неговата партија некаде среде Јунонистан, ќе сфатите дека тие имаат најмеки ставови во однос на нивниот проблем со нас. Е, ама кога Ципрас ќе мрдне надвор од својата земја наеднаш станува Самарас. Човекот чија партија негува сериозно непријателство кон Неа демократиа и Пасок, во туѓина ни за запирка не мрда од грчката надворешна политика, популарно наречена црвени линии. По дома е Ципрас, надвор е Самарас.

И кај нас ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ веќе се на нож. Не дај боже, како тргнале, еден ден и ќе се исколат, скраја да е. Е ама, исто како и Ципрас, нашиот славен социјалос демократикос Шемас, кога ќе излезе надвор станува... Самарас. По неговиот „блам блам стајл“ говор пред Советот на Европа, кој во наводници би звучел „дојдете и бомбардирајте ја Македонија сосе нејзиниот недемократски народ што не гласа за нас“, говор појачан со звуци на цмиздрење и лелекање, мене ми е совршено јасно дека врвот на СДСМ игра сиртаки. Велам врвот, оти сум сигурен дека на деведесет отсто од нивното членство ни на крај памет не би им дошло да плукаат по земјава во странство, и тоа по ритамот на бузуки. Наместо, кога веќе го шета газот низ Европа на парламентарен трошок, кој го бојкотира (парламентот, не трошокот), наместо да почне да ги моли европолитичарите да им помогнат околу пишување политичка програма, оти сами очигледно не знаат, овој ги јакне грчките позиции во грчко-македонскиот конфликт. Срамота Шемас, брукос невиденос!

Слушам дека во нашиот парламент без опозиција се носат сериозни закони. Заштита на премиерот и пратениците по истекот на нивниот мандат, бајаги пари годишно за четирите најголеми партии да си отворат институти за истражување, може ќе смислат и закон за привилегии до седмо колено, па си мислам во себе, бреее мајката, види ги нашиве пратеници што ги донесовме на власт како мислат на народот, носат прекрасни закони од кои ќе имаат фајде самите тие кога ќе станат народ, бидејќи сега се нели, елита со имунитет. Си ја чешам главата пред огледало, а одразот ми вика, глуп, трк во некоја партија, зимај книшка и избори се да стигнеш до прв ешалон пред следни парламентарни избори, паметен си до толку, мајку му стара. Што убаво ќе ти биде во собраниска фотелја. Ќе си имаш илјада евра плата, а не мораш ништо да зборуваш, твое демократско право заштитено со имунитет ќе биде уста да не отвориш ако така ти се сака. Башка, никој не те тера да одиш на сите седници.

Кога ќе дојдеш со пукнат филм, затоа што ти наредиле да одиш на работа за да гласаш, слободно можеш да му се истресеш на инвентарот. Ако не си се свиѓаш тој ден како изгледаш, оти си претерал вчера, па утрово си мамурен, сосем демократски можеш да ги исклучиш камерите што те снимаат. Па уште ако си на власт, а те нервира некој опозиционер, одма му сскаш некого од обезбедувањето. И по четири години теревенка си имаш заштита и привилегии. А ти глуп, продолжува одразот во огледалото, се убедуваш себеси дека уметникот треба да живее духовен, а не материјален живот, да нема приватна сопственост и здравствено осигурување, да одбива студентски стипендии и социјална заштита од државата. Еее глуп, да не се знаело да се искористат сопствените капацитети во привилегијата наречена парламентарна демократија.

Море да ти е..м демократијата белосветска, така си пцуев во четвртокот вечер сам по дома. Ништо посебно се немаше случено, само така си седев, кога наеднаш ме навјасаа сите политички слики и изјави од последниве два месеца сосе доаѓањето на Филе со падобран ли, со булдожер ли, па којзнае по кој пат низ глава ми пројде фактот дека газиме низ стогодишнината од парчосувањето на Македонија, а онаа црна масонерија и тоа како почитува големи јубилеи, тие се убедени дека таквите јубилеи се одлични за ритуални жртвувања и наеднаш пред очи како астрална проекција ми се појавија сите вампири со исукани заби спремни да се заријат во нашето постоење и пцостите тргнаа низ мене, па почнав да редам како баба на погреб, да ти е..м демократијата фолирантска, да ти е..м и унии и алијанси, да ти е..м и цивилизација и време и простор, кога во дваесет и први век морам да се борам за човековото право сам да си избирам име и идентитет. А потоа, гневот полека спласнуваше и преоѓаше во молитва. Иако молитвите се интимни, оваа ќе ја споделам со вас. Господе, дај им сила на нашите бранители разделени по бедеми и достоинства, расфрлани по авганистани и разни туѓи рани, дај им сила и отвори им очи за да видат дека на Македонија ѝ се потребни единствени, оти како јас со ќоравиве очи и сакатово тело ќе ја бранам земјичкава ако утре вампирите на белосветската „демократија“ решат да го затворат македонското прашање, ама со нивни клуч?

Инаку, само да си знаете, Европската Унија даде амин да се избришат Македонците како народ од Пиринска Македонија. Тоа ви е област во „добрососедска“ Бугарија. Реакции? Хммм, државава некако килаво, тие сега работат на европска директива наречена „љуби го соседот свој!“. Соученику мој, министре Никола Поповски, вер ар ју? Некаков глас од самоетикетираните гооолеми борци за човекови права? Реакција од онаа, демек слободоумна медиумска булумента? Ма какви! Првите дремат по раскрсници борејќи се само за човековите права на црвената буржоазија, сѐ друго за нив е шутрачко. Вториве по директива, како хор жаби во медиумската баруштина, закрекаа против професорката Ванковска, нека ми прости што во иста реченица ја ставив со нив. А Македонците етапно исчезнуваат во границите на „демократската“ унија. И ние очекуваме кон нас да бидат цивилизирани. Вистината е дека можат да земаат часови по демократија и цивилизација од македонскиот народ.

Авторот е уметник



Автор: Александар Русјаков

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.a...anie=22789
Без Ботев няма България
26-01-2013, 08:33 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 26-01-2013, 08:33 AM