Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија и Романија ќе почекаат за прием во шенген-зоната

Пристапот на Бугарија и на Романија во шенген-зоната веројатно нема да се најде на агендата на состанокот на министрите за внатрешни работи на ЕУ што ќе се одржи на 7 март во Брисел, велат дипломатски извори во Брисел



Политичката одлука за пристапување на Бугарија и на Романија кон шенген-зоната можно е да биде одложена дури и по март 2013 година, пренесуваат новините.

Министрите за внатрешни работи на ЕУ треба да го одржат својот прв редовен состанок под ирското претседателство на 7 март, кога се очекува прашањето за Бугарија и за Романија да биде на дневен ред. Но сето ова може да се промени, бидејќи ставот на Холандија и на другите земји за приемот на балканските земји во шенген-зоната останува непроменет, односно ќе го блокираат предлогот за членство. Овој пат Романија е виновна за новото одложување поради сложената политичка ситуација во земјата, нагласуваат бугарските медиуми.

Во меѓувреме, лидерот на Партијата за независност на Обединетото Кралство, Најџел Фараж, изјави оти би било неодговорно и погрешно Британија, која не е членка на шенген-зоната, да ги отвори границите за Бугарите и за Романците од наредната година. Тој за Би-би-си рече оти неговата партија тешко го прифаќа фактот дека од јануари 2014 година Британија ќе ги отвори вратите за 29 милиони доселеници од многу сиромашни земји како Бугарија и Романија, не само за работа туку и за социјално осигурување.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22774
Без Ботев няма България
09-01-2013, 04:47 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-01-2013, 04:47 PM