Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

ПО ПОЛИЦИСKИОТ ПРЕТРЕС KАЈ ПОСРЕДНИЦИ ОД СТРУМИЦА

Бизнисот со бугарски пасоши застана на стаклени нозе


Внимавајте каде вадите лекарско уверение оти полицијата прави рации, ни кажа вчера еден од посредниците, кој преку оглас гарантира добивање бугарско државјанство, а потоа и пасош за 250 евра

Откако Софија го издигна на највисоко ниво судскиот спор на Бугарката Спаска Митрова, за која оттаму тврдеа дека била репресирана, алармот на бугарските медиуми деновиве се вклучи за нов случај: полициски претрес на македонската полиција во домовите на шестмина струмичани кои се под сомнение дека издавале лажни лекарски уверенија за вадење бугарски пасоши. Бугарските медиуми, кои обвинија дека земјава води битка против оние што се чувствуваат како Бугари, се повикуваат на тврдењето на Лазар Младенов, претседател на Бугарскиот културен клуб во Македонија, кој ги добил поплаките од посредниците за вадење бугарски документи. Новинската агенција „Стандард“ пишува дека македонската полиција им се заканувала на осомничените да не се жалат во бугарската амбасада и да не ја напуштаат државата. Веста таму осамна под наслов „Апсење на нашите во Македонија“.

Од МВР ни објаснија дека претресот се случил на 2 јануари и оти полицијата реагирала по барање на истражен судија.

- Под сомнение дека еден од 6-темина издавал лажни лекарски уверенија, заедно со тим од здравствен инспекторат е направен претрес најпрво кај него дома, а потоа кај уште неколкумина. Утврдено е дека се работи за 2 кривични дела - издавање документи со невистинити содржини и фалсификување документи. По консултација со јавен обвинител, ќе бидат поднесени соодветни пријави против шестемина - вели портпаролот на МВР, Иво Kотевски.

Kај осомничените биле пронајдени повеќе од 100 подготвени бугарски пасоши, лични карти, документи за апликација и медицински документи. Лекарските уверенија имале невистинити содржини и никаде не биле евидентирани дека се издадени, ниту пак се знае колкава сума заработиле осомничените за лажните уверенија.

Случајот предизвика паника кај оние што заработуваат од вадење бугарски документи. Вчера се јавивме кај неколкумина посредници кои во огласниците гарантираат добивање бугарско државјанство, а потоа и пасош за 180-250 евра.

Еден од нив дури и н` предупреди дека полицијата прави рации и да внимаваме на кои огласи се јавуваме, преку кого аплицираме и кај кои доктори вадиме лекарски уверенија.

- Има многу што лажат. Еве сега и полицијата прави рации – опасно е, ни рече еден од огласувачите откако телефонски контактиравме претставувајќи се како клиент за добивање пасош. Ни кажа дека се чека една година.

Од бугарските здруженија во земјава не сакаа да коментираат за последниот случај.

- Додека официјално не се потврди дека навистина се случило тоа, какви било коментари во овој период би биле контрапродуктивни - рече Маринела Петреска, претседател на организацијата „Македонско-бугарско пријателство“.

Европската комисија не се меша во внатрешните работи
Издавањето пасоши е прашање од национална надлежност, па оттука Бугарија, како и секоја друга земја-членка, сама одлучува како, кому и според која процедура ќе му издаде пасош. Вака за „Дневник“ одговори портпаролката во Европската комисија, Туве Ернст, на прашањето дали Kомисијата досега реагирала до Бугарија поради олеснетата процедура за издавање документи на други државјани. Според неа, ЕK не се меша во внатрешните процедури. Инаку една од највлијателните членки, Велика Британија, уште пред неколку години предупреди дека стравува од инвазија на Македонци со бугарски пасоши.

Безработицата, можноста за студирање во Европа и потрагата по подобра егзистенција го зголемуваат бројот на наши што аплицираат или добиле бугарско државјанство. За тоа зборуваат податоците од бугарските органи, според кои последниве 5 години повеќе од половината што добиле државјанство се Македонци.

Искра Kоровешовска
#

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=0677C6085A...6560FBAB53
Без Ботев няма България
09-01-2013, 06:48 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 09-01-2013, 06:48 AM