Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПОЛИТИЧKИ ИГРИ НА ИСТОЧНИОТ СОСЕД ВО СТРАЗБУР

Македонците запишани, па избришани со бугарска рака



Иако репортерот од Италија побара подобра грижа за Македонците и за Помаците, со амандман се успеа тие да се избришат од конечната верзија на текстот на резолуцијата

Бугарија и понатаму ќе биде под мониторингот од Советот на Европа, но затоа со само еден глас повеќе доби поддршка за да го избрише македонското малцинство, заедно со Помаците, од текстот на резолуцијата поднесен од италијанскиот парламентарец Лука Волонте. Така, прашањето со статусот и со положбата на македонското малцибство во Бугарија останува испречено на патот за подобрување на односите меѓу Софија и Скопје.

- Ние го поддржуваме извештајот во интерес на добрососедските односи. Јас во говорот истакнав дека Бугарија е позитивен пример на транзиција на една бивша комунистичка земја, а сега членка на ЕУ. Се залагам за укинување на мониторингот. Но, бугарската држава не ги почитува правата на малцинствата, Македонците не се во Советот за национални малцинства, ниту ги почитува одлуките на Судот за човекови права - изјави за „Дневник“ пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, кој е шеф на парламентарната делегација во Парламентарното собрание на Советот на Европа.

Николоски вели дека амандманот бил усвоен со само еден глас повеќе, односно во Kомисијата за мониторинг гласањето било 16 „за“ и 15 „против“, па од текстот биле избришани Македонците и Помаците.

- Од тие причини јас и мојата колешка од ДУИ, Ермира Мехмети, гласавме против текстот на резолуцијата - вели Николоски.

Во Предлог-резолуцијата беше побарана посебна грижа за македонското малцинство и за Помаците, како две непризнати малцинства. Бришењето на македонското малцинство од резолуцијата се случи преку амандман поднесен од група парламентарци, а пред ПССЕ предлогот го бранеше бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев.

- Во 2000 година, кога Бугарија ја ратификува Рамковната конвенција за малцинствата, ние одлучивме да направиме листа со признати малцинства (на таа листа не се Македонците н.з.). Ние сметаме дека сите групи можат да ја уживаат заштитата на рамковната конвенција - рече Тошев.

Бугарскиот парламентарец смета дека отстранувањето на Македонците и на Помаците од текстот на резолуцијата е „подобра формула за да им се даде саканата заштита од Советот на Европа“ и со тоа се „избегнува отворањето на Пандорината кутија со специфично назначување на одредени малцинства и групи“.

На амандманот на Тошев се спротивстави летонскиот парламентарец Борис Цилевич.

-Зборовите на Тошев не се точни. Всушност бугарското законодавство не ги посочува со точност малцинствата што се признати и тие што не се признати. Ние добро знаеме како е во практиката - тие не се претставени во Советот на малцинствата. Од друга страна, повеќе пресуди на Судот за човекови права беа донесени поради одбивањето за официјално признавање на организациите што ги претставуваат овие малцинства - истакна Цилевич.

ПССЕ не го следеше аргументот на Цилевич и со 88 гласа за, 29 против и 8 воздржани го усвои амандманот на Тошев со кој се избриша македонското малцинство од резолуцијата.

Во усвоената резолуција, ПССЕ изрази загриженост поради порастот на националистичката идеологија и акти и од непријателскиот однос кон малцинствата, за што сведочат агресивните однесувања на приврзаниците на АТАKА кон верниците во џамија во Софија во мај 2011 и против Ромите во 14 други бугарски града во октомври 2011. ПССЕ побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби што ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, особено за спроведувањето на индивидуалните права, како и потпишување и ратификација на Европската повелба за регионални и малцински јазици.

Шампиони во бугарски државјанства

Бугарската влада соопшти дека бугарско државјанство лани добиле 8.185 македонски граѓани. Освен од Македонија, најголем интерес за бугарски државјанство покажале граѓаните на Молдавија и на Украина, објави бугарската агенција „Фокус“.

Потпретседателката на Бугарија Маргарита Попова, потврдила дека 881 државјанство им било дадено на Бугари што живеат во Русија, а 604 на Бугари што живеат во Србија.

Плевнелиев: Не сме втора Грција

Ако Македонија не ги почитува добрососедските односи, Бугарија може да стави вето и да го спречи почетокот на преговорите со ЕУ, изјави бугарскиот претседател Росен Плевнелиев. Иако наскоро се очекува Скопје и Софија да потпишат договор за добрососедство, шефот на бугарската држава продолжува со тврдата реторика, нагласувајќи дека одговорната позиција на Бугарија е да не молчи, туку во текот на преговорите да стави вето.

- Ние сакаме да го решиме проблемот. Јасно го дефиниравме проблемот: оние кои во моментов се на власт во Скопје, за жал, не ја почитуваат Декларацијата за добрососедски односи што ја потпишавме во 1999 година. Ние имаме објективен критериум-декларација што не се исполнува. Не бараме ништо повеќе. Затоа ние велиме: Ајде да ја претвориме декларацијата во договор каков што Бугарија има потпишано со Грција, Турција, Романија, рече Плевнелиев, кој додаде дека Брисел треба да биде набљудувач колку двете земји ќе се придржуваат до договорот.

Тој сепак тврди дека Бугарија не е „втора Грција“, како што објавиле македонските медиуми. (Х.И.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2C8490AFDF...35E187D386
Без Ботев няма България
24-01-2013, 05:26 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 24-01-2013, 05:26 AM