Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9


21 јан 2013, 15:43
Македонија и Бугарија пишуваат нов договор за добрососедство: доаѓаат ли позитивни сигнали од исток?


Политиката на блокади и обиди од страна на Бугарија да глуми нова Грција во односите со Македонија најверојатно нема да се повтори. Доаѓаат позитивни сигнали од исток, особено како што велат во МНР, по средбата одржана во петокот во Ќустендил меѓу македонските и бугарските претставници на двете министерства за надворешни работи на која беше разгледан нацрт-текстот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји. Контурите на договорот за пријателство меѓу Македонија и Бугарија веќе се наѕираат.

Дипломатски извори велат дека претставниците од двете земји работат во многу пријателска и позитивна атмосфера, а се очекува во текот на оваа недела да имаат уште една средба во Скопје. Додека не се усогласат сите точки од договорот, нема да има детали за јавноста, но извесно е дека не се очекуваат спорни моменти кои би биле пречка да се потпише. Се очекува да стивне и грчката реторика од Бугарија, особено по последниот јавен настап на бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој откако бугарската влада не блокира во ЕУ вели дека двете земји и двата братски народи треба да се фокусираат на економската соработка и на инфраструктурното поврзување, а не на историјата и минатото.

Со или без договор на хартија едно е јасно – Македонија секогаш застапувала политика на добри односи со сите соседи. Нема никаква причина да не биде така и во иднина. И нема причина да не биде така и со Бугарија.

Во една пригода македонскиот министер за надворешни работи Никола Попоски изјави:

„На Балканот нема земји што не делат заедничка историја. Погрешно е да се враќаме назад. Да не дозволиме минатото да ни определи како да се однесуваме во иднината“.

И токму во контекст на оваа изјава на шефот на македонската дипломатија треба да се анализираат чекорите што ќе ги преземе Македонија во градењето на Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија.

Сепак, додека се пишува новиот документ за македонско-бугарското пријателство ќе останат енигма постапките на нашиот сосед затоа што Македонија со ништо не испровоцира таков поход од исток. Ќе остане фактот дека Бугарија бара нови рамки за добрите односи, иако Бугарите сакаат да го оправдаат новиот договор пред сè како барање на ЕУ посебно по декемврискиот Европски совет кога членките на ЕУ добрососедските односи ги потенцираа како предуслов за новите членки во Унијата. Наспроти ваквите оправдувања, фактите велат друго – Македонија со Бугарија има потпишано куп билатерални договори, кои само треба да послужат да се унапреди и да се интензивира соработката со конкретни проекти.

Премиерот Никола Груевски смета дека дека кризата која ја создаде Бугарија е вештачка и нереална:

„Од наша страна не постои националистичката реторика за која тие зборуваат. Јас изминативе години многу ретко и зборувам за Бугарија, а ниту моите соработници никогаш не употребиле националистичка реторика кон таа земја. Веќе ги повикав да се изјаснат за каква реторика станува збор, кога јас сум зборувал на тој начин за нашиот сосед. Филмот „Трето полувреме“ Владата го поддржа како што ги поддржува сите филмови што овде се снимаат бидејќи се малку на број. Филмот е тема за љубовна приказна во време кога со оваа територија администрира Бугарија. Во таков контекст, не била намерата нешто да се нападне. Згора на сè, колку што знам, филмот режисерот го базира на вистинска приказна“, изјави Никола Груевски во емисијата на Миленко Неделковски на Канал 5 во петокот.

Премиерот го спомена и случајот со Спаска. Токму за овој случај, кој пред неколку години ја брануваше бугарската јавност, Груевски раскажа дека Борисов телефонски интервенирал и откако тој го истражил случајот, му предочил дека законот е ист за сите, а дека во земјава секој може да се изрази слободно за својата националност.

Некои од бугарските политичари, додаде премиерот, можеби се обидуваат на националистичка основа да добијат политички поени.

„Ние ќе продолжиме да градиме добри односи со Бугарија, нашиот сосед со кој нè поврзуваат многу работи“, изјави Груевски.

http://www.mkd.mk/91879/makedonija/maked...v-dogovor/
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:10 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-01-2013, 06:10 PM