Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ОМО Илинден Пирин за срамното бришење на Македонците од резолуцијата: Европа ја охрабрува Бугарија!

Одлуката на парламентарното собрание на Советот на Европа да ги избрише Македонците од резолуцијата ќе ја охрабри Бугарија да продолжи со негаторската политика, изјави Стојко Стојков, копретседател на ОМО Илинден Пирин, кој во изјава за МКД.мк вели дека со големо разочарување ја примиле оваа неочекувана вест.



ОМО Илинден Пирин подготвува реакција, која ќе ја испратат не само до Советот на Европа, туку и до сите релевантни меѓународни институции за заштита на човековите права.

Навредливо и манипулативно според Стојков е изнесеното тврдење на вчерашното заседание на Парламентарното собрание на Советот на Европа од страна на бугарскиот европратеник Лачезар Тошев, кој го бранеше предлогот за бришење на македонското малцинство од резолуцијата. Според Тошев, бришењето на македонското малцинство е „подобра формула“ затоа што на тој начин ќе им се даде можност за поголема заштита од страна на Советот на Европа, која малцинствата би ја барале преку своите здруженија.

„Бесрамно е да се тврди тоа кога сите институции во Бугарија, Владата, Уставниот суд, велат дека не постои македонско малцинство, ниту пак ни е дозволено да се регистрираме за да може преку партија или здружение да ги бараме нашите права. Бугарија го негира постоењето на македонското малцинство и вчерашната одлука во Советот на Европа уште повеќе ќе ја охрабри да продолжи со таквата политика“, вели Стојков, потсетувајќи на сите пресуди во корист на Македонците во Бугарија, кои ги игнорира бугарската власт и до ден денешен македонското малцинство не може да се организира ниту во политичка партија ниту во невладини организации.

Дека бугарскиот пратеник Тошев кажува лаги пред Советот на Европа уште вчера реагирал летонскиот парламентарец Борис Цилевич. Но напразно, на вистината за постоењето на Македонците во Бугарија, за непризнавањето на македонското малцинство останаа глуви 88 европратеници, кои ја изгласаа срамната резолуција. Против резолуцијата гласаа 29 пратеници, а 8 беа воздржани. Цилевич недвосмислено рекол дека бугарското законодавство не ги посочува со точност малцинствата што се признаени и тие што не се признаени.

„Ние добро знаеме како е во практиката: тие не се претставени во Советот на малцинствата. Од друга страна, повеќе пресуди на Судот за човекови права беа донесени поради одбивањето за официјално признавање на организациите што ги претставуваат овие малцинства“, потсети Цилевич.

Македонските парламентарци Александар Николоски и Ермира Мехмети Деваја како што е познато гласаа против амандманот на Тошев и против целиот текст на резолуцијата. Николоски посочи дека и покрај сите одлуки на Европскиот суд за човекови права, Македонците во Бугарија не можат да се организираат во политичка партија или во невладини организации. Тој, како што јави Дојче веле, побарал да се признае постоењето на македонското малцинство во Бугарија и да ги ужива сите негови права, посакувајќи бугарските власти да ги поканат претставниците на македонското непризнаено малцинство и на Помаците што исто така беа избришани од резолуцијата во Советот на малцинствата.

http://www.mkd.mk/92630/makedonija/omo-i...kedoncite/
Без Ботев няма България
24-01-2013, 07:47 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 24-01-2013, 07:47 PM