Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Терор в Гърция и България - сЛободни в Сърбия

ТЕШKО Е ДА СЕ ПРАВИ МАKЕДОНСKИ ВЕСНИK ВО СОСЕДСТВОТО

Грција ја затемнува „Нова зора“




Грци од Лерин барале од зграда каде што се достапни сите локални весници да се тргне весникот на Македонците „Нова зора“ оти им бодел очи весник за кој велеле дека е „полн со лажни пропагандистички информации од Скопје“

Нашинците во Бугарија се жалат дека полицијата до ден денес не откри кој лани го заплени нивниот весник „Народна волја“

Неколкумина Грци седнати во кафуле во едно од околните места во Солун го стрелаат со поглед македонскиот активист, кој влегува носејќи неколку примероци од весникот на Македонците во Грција, „Нова зора“. Му дофрлаат: „Што се замислуваш, скопјанецу, излези и да не си се вратил повеќе“.

Ваквото искуство ни го раскажаа од партијата на Македонците, Виножито, за да ни ја доловат сликата колку е тешко да се дели нивното гласило во селата и градовите каде што живее македонско население.

- Некогаш ги пресретнуваат нашите дистрибутери на патот и им ги земаат весниците. Ги навредуваат, па и физички ги напаѓаат - велат од Виножито.

Во Лерин има јавна зграда, каде што сите локални весници се достапни и не смеат да се тргнат од таа локација, така што секој кој сака може да си земе од весникот што му треба. Бидејќи не смеат да ги тргнат, се случува нешто друго: локалните грчки медиуми преку натписи ги повикуваат жителите на местото да бараат од општината и од локалните власти да не стои весник со „лажни пропагандистички информации од Скопје“, раскажуваат од Виножито. На тој начин локалното население барало да се отстрани весникот, кој, за среќа, с` уште успева да остане на штандовите на зградата во Аминдео. Затоа, како што велат од партијата на Македонците, подостапни се интернет-изданијата на весникот.

- Дејствуваме политички нормално во ненормални услови. Грчките органи имаат увид во дистрибутивната мрежа на земјата и затоа ги шириме информациите вака, самостојно се ангажираме да стигнат каде што треба - од Kостур до Градско и од Kукуш до Бер - велат од „Виножито“.

Весникот, како што ни кажаа, се финансира од средства собрани од Македонците во Грција.

Не признаа дека ја запленија „Народна волја“

И покрај силните притисоци од бугарската власт врз македонското малцинство, ситуацијата кај источниот сосед е малку подобра отколку во Грција.

Веќе 20 години таму редовно излегува месечникот „Народна волја“. Содржината ја подготвуваат тројца соработници, а издавач и покровител е македонската заедница во Сиднеј. Дел од финансиите се обезбедува од продажба на весникот по симболична цена од 40 стотинки или 12 денари. Весникот главно се дистрибуира преку македонските организации во градовите каде што живеат Македонците. Според главниот уредник, Јан Пирински, во последно време весникот работи послободно, без закани и други пречки, но до лани ситуацијата била понапната. Еден од уредниците, претседателот на ОМО „Илинден“-ПИРИН, Стојко Стојков, потсетува дека лани весникот бил запленет од бугарските служби. Тоа се случило во периодот пред пописот и надлежните никогаш не признале дека го заплениле.

- Имаше закани и многу други проблеми, кои полицијата никогаш не ги откри - вели Стојков. Освен „Народна волја“, во Бугарија излегува и билтенот „Македонски глас“ на пиринско-македонскиот информативен центар, но нема вработени и не се печати редовно.

Во Албанија не се жалат од опструкции од тамошните власти, но немаат ни поддршка. Велат дека главен проблем е нетрпеливоста меѓу Македонците. Главниот уредник на весникот „Преспа“, Ефтим Митревски, тврди дека градоначалникот на Пустец, Едмонд Темелко, сака да го уништи весникот и тој да основа друг на македонски јазик. Поради кавгите, македонските власти ја укинале скромната финансиска поддршка за „Преспа“.

- Нема да дозволиме да се уништи весник што постои 19 години. Весникот ја обелодени вистината за македонците во Преспа, што нему не му одговараше, па ширеше невистини и го оцрнуваше весникот - тврди Митревски.

Инаку во Албанија се издава уште едно македонско гласило - „Илинден“.

Во дијаспората ечат македонски песни

За разлика од земјите во соседството, во дијаспората ситуацијата е сосема поинаква. Во САД активно работат четири радија, две во Детроит и по едно во Њујорк и во Чикаго. Се финансираат главно од црковните општини и од македонското МНР.

- Најголемо влијание има весникот на Обединета македонска дијаспора - „Глас на ОМД“. Излегува периодично во 30-ина страници, на неколку месеци во тираж од околу 1.000 примероци, вели претседателот на ОМД, Методија Kолоски. Според него, весникот се дистрибуира преку пошта и преку македонските заедници во секој град или држава одделно.

Во Австралија најслушано е радиото „Трипл зед“. Тоа и „Ес-би-ес“ се најпопуларните таму. „Трипл зед“ е државно радио финансирано од Австралија. Но според уредникот, Ицо Најдовски, тоа не значи дека програмата трпи влијание.

- Полесно ми е да ја договорам за интервју австралиската министерка за надворешни работи отколку гостин-соговорник од Македонија - вели Најдовски.

Радиото емитува и вести во живо од Македонија. Државата со македонската заедница финансира и уште осум радиопрограми во Сиднеј. Во Мелбурн излегуваат и два дневни весника - „Австралиско-македонски неделник“ и „Тудеј“. Чинат по 2,20 долари. Преку дистрибутерите од нашата заедница навреме стигнуваат кај секој Македонец и во најоддалечениот дел на Австралија.

Слободни во Србија

Споредено со другите соседи во регионот, македонските медиуми во Србија се најслободни. Нашата заедница таму во 2006-та основаше и своја новинско-издавачка куќа, чиј основен медиум е политичко-информативната ревија „Македонска виделина“. Месечникот на 32 страници обработува теми главно врзани за заедницата, но и актуелните политички случувања во Македонија и во Србија. Весникот добива највисоки оценки од српската јавност како најуспешен и највлијателен весник од малцинствата.

- Истата издавачка куќа има и списание за деца и млади „Sуница“. Се дистрибуираат преку мрежата од 30 организации низ Србија. Досега имавме само емисија, а од неодамна на РТ Војводина имаме македонска редакција. Имаме емисии на регионалната ТВ Панчево, на РТ Врање - вели Борче Величковски од Националниот совет на Македонците во Србија. Според него, во однос на законските рамки во медиумскиот простор, Србија е во предност во споредба со другите земји во регионот.

Искра Kоровешовска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=A21BED8EF5...F1256795DB
Без Ботев няма България
25-01-2013, 05:45 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 25-01-2013, 05:45 AM