Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарски академик тврди: Бугарија никогаш не ја окупирала Македонија оти населението никогаш не пружило отпор кон своите браќа!

Ова во интервју за агенцијата Фокус го тврди бугарскиот историчар и академик Георги Марков.

На прашањето дали бугарските политичари треба да се извинат за масакрот кај Ваташа, Марков одговора:

“Неодамна ги издадовме спомените на генерал Васил Бојдев кој беше командант на Петтата армија со седиште во Скопје, и тоа од летото 1941 до мај 1944 година. Царот Борис јасно му напоменува на Бојдов да биде внимателен со населението во Македонија оти било многу напатено, и никако да не дозволувал да дојде до братоубиствена војна. Кога старите војводи му велат на генералот Бојдов дека треба да им се одмаздат на српските поданици во Македонија, Бојдов одречно им рекол дека такво нешто не доаѓа во предвид и дека треба да запре пролевањето на братска крв“, вели Марков и додава дека повеќе од 70 отсто од Петтата бугарска армија во Скопје била составена од локално младо население од Македонија.

„ Не може да се зборува за окупација кога воопшто немало отпор од страна на населението во Македонија. Одделните напади што се случија врз бугарската војска се исценирани инциденти од страна на Тито и Светозар Вукмановиќ – Темпо. Нивни уфрлени групи убиваа бугарски војници за после да се прикажат дека тоа го правело бугарското население во Македонија. Но, тоа беа само несреќни и монтирани инциденти, а никако отпор на населението во Македонија кон бугарската војска. Тоа беше фалсификат направен од југословенската историографија и затоа нема зошто бугарските политичари за било што да им се извинуваат на сегашните скопски управници“, вели Марков.

Масакрот во кавадаречкото село Ваташа се случи на 16 јуни 1943 година. Тогаш бугарските окупаторски сили во земјава стрелаа 12 млади комунисти. Масакрот беше изведен во близина на Моклиште, кај месноста Чаир, на дванаесет километри од Ваташа. Колежот врз младите македонски комунисти го извршија одреди на бугарската војска и полиција. Беа стрелани Васил Хаџи Јорданов, Ферчо Поп Ѓоргиев, Диме Чекоров, Блаже Ицев, Ванчо Гурев, Пане Џунов, Данко Дафков, Илчо Димов, Герасим Матаков, Пане Мешков, Ристо Ѓондев и Перо Видев.

http://www.mkd.mk/89111/makedonija/bugar...ilo-otpor/
Без Ботев няма България
09-01-2013, 06:03 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-01-2013, 06:03 PM