Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

СОФИЈА ПРИТИСКА ЗА ПОТПИШУВАЊЕ НА МЕЃУДРЖАВЕН ДОГОВОР ЗА ДОБРОСОСЕДСТВО


Бугарија ги враќа духовите од минатото



Членот 11 од Декларацијата е на штета на македонските национални интереси. Со него, Македонија се откажува од правото да ги штити правата и статусот на етничките Македонци кои живеат на бугарска територија


Бугарските власти притискаат за потпишување на меѓудржавен договор за добрососедство кој ќе биде заснован врз Декларацијата од 1999 година. Од македонска страна се прашуваат зошто е потребен ваков договор помеѓу две земји пријателски земји. Бугарскиот претседател Росен Плевнелиев вчера изјави дека "манипулацијата со историјата и политиката на Скопје е опасна, бидејќи тие создаваат илузија на големо минато, но не и добра иднина". Тој додаде дека Бугарија секогаш ја поддржувала Македонија.
- Еден од приоритетите на канцеларијата на бугарскиот претседател за 2013 година е потпишувањето на договор за добрососедски односи помеѓу Бугарија и Македонија. Овој договор ќе се изработи врз основа на Декларацијата за добрососедски односи потпишана помеѓу двете земји во 1999 година. За жал, во моментов нашата соседна земја не ја разгледува оваа декларација, вели Плевнелиев.

Иницијативата за прераснување во меѓудржавен договор на Декларацијата од 1999 прв ја даде бугарскиот премиер Бојко Борисов пред последниот самит на ЕУ, а потоа и шефот на дипломатијата Никола Младенов и претседателот Росен Плевнелиев. Голем број македонски експерти не гледаат ништо проблематично во текстот од Декларацијата - таа во најголем дел е позитивна, бидејќи од неа произлегуваат подеднакво и обврски и права за двете земји.

Македонија и Бугарија се обврзуваат дека нема да преземаат, да поттикнуваат и да поддржуваат дејства што имаат непријателски карактер кон другата страна и дека нема да дозволат нивните територии да бидат искористувани од организирани групи кои имаат цел сепаратизам и нарушување на мирот и на сигурноста во државите. Двете земји се обврзуваат натаму да преземаат ефикасни мерки против недобронамерната кампања и говорот на омраза и како најважно, меѓусебно си ги признаваат јазиците, односно бугарски, според нивниот устав и македонски, според Уставот на Република Македонија. Сепак дел од членот 11 е на штета на македонските национални интереси. Во овој дел од текстот се вели:
Република Македонија изјавува дека ништо од нејзиниот Устав не може и не треба да се толкува дека претставува или некогаш ќе претставува основа за мешање на Република Македонија во внатрешните работи на Република Бугарија со цел да го заштити статусот и правата на лица кои не се државјани на Република Македонија".

Според овој член, Македонија презема низа обврски, беа истите тие обврски подеднакво да се преземат и од другата страна, бидејќи Софија не се лишува од правото за заштита на статусот и правата на лицата кои што живеат во Македонија, а не се државјани на Бугарија, додека Македонија се откажува од правото да ги штити правата и статусот на етничките Македонци кои што живеат на бугарска територија.

Според некои аналитичари, спорно е и заедничкото славење на празниците, како и спречувањето на говорот на омраза, зашто е нејасно како би можело да се контролираат медиумите.

Декларацијата за добрососедство во 1999 година ја потпишаа тогашните премиери на двете земји, Љубчо Георгиевски и Иван Костов. Уште тогаш се појави идејата врз основа на овој текст да се потпише меѓудржавен договор.

Во изминатиот период, бугарскиот државен врв, на сите нивоа, постојано испраќаше иницијативи Декларацијата да прерасне во договор за добрососедство.

http://vecer.com.mk/?ItemID=8439E7951B3D...F9D47E74A4
Без Ботев няма България
22-01-2013, 05:31 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 22-01-2013, 05:31 AM