Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ЕДИТОРИЈАЛ

Четврто полувреме

Христо Ивановски

Велат, моментот е мошне деликатен зашто тимови од Бугарија и од Македонија го готват новиот договор, или како ли ќе се вика, за пријателство и соработка. Нешто што на Скопје и на Софија навистина им треба и нешто со што ќе се потврди вистинското пријателство на двата народа. Ама, за вистинско пријателство нема „деликатни моменти“, ниту, пак, пикање под тепих на некои отворени прашања. Да не зборуваме за старите рани, оти има многу емоции меѓу соседите кога станува збор за Балканот.

Секако дека треба да се потпише некое хартивче, кое на политичарите секогаш им треба за да тргнат политичките односи во една нормална насока. А и на „братските народи“ да им се симне каменот од плеќите, па и од душата.

Да се вратиме на она „ама“ кое се испречило на патот на добрососедството меѓу Софија и Скопје. За да бидат односите навистина искрени, државите, односно нивните политичари, треба да се издигнат над нивото на дневната политика. Ако треба и ќе се поклонат, ќе се извинат за нешто што некој пред нив сторил. Врз Македонија од највисоко место во Бугарија се фрлаше со дрвја и со камења за филмот „Трето полувреме“ при што земјата се предупреди дека не внимава на добрососедството, па дури и дека го негира холокаустот, ја фалсификува историјата на штета на Бугарија.... Прашањето со погромот на македонските Евреи за време на Втората светска војна веќе не е контроверзија. Но, современите бугарски политичари испратија пораки дека немаат расчистено со еден период од историјата. А, расчисти ли Софија и со периодот на окупација на Македонија? Или, можеби, немаше окупација?! Ете за тие прашање вреди некој да се вивне над секојдневието и да погледне кон иднината. Истово важи и за нашите политичари дома.

Второто „ама“ ни стаса од Стразбур, од нашиот заеднички дом на човековите права. Во последниот извештај на италијанскиот парламентарец, инаку известител за постмониторинг-дијалогот со Бугарија (период во кој земјата поминува низ посматрање на некои области каде што земјата нема особен напредок, како што кај источниот сосед се малцинствата и судството, на пример) предложи „посебна грижа за македонското малцинство и за Помаците“, но на чудесен начин Македонците, ете, беа избришани од таа резолуција. Пратеникот Лачезар Тошев, кој еднаш додека бил екологист (според кажувањето на професор Михаил Токарев) рекол оти е Велешанец, аргументираше дека е така подобро (значи ако Македонците ги нема) оти не е добро сега да се отвора Пандорината кутија. Па, како мисли официјална Софија да градиме добрососедство ако македонското национално малцинство во Бугарија го пикаме под тепих? Или уште полошо - да го брише, а ние како соседи да се правиме дека тоа не го гледаме. Во ред, ќе ги прифатиме зборовите на Лачезар, и ќе се согласиме дека сега не е време да ја отвораме Пандорината кутија со малцинствата, но тоа треба да биде нотирано во тој договор што сега се подготвува и притоа ќе се обврзат и двете страни, а особено бугарската - дека ќе работиме заеднички на создавање услови за и таа кутија наскоро да ја отвориме. Оти сме си соседи, можеби и вечни соседи. И тоа рамноправни соседи, а не дека некој во овој дијалог е поголем, посилен и пострашен батко.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1EE551A377...BB038F2997
Без Ботев няма България
25-01-2013, 05:50 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 25-01-2013, 05:50 AM