Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Как ви Соня е направила толко силен напор да спушти топката и риториката е че направо се плаша , че се е насрала

23.01.2013, 18:54
Поглед

За Плевнелиев Бугарија не е втора Грција

Слободанка Јовановска

Бугарија не започна војна против Македонија, изјави бугарскиот претседател


На Софија очајнички и' недостига говорот на омраза од Македонија за да може да ја оправда својата вознемиреност од нашето недобрососедство и крадењето на историјата. Наспроти обидите кај нас да се спушти топката, т.е. да се смени реториката, од Бугарија само вчера стигнаа куп изјави, најави и навреди, со редовното броење колку Македонци поднеле барање за бугарски пасоши (8.125 минатата година).

Притоа, Софија молчи за петочните македонско-бугарски преговори, како и за многубројните понуди од претседателот Ѓорге Иванов до бугарскиот колега Росен Плевнелиев да ја посети Македонија, а за да ја оправда игнорантноста, тој вчера набројуваше меѓусебни средби на маргините на некакви меѓународни настани како знак за напорите што ги прави за подобра соработка.

Вчера Плевнелиев се обиде да ја негира и грчката инспирација за ветото во Европската унија, тврдејќи дека Бугарија не е втора Грција во однос на политиката што ја застапува кон евроинтеграцијата на Македонија.

„Бугарија не е втора Грција. Бугарија не започна војна против Македонија. Да не споменувам колку е апсурден аргументот дека ние работиме во прилог на некои наши домашни прашања околу претстојните избори“, изјавил Плевнелиев за бугарските медиуми.

Изјавата тој ја дал по средбата со поранешните претседатели Жељу Желев, Петар Стојанов и Георги Прванов, кои изминатите недели сериозно ја проблематизираа неговата политика и политиката на премиерот Бојко Борисов во однос на евроинтеграцијата на Македонија. Откако ја вклучија Бугарската академија на науките да даде историско толкување на спорот, најавија расправа за Македонија во парламентот, стратегија за односите со нашата држава што треба да ја изработи тамошното МНР, Софија сега, по се' изгледа, се обидува да ги замолчи оние кои не се воодушевени од бугарското служење на интересите на Атина и кои со своите изјави ја слабеат позицијата која треба да биде консензуална за да биде сфатена како сериозна во ЕУ.

На ваквото добрососедство Македонија реплицираше завчера со гласање за задржување на постмониторингот во Советот на Европа поради непочитувањето на правата на нашето малцинство, а одговорот стигна од Бугарскиот културен клуб, кој со писма до премиерите и министерите за култура на двете земји побара заедничко финансирање на филм според романот „Шашма“ на Младен Србиновски, во кој ќе се опише и трагедијата на македонските Евреи и други приказни кои ќе ја покажат, според БКК, борбата за зачувување на бугарската самосвест и така да се гради довербата и пријателството меѓу двете земји.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=173A43672...24DC12F6D3
Без Ботев няма България
24-01-2013, 05:21 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 24-01-2013, 05:21 AM