Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарите ќе ја исправаат „неправдата“ од „Трето полувреме“

Предлогот за снимање филм по романот „Шашма“ на Младен Србиновски, познат по своите проблематични ставови за посебноста на македонската нација, доаѓа од бугарска страна. Идејата може да се разгледува само како одговор на незадоволството што во бугарските кругови го предизвика филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски. Филмот според романот на Србиновски би требало да покаже дека македонските Евреи биле спасени од „нивните бугарски собраќа“





Ставот на бугарските историчари беше дека во голем дел од филмот се фалсификувани вистинските историски факти
УШТЕ ЕДНА СОСЕДСКА ПРОВОКАЦИЈА
Претседателот на Бугарскиот културен клуб од Скопје, Лазар Младенов, вчера испрати писмо до министрите за култура на Македонија и на Бугарија, Елизабета Канческа-Милевска и Вежди Рашидов, со предлог за снимање уметничко филмско дело по романот „Шашма“ на македонскиот писател Младен Србиновски. Писмото е препратено и до премиерите на двете земји, Никола Груевски и Бојко Борисов.
Ваквиот предлог доаѓа како резултат на прашината што во бугарските кругови ја крена филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски. Ставот на бугарските историчари беше дека во голем дел од филмот се фалсификувани вистинските историски факти. Наводно Бугарите ги спасувале Евреите од депортација, а не биле нивни ликвидатори. Филмот според романот на Србиновски би требало да покаже дека македонските Евреи биле спасени од „нивните бугарски собраќа“.

Во Министерството за култура сѐ уште не било пристигнато писмото на Младенов за да можат да го коментираат предлогот.

- Во врска со потребата за зајакнување на културната соработка меѓу двете земји и уметничка репродукција на некои моменти од нашата заедничка историја, ви предлагаме да помогнете да биде снимена филмска копродукција по романот „Шашма“ на македонскиот писател Младен Србиновски... Своевидна кулминација на романот е трагедијата на македонските Евреи и спасувањето на нивните бугарски собраќа - се вели во писмото на Младенов.

Србиновски на македонската јавност ѝ е познат по своите проблематични ставови за единственоста на македонската нација. Неговиот роман „Шашма“ излезе во 2010 година и ја разработува македонската „шашма“ од 1913 година до денес. Издаден е во 2011 г. и во Бугариjа и промовиран во националната библиотека „Свети Кирил и Методи“-Софиjа. Лани благоевградскиот универзитет „Св. Неофит Рилски“ го прогласи Србиновски за свој почесен доктор. Со името на Србиновски, освен пофалбите и признанијата за неговите дела, се врзуваат и голем број контроверзии, кои се должат на неговите ставови во врска со идентитетот на Македонците.

- Романот ja следи судбината на едно скопско семејство во периодот од речиси цел век (од 1912 до 2009 година) - од драматичните настани за време на Балканските војни, Првата светска војна, мрачната диктатура на кралска Југославија, обидот за обединување со Бугарија за време на Втората светска војна (кога и самата бугарска независност е драстично ограничена), воспоставувањето на комунистичката диктатура, катастрофалниот земјотрес од 1963 година, па до новите општествени потреси и процеси од почетокот на 21 век - вели Младенов во писмото.

Тој е убеден дека снимањето на таков филм ќе помогне во приближувањето на нашите земји и за надминување на стереотипите од блиското минато, а дека соработката во еден таков филмски проект би го иницирала процесот на изградба на атмосфера на доверба и пријателство од двете страни на Осогово.
- Финансиската поддршка на проектот ќе им овозможи на сценаристи, актери, режисери и статисти од двете земји да ги обединат своите вештини и талент, а на публиката во двете држави да ужива во плодовите на толку потребната соработка - вели Младенов и предлага министерствата за култура на двете земји да ja создадат потребната координација и организација за да го помогнат остварувањето на овој филмски проект.
Најава за уште една филмска небулоза
Бугарскиот историчар Божидар Димитров неодамна најави дека снима филм за геноцидот на Бугарите во Македонија, со посебен акцент на случувањата на Скопското кале. Идејата му била да се прикаже дека по Втората светска војна, Македонија убила повеќе од 120.000 Бугари, што според неговите процени, е најголемиот геноцид во поновата историја.
За македонските историчари оваа теза е класична небулоза, која не заслужува коментар. Во најавата на Димитров за снимање некаков филм препознаваат обид да се предизвика проблем меѓу Македонија и Бугарија. Филмот според контроверзниот бугарски историчар ќе имал документаристички пристап. Не му требале многу финансии, бидејќи неговата историска архива била доволна за екранизација на ова дело.
Единствениот македонско-бугарски филм - прикажуван како бугарски

„Подгревање на вчерашниот ручек“
Филмот „Подгревање на вчерашниот ручек“ од 2002 година е првиот и единствен копродукциски македонско-бугарски филм.
Работен е по сценарио на македонскиот писател Миле Неделковски, а во режија на Бугаринот Костадин Бонев. Филмот беше прикажан само како бугарски филм во рамки на Денови на бугарскиот филм. Горјан Тозија, тогашен државен секретар во Министерството за култура, изјави дека не е фер од бугарската страна да го прикажува филмот во рамките на Денови на бугарскиот филм, и тоа во Македонија, кога нашата страна има вложено средства и ред е филмот да има регуларна македонска премиера.
Продуцентот тогаш кажа дека буџетот не дозволил во филмот целосно да бидат ангажирани македонски актери и да се снима во Македонија, иако целото дејство се случува во околината на Прилеп.
Проектот беше договорен на средба на тогашниот македонски министер за култура Димитар Димитров и неговата бугарска колешка Ема Москова.


http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22787

Без Ботев няма България
24-01-2013, 06:11 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 24-01-2013, 06:11 PM