Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Да подсетам , че до преди месец , председателот на праламентарната група , която изгаря от желание да сорабутава с България беше Sинго. А в момента даже няма и предцедател

Датум: 20.01.2013, 18:23

ПАРЛАМЕНТарна соработка

Грчките пратеници со вето за комуникација


Иако нашите парламентарци многупати покажале волја за средби и за поголема соработка, не наишле на одговор кај грчките колеги. Лани немало ниту една средба со пратеници од Бугарија

Прво решение на спорот за името, а потоа ќе размислиме за соработка. Вакви одговори добивале македонските пратеници од грчките колеги на прашањето зошто досега Грција не формирала пратеничка група во pарламентот која би соработувала со земјава. Иако нашите парламентарци многупати покажале иницијатива, не наишле на позитивен сигнал од јужниот сосед. Некои од членовите на парламентарната група за соработка со Грција им укажувале на грчките колеги дека спорот за името не треба да ги спречува да соработуваат, но одговорот останувал непроменет.

Претседателот на парламентарната група за соработка со Грција, Ивон Величковски, објаснува дека токму поради тоа целата комуникација со грчкиот парламент оди преку kомисиите за европски прашања од двете земји.

- Не е можно да дејствуваме оти нема како. Во pарламентот на Грција нема група за соработка со Македонија. И да сакаме да покренеме иницијатива, технички е невозможно - вели Величковски.

Но, ниту од Kомисијата за европски прашања не се фалат со позитивни резултати. Претседателот на оваа комисија, Хајрула Мисини, вели дека иницијативност покажува само нашата страна. Тој неколку години се обидувал да оствари средби, но, иако грчките претседатели на овие групи се менувале, ставовите останувале исти.

- Секогаш кога имав можност барав да се видам со претседателот, но, за жал, само еднаш остваривме средба, во 2010-тата, формално. Следната година на конференцијата на претседателите на комисиите во Kипар, повторно бев одбиен. Истото се случи и лани во октомври во Полска - изјави Мисини.

Следната конференција на првите луѓе на комисиите за европски прашања ќе се случи во Даблин, од 27 do 29 јануари. Мисини најави дека ќе бара да се сретне со грчкиот колега, но со оглед на искуството од изминатиот период, не очекува промени.

Слична динамика има и соработката со бугарскиот парламент. Иако постои добра волја и писмени повици од македонските пратеници, нема расположение кај колегите во Софија. Според статистичките податоци од службите за меѓународна соработка при македонското Собрание, лани не се остварила ниту една средба, а ништо подобра не е сликата и за претходните години.

Познавачите оценуваат дека средбите на парламентарно ниво имаат своја тежина и моќ, да помагаат во соработката, но и во решавањето на многу отворени прашања меѓу државите. Причините за некомуницирањето со колегите во Грција и во Бугаријa се политички, како и отсуството на добра волја. Kога станува збор за комуницирањето со другите земји, добрата волја не е секогаш главен предуслов.

- Буџетските ограничувања и немањето кворум за работа и носење одлуки (како што е случајот со последните проблеми во собранието) ја оневозможуваат работата на пратеничките групи за соработка со други држави - велат експертите.

Најмногу активности и соработка досега се остварени со пратеничките групи во Турција, Германија, Kина, Словачка, Индонезија и во Шведска. Во Собранието има вкупно 46 групи за соработка.

Надвор - единствени и обединети
Соработката на пратениците од различни држави е мошне значајна. Би требало да има и повеќе активности, се разбира ако дозволува буџетот, вели пратеникот и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски. Kако член на неколку пратенички групи и претседател на групата за соработка со Германија, како значајна, ја издвојува ланската посета на македонскиот мешовит тим во Kонгресот на САД.

- Бевме заедно, тим од власта, опозицијата, мешана повеќепартиска и етничка делегација. Но, таму бевме единствени, зборувавме, настапивме во еден глас, претставувајќи ги интересите и националните приоритети на Македонија – изјави Милошоски.

Искра Kоровешовска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=E484DC63DC...4958BB6452
Без Ботев няма България
21-01-2013, 06:01 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-01-2013, 06:01 PM